Домашни банки
Катерина Ивановска, Татјана Митрева и Паце Сековска најдобри банкарски службеници на Стопанска банка АД – Скопје

Традиционалниот настан по повод „Светскиот ден на штедењето“ и оваа година беше организиран од страна на Македонската банкарска асоцијација, во соработка со Фондот за осигурување на депозити и комерцијалните банки.
Во рамки на традиционалното одбележување на „Светскиот ден на штедењето“ најдобрите службеници од банките и финансиските институции за 2020 година беа прогласени на виртуелен настан на кој високи претставници од финансискиот сектор им упатија честитки и пофалби за покажаниот успех и резултати во работењето.
Вработените во филијалите, како никоја година претходно, оваа година играат клучна улога за достпаноста на производите и услугите на Банката за клиентите. Работејќи под посебни услови, со многу мерки за претпазливост и заштита, и спроведувајќи бројни проекти од јавен интерес, вработените во Стопанска банка АД – Скопје доследно и професионално ги извршуваат своите активности.
Стопанска банка АД – Скопје им се заблагодарува на сите за нивниот придонес, а посебно ги издвојува вработените кои го добија статусот на најдобри во 2020 година:
– Паце Сековска, филијала Битола
– Татјана Митрева, филијала Струмица и
– Катерина Ивановска, филијала Јане Сандански
Успехот на вработените е резултат на менторството и тимската работа во нивните филијали, а секако и поттик за идните генерации вработени во филијалите на банката.
Стопанска банка АД – Скопје им посакува многу здравје, среќа, успех и професионално напредување.
Домашни банки
Намалување на каматните стапки на Халкбанк на кредити за физички лица

Халкбанк АД Скопје изврши намалување на каматните стапки на потрошувачкиот и хипотекарниот кредит наменети за физички лица и понуди атрактивни услови за станбениот кредит. Овие услови ќе важат во промотивен период до 31 декември 2023 година. (more…)
Домашни банки
„ФИКСНО СИ Е ФИКСНО“ – станбен и потрошувачки кредит на Шпаркасе Банка со фиксна каматна стапка

Шпаркасе Банка АД Скопје посветено работејќи на визијата да биде прв избор на клиентите и водечка банка по квалитет на услугa, стартува со нови атрактивни понуди за сите клиенти, со најповолни услови. (more…)
Домашни банки
Комерцијална банка ќе овозможи тргување со акции без провизија на „Инвеститорскиот ден“ на Македонската берза

Комерцијална банка и оваа година ќе им овозможи на граѓаните еден ден да купуваат или да продаваат акции на Македонската берза без плаќање провизија за брокерски услуги. Со ова Банката ќе даде свој придонес за успешна реализација на четвртиот по ред „Инвеститорски ден“ на Македонската берза, што ќе се одржи на 13.09.2023 година (среда). (more…)
- Анализипред 2 months
АНАЛИЗА ШТЕДНИ ВЛОГОВИ: Во која банка е најповолно да ги орочите средствата на една година?
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Домашни банкипред 2 months
ФАНТАСТИЧНО ПОЛУГОДИЕ ЗА КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА – оствари добивка од 32,5 милиони евра за шест месеци во 2023 година
- Банкипред 1 month
УНИБанка вработува Раководител и Референт на фронт офис во експозитура во Скопје
- Платежни картичкипред 2 months
Масовен проблем со платежни картички, пос уреди и банкомати во Македонија
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Домашни банкипред 2 months
Стопанска банка Скопје преку високо пазарно учество до профит од над 27 милиони евра за 6 месеци
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во Шпаркасе Банка АД Скопје