Останато
Кај граѓаните што скенираат сметки месецов ќе легнат близу 500 милиони денари


Речиси 500 милиони денари овој месец ќе легнат на сметките на граѓаните по основ на поврат на ДДВ, врз основа на скенирање сметки преку МојДДВ во текот на третото тримесечје и за време на мерката „Викенд без ДДВ” што се реализираше на 10, 11 и 12 октомври, како дел од четвртиот пакет антикризни мерки. За третото тримесечје повратот е 430 милиони денари, додека од Викендот без ДДВ нешто над 63 милиони денари.
„Во текот на ноември, Управата за јавни приходи ќе спроведе исплатата за финансиски средства по основ на враќање на дел од данокот за додадена вредност за месеците јули, август и септември 2020 година, согласно Законот за враќање на дел од данокот на додадена вредност на физички лица”, информираат за МИА од Управата за јавни приходи.
Оттаму додаваат дека во текот на ова трето тримесечје во месеци јули, август и септември 2020 остварен е промет од 29,8 милијарди денари, од кои прометот од македонски производи изнесува 7,8 милијарди денари, а прометот од останати производи изнесува 21,9 милијарди денари.
На граѓаните, како што наведуваат за МИА, за ова тримесечје ќе им се врати, односно исплати околу 430 милиони денари, како дел од ДДВ што го оствариле граѓаните од скенирани фискални сметки во јули, август и септември 2020 година.
Во текот на овој месец се очекува исплатата и на поврат на ДДВ од остварениот промет за време на „Викеднот без ДДВ”. За ова се чека на донесување на ребалансот на буџетот кој е во собраниска процедура и за кој веќе се расправа на пленарна седница. Расправата почна во четвртокот и веќе се расправа три дена, а најмногу согласно Деловникот може да трае пет дена.
„Мерката Викенд без ДДВ е дел од четвртиот сет антикризни мерки, кои пак се условени од усвојување на ребалансот на Буџетот на РСМ во Собранието на РСМ. Штом ребалансот биде усвоен од страна на Собранието, ќе се создаде законска можност за спроведување на мерките вклучително и оваа мерка и ќе се исплатат средствата. Сите граѓани кои оствариле право на враќање на целосниот износ на данокот на додадена вредност за време на ,,Викендот без ДДВ, ќе им се исплатат финансиските средства на нивната трансакциска сметки”, истакнуваат од Управата за јавни приходи.
Викендот без ДДВ се реализираше на 10, 11 и 12 октомври. Според податоците на УЈП во овие три дена вкупно 204.088 граѓани купиле македонски производи и услуги како и компјутерска опрема и издадените фискални сметки ги скенирале преку апликацијата МојДДВ.
Во Викендот без ДДВ остварен е промет од 558.176.715 денари со што граѓаните ќе остварат враќање на ДДВ во износ од 66.853.929 денари.
Во Викеднот без ДДВ беа скенирани трипати повеќе фискални сметки и беше остварен 9,5 пати поголем промет од македонски прозиводи во однос на истиот викенд од минатата година.
Викендот без ДДВ беше првата мерка од четвриот пакет антикризни мерки кои се во вредност од 470 милиони евра и чија реализација чека на усвојување на ребалансот на буџетот, а целта да се придонесе за намалување на ефектите од ковид-кризата и да се поддржат граѓаните и стопанството.
Останато
ММФ предвидува дека кинеската економија годинава ќе порасне за 8,1 проценти


Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) предвидува дека кинеската економија ќе порасне за 8,1 проценти во 2021 година. (more…)
Останато
Голем раст на бројот на невработени лица во 2020 година!


Бројот на невработени лица се зголемил за 52.023 лица во периодот јануари-декември 2020 година, покажуваат најновите податоци на Агенцијата за вработување, пренесува „Мета“. На почетокот од минатата година во земјава имало 104.409 невработени, а на крајот на 2020 година оваа бројка се зголемила на 156.432 лица. (more…)
Останато
Бесими – Техада: Поддршка за реформите во управување со јавните финансии


Поддршка за реформите за зајаканување на управувањето со јавните финансии преку проекти за подобрување со управувањето со јавниот долг, како и од областа на финансиските статистики, беа дискутирани на средбата помеѓу министерот за финансии Фатмир Бесими и амбасадорката на Швајцарија Сибил Зутер Техада. (more…)
- Домашни банкипред 3 weeks
ГО “БУТНАА” ИНТЕРНЕТОТ: Вработените на УНИБанка танцуваат на „Jerusalema“ пред експозитура Плоштад
- Останатопред 2 months
Колку изнесува К15 за оваа 2020 година?
- Business Manпред 2 months
Божидар Јанковски стана сопственик на Динерс Клуб Интернационал МАК ДООЕЛ
- Анализипред 2 months
Која македонска банка планира да го нападне тронот во банкарскиот сектор!?
- Банкипред 1 month
Огласи за вработување во Народната банка на Република Северна Македонија
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје
- Business Manпред 2 months
Владо Цекиќ избран за Млад менаџер во Македонија за 2020 година
- Анализипред 2 months
Во Македонија има 1.301 премиум пензионери!