Останато
КБ Прво Пензиско Друштво АД Скопје донираше 5.000 маски за потребите на Министерството за здравство


Соочени со последиците од светската здравствена криза и имајќи ја предвид сериозноста на ситуацијата во која се наоѓаме сите ние, остануваме доследни на нашата примарна цел, а тоа е да помогнеме на нашата заедница во справувањето во борбата со COVID-19, како и да помогнеме на нашиот здравствен систем со обезбедување на неопходната опрема.
За таа цел, КБ Прво Пензиско Друштво во координација со Министерството за здравство на Република Северна Македонија, донираше 5.000 респираторни маски од типот на KN95 и N95 како и пациент монитор, во вкупна вредност од 1.300.000 денари.
Заштитните респираторни маски имаат степен на филтрација од ≥ 95%, и задржуваат аеросоли, честички прашина, смог, бактерии и полен. Маската е со степен на заштита кој е препорачан од Светската Здравствена Организација (СЗО) како минимален стандард на заштита.
Дополнително, минатиот месец беше дониран и пациент монитор на Клиниката за инфективни болести и фертилни состојби.
“Веруваме дека изминатиот период беше лекција за сите нас, да се потсетиме на важните нешта во животот. Во време кога учиме заедно дека здравјето на сите нас е најважно, важно е да останеме поврзани до заедничката цел. Вложувајќи во здравствениот систем вложуваме во нашата Иднина, денес.” – изјави Претседателот на Управниот Одбор на КБ Прво Пензиско Друштво АД Скопје, Г-ѓа Весна Стојановска.
Криптовалути
Биткоинот стана долгорочна инвестиција!?


Биткоинот достигна рекордни 42.000 долари на 8 јануари, но во последните денови направена е значителна корекција, бидејќи најпознатата криптовалута почна да ја губи својата вредност. (more…)
Останато
Наредниот месец граѓаните ќе добијат исплата за скенираните сметки за четвртиот квартал од 2020 година


Управата за јавни приходи известува дека во текот на месец февруари 2021 година ќе се врши исплата на дел од ДДВ на граѓаните кои скенирале фискални сметки преку апликацијата МојДДВ, во четвртото тримесечје од 2020 година односно за месеците октомври, ноември и декември 2020 година. (more…)
Останато
Од утре започнува етапната исплата на јануарските пензии


Oд утре (26.01.2021 година) почнува етапната исплата на јануарските пензии. Министерството за труд и социјална политика информира дека пензиите ќе бидат исплатени предвреме и етапно, со цел да се овозможи поголема заштита на пензионерите во услови на опасност од коронавирусот КОВИД-19. (more…)
- Домашни банкипред 3 weeks
ГО “БУТНАА” ИНТЕРНЕТОТ: Вработените на УНИБанка танцуваат на „Jerusalema“ пред експозитура Плоштад
- Останатопред 2 months
Колку изнесува К15 за оваа 2020 година?
- Business Manпред 2 months
Божидар Јанковски стана сопственик на Динерс Клуб Интернационал МАК ДООЕЛ
- Анализипред 2 months
Која македонска банка планира да го нападне тронот во банкарскиот сектор!?
- Банкипред 1 month
Огласи за вработување во Народната банка на Република Северна Македонија
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје
- Business Manпред 2 months
Владо Цекиќ избран за Млад менаџер во Македонија за 2020 година
- Анализипред 2 months
Во Македонија има 1.301 премиум пензионери!