Connect with us
P2_P_MK_1600x400

Останато

КБ прв пензиски фонд веќе управува со над 600 милиони евра на идните пензионери

Објавено

на

КБ Прво пензиско друштво АД Скопје кое управува со КБ Прв отворен задолжителен пензиски фонд и КБ Прв отворен доброволен пензиски фонд, стана првото пензиско друштво во Република Северна Македонија кое управува со капитално финансиран пензиски фонд поголем од 600 милиони евра, средства што се во сопственост на членовите на Фондот.

Во текот на досегашното работење од 2005 година па наваму, во КБ Прв отворен задолжителен пензиски фонд Скопје, вклучени се 254.199 (извор www.mapas.mk ) членови и времено распределени лица, чиишто уплати заедно со остварениот принос од инвестиции придонесоа за остварување на респектабилен износ на пензиски заштеди што членовите ќе можат да ги користат во иднина.

Средствата со коj управува Друштвото се инвестираат под постојан надзор на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување – МАПАС.

Друштвото и во иднина ќе продолжи со највисок степен на грижа за средствата на членовите на Фондовите.

Останато

Асоцијацијата на финансиски друштва за првпат направи статистиката за индустријата и го истражи јавното мислење за степенот на финансиска писменост

Објавено

на

Во организација на Асоцијацијата на финансиски друштва на Северна Македонија, денеска се одржа презентација на статистичките податоци и резултатите од истражување на јавното мислење за финансиската писменост, кое беше спроведено во периодот од 11 до 19 септември 2019 година од страна на Истражувачкиот институт – Тим институт. (more…)

Продолжи со читање

Криптовалути

Руски агенти стојат зад грабежот на векот на криптовалути?

Објавено

на

Големиот крах на крипто-берзата BTC-E и подоцна позната како Wex од пирамидална измама сега добива сосема нова димензија по истражувањето кое го направи BBC Russia. Според нивната истрага постои голема можност грабежот на криптовалути во вредност од 450 милиони долари да бил извршен од страна на агенти на руската безбедносна и разузнавачка служба ФСБ. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Ангеловска: Ќе се зголеми прагот за ослободување од царина кај малите пратки

Објавено

на

Расте бројот на мали пратки што граѓаните и компаниите ги порачуваат преку интернет а со тоа растат предизвиците и за државата и за компаниите. Министерството за финансии, Царинската управа и Владата се соочуваат со години со барањето да се зголеми прагот на вредноста до која пратките се ослободени од плаќање увозни давачки. Министерката за финансии Нина Ангеловска најави дека се размислува за негово зголемување, а оптималниот праг ќе го дадат анализите што во моментов се прават во Министерството. (more…)

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange