Connect with us

Странски банки

Катар ја зголемува сопственоста во Дојче банк

Објавено

на

Катар ја разгледува можноста за зголемување на својот удел во Deutsche Bank AG, изјави денеска германскиот весник “Ханделсблат”, повикувајќи се на интервју со Јосеф Мохамед Ал-Џејд, кој е извршен директор на државниот финансиски центар Катар.

“Ние ќе инвестираме во голема финансиска институција во Германија. Ова беше дискутирано на маргините на Форумот во Доха и наскоро ќе биде објавено “, рече Ал-Џејд.

Ова, заедно со фактот дека извршниот директор на Дојче банка Кристијан Зевинг беше единствениот германски врвен менаџер кој учествуваше на Форумот во Доха, јасно покажува дека тоа се проценки за Дојче банк.

Во Германија идејата за спојување на Дојче банк неодамна беше повторно лансирана.

Преговорите биле, според “Блумберг”, во моментов во фаза на тестирање, и се разгледуваат други опции, како што се дополнителни инвестиции од постоечки и нови акционери.

Кралското семејство Катар има 6,1% од акциите во Дојче банката, според податоците од официјалната веб страница на Дојче банк.

Странски банки

Кина вбризга рекордни 83 милирди долари во банкарскиот систем

Објавено

на

Централната банка на Кина инјектираше 560 милијарди јуани (83 милијарди долари) во домашниот банкарски систем, што е рекорден износ вбризган во банкарството за еден ден, оценува каналот „CNBC“. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

Сметки за режиски трошоци во Србија ќе се плаќаат преку “СИСТЕМ ЗА ПРЕПОЗНАВАЊЕ ЛИЦА”

Објавено

на

Граѓаните на соседна Србија од март годинава ќе имаат можност да ги плаќаат тековните сметките преку систем за препознавање лице (face recognition), најави за Танјуг гувернерот на НБС, Јоргованка Табаковиќ.

Народната банка на Србија планира во првиот квартал од 2019 година да ја воведе оваа нова услуга, која е дел од решението за инстант плаќања, чија имплементација започна во октомври минатата година.

“Ќе биде можно преку скајп или визуелна идентификација на клиентот да се реализира плаќањето”, вели Гувернерката.

“Тоа ќе биде навистина револуционерна иновација како дополнување на инстант плаќањето. Иако сме подготвени со тимот да стартуваме веднаш, сепак ќе почекаме да помине евалуацијата за напредокот на Србија во поглед на спречување перење пари за да бидеме сигурни дека оваа нова услуга може да се пушти за користење”.

Конкретен датум кога граѓаните ќе имаат можност да започнат со користење на оваа услуга ќе се знае по состанокот на MANIVAL (Европски комитет за спречување перење пари и финансирање тероризам) кој ќе се одржи на 23. јануари.

На состанокот ќе се анализира напредокот на Србија во примената на сите правила поврзани со перење пари, а доколку ставот на оваа институција биде позитивен, плаќањето преку препознавање на лице може да биде пуштен во употреба веќе во февруари.

Продолжи со читање

Странски банки

Џим Јонг Ким се повлече од функцијата претседател на Светска банка

Објавено

на

Претседателот на Светската банка Џим Јонг Ким ја напушта функцијата на 01 февруари, се наведива во соопштението од СБ. (more…)

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange