Странски банки
Катарските банки во јуни загубиле 7,6% од депозитите на странски клиенти


Депозитите на странски клиенти во банките во Катар значително опаднаа во јуни, откако соседните арапски земји од Блискиот Исток ги намалија дипломатските и транспортните врски со Доха, покажаа објавените податоци на Катарската централна банка.
Депозитите на странски клиенти во катарските банки, најмногу девизни депозити, во јуни се намалија на 170,6 милијарди ријали (46,9 милијарди долари), во споредба со 184,6 милијарди ријали во мај, што претставува пад од 7,6%.
Падот од 14,0 милијарди ријали чини 7,6% странски депозити во катарските банки или 1,8% од нивните вкупни депозити.
Податоци, исто така, покажа дека заемите на катарските банки од странските банки паднаа на 46,4 милијарди ријали, во споредба со 51,8 милијарди ријали во претходниот месец.
Банките во Катар како одговор на кризата го намалија кредитирање спрема странство, па нивните побарувања спрема банките надвор од Катар паднаа на 93,8 милијарди ријали, во однос на 102,2 милијарди долари во претходниот месец.
Странски банки
ЕЦБ: Не се очекува стагфлација во еврозоната


Европска централна банка (ЕЦБ) соопшти дека малку е веројатно да има стагфлација во еврозоната. (more…)
Странски банки
Дојче банк укинува готовина на шалтерите!?


Во повеќето филијали на германскиот банкарски гигант „Deutsche bank”, готовината веќе нема да биде достапна на шалтерите. (more…)
Странски банки
Светска банка предупредува дека економската криза може да се влоши


Светската банка во својот извештај „Глобални економски перспективи” отворено предупредува дека остриот економски пад ќе биде норма за многу земји, бидејќи проекциите за глобалниот економски раст се намалени. (more…)
- Кредитипред 2 months
Брзо и евтино решение за вашите финансиски потреби
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во Стопанска банка АД – Скопје
- Кредитипред 4 weeks
Брз и евтин кредит – прва помош за вашиот паричник
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во Халкбанк АД Скопје
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во Халкбанк АД Скопје
- Домашни банкипред 2 months
Комерцијална банка денес започнува со исплата на дивиденда за 2021 година, кој ќе се „офајди” најмногу!?
- Банкипред 1 month
Огласи за вработување во Халкбанк АД Скопје
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во Централна кооперативна банка АД Скопје