Connect with us

Кредити

Квалитетот на изработката е важна одлука при избор на вашиот нов дом

Објавено

на

За повеќето луѓе, најголема инвестиција во животот е купување имот, стан или куќа, за себе и за своето семејство. Затоа, оваа одлука е една од најважните што се донесува. Последиците од изборот се далекусежни, па затоа чинот на купување стан треба да биде добро осмислен.

Вообичаено, кога се купува дом најмногу внимание се обрнува на локацијата (дали е блиску до училишта, градинки, здравствени центри), потоа на квадратурата и распоредот во станот, и секако на цената на недвижниот имот. Иако е многу важна, експертите велат дека сепак цената не смее да го диктира изборот, бидејќи трошоците за живеење во поевтини недвижнини честопати ги надминуваат оние во недвижнини со редовна цена. Исто така, доколку инвеститорот понуди „поволна“ цена на штета на квалитетот на градбата, може многу брзо да се појават проблеми со столарија, sидови, инсталации, тоалети и сл.

Затоа велат дека е потребно да се посвети внимание на квалитетот на градбата и да се биде добро информиран за материјалите што се користат. Особено е важно и колку објектите се енергетски ефикасни бидејќи од тоа зависат идните трошоци околу загревањето или ладењето на домот.

Често постојат дилеми дали да се избере нов или стар стан, бидејќи и во двата случаи постојат предности и недостатоци. Кај старите станови, предност е што веќе постои инфраструктура – оформена средина, со зеленило, пристапни патеки, паркинзи и слично. Но, истовремено, многу често се потребни значителни средства за реновирање, а згора на тоа, не постојат и доволно информации за квалитетот на градбата. Дополнително, постојат стари инсталации за вода, електрична енергија, канализација, кои е тешко да се проверат.

Затоа познавачите препорачуваат, доколку купувачот има можност, да купи нов стан на добра локација. И притоа добро да се информира за начинот на градба, користените материјали и завршувањето во становите.

За да помогне во обезбедувањето на потребните средства на оние кои се решиле за „најголемата животна инвестиција“, Халкбанк креираше нов производ – станбен кредит со каматна стапка од 3,2% фиксна во првите 10 години и со пакет полиса за осигурување од Халк Осигурување АД Скопје.

Притоа, за да излезе во пресрет на оние што сакаат да купат нов стан во објект кој е во изградба, Халкбанк има склучено соработка со голем број градежни компании од кои при одобрување на кредит се прифаќа хипотека со лист за предбележување како обезбедување за становите. Бидејќи листата на компании со кои банката соработува е навистина голема, секој клиент може да одбере стан што ќе ги задоволи бараните критериуми.

„Предимотните листови на нашата компанија се прифаќаат за хипотека и обезбедување на кредит по најповолни услови и забрзана процедура при одобрување во Халкбанк АД Скопје. За оние кои ќе направат избор кај нас, нудиме објекти со енергетска ефикасност, економичност, атрактивна локација и околна инфраструктура, функционалност на становите и зградата, што формираат цена кое е најдоброто нешто кое го нудиме во однос со квалитетот”, велат во една од компаниите кои се на листата на соработници на Халкбанк.

Новиот станбен кредит на Халкбанк е во моментов со најповолни услови на пазарот – со најниска каматна стапка од 3,2% фиксна за првите 10 години и 4 процентни поени + променлива стапка на 6 месечен Еурибор за останатиот период и истиот е БЕЗ трошоци за проценка и БЕЗ трошоци за одобрување. Максимален износ на кредитот е до 140.000 евра, со рок на отплата до 30 години, минимумот на учество изнесува 10% од бараниот износ, а постои можност и за грејс приод од 12 месеци.

Посебна предност кај овој кредит е што со него клиентот добива и пакет полиса за осигурување што претставува заштита за него и за целото семејство од несакани последици.

Кредити

Нов потрошувачки кредит од Халкбанк со грејс период од 6 месеци за дополнително олеснување на финансиската состојба на клиентите

Објавено

на

Потрошувачки кредит со грејс период од 6 месеци и со каматна стапка од само 5% фиксна за првите 2 години е новиот производ на
Халкбанк АД Скопје со кој банката излегува пресрет на сите оние кои имаат потреба од дополнителни средства во ова тешко време зафатено од пандемијата со ковид-19, а истовремено сакаат да почувствуваат релаксираност во отплатата придружена со 6 месеци грејс период.

Новиот потрошувачки кредит за физички лица е со каматна стапка од само 5% фиксна за првите две години, односно 5,5% променлива каматна стапка за останатиот период; со рок на отплата до 120 месеци; максимален износ до 1.500.000,00 МКД и истиот е без провизија за обработка. Единствените трошоци за кредитот се 150 денари за апликација за кредит и надомест во висина од 350 денари за добивање податоци од Кредитното биро кои се наплаќаат доколку кредитот е одобрен.

Како обезбедување кон овој кредит вклучени се осигурителните полиси од Халк Осигурување АД, полиса од незгода која изнесува 600 денари на годишно ниво или Пакет полиса за осигурување, во зависност од износот на кредитот. Висината на трошокот на пакетот полиса за осигурување е во зависност од тарифата на Халк Осигурување АД Скопје и индивидуалните параметри на кредитокорисникот. Полисата се плаќа секоја година во времетраење на кредитот, а ги содржи следните ризици:

– Неможност за враќање на кредит – смрт од која било причина, смрт од незгода, и
– Осигурување од незгода – траен инвалидитет над 30%.

Новиот потрошувачки кредит на Халкбанк е ненаменски и може да се користи за најразлични потреби, како и за рефинансирање на постоечки кредитни изложености во други банки. Сите заинтересирани можат да аплицираат за овој тип потрошувачки кредит најдоцна до 30.11.2020 година.

Продолжи со читање

Кредити

Станбен кредит од Стопанска банка а.д. Битола со фиксна каматна стапка за првите 10 години

Објавено

на

Следејќи ги потребите и барањата на своите клиенти, банката креираше понуда за нов поволен станбен кредит со фиксна каматна стапка за првите 10 години, почнувајќи од 2,9% годишно. (more…)

Продолжи со читање

Кредити

Онлајн кредити – најбрз начин до потребните финансии

Објавено

на

Се наоѓате во период кога ве затекнале непредвидени трошоци? Ви треба брзо и поволно решение? Онлајн кредитите на ФД Монимакс Финансиско можат да бидат одговор на вашите проблеми уште денес. (more…)

Продолжи со читање

Популарно