Осигурување
КАСИЧКА, детско осигурување со штедење на Триглав Осигурување Живот – нов производ за заштита и сигурност на децата

Грижата за семејството е главната причина која не наведува да донесеме одлука за обезбедување на сигурност без несакани потешкотии во иднина. Финансиската стабилност на нашите деца е можеби една од најважните сегменти при сечие размислување, па поседувањето на полиса за осигурување на живот која би го намалило ризикот при несакани тешки финансиски последици на родителите го прави производот Касичка вистински заштитник за сигурна иднина.
Триглав Осигурување Живот со цел да се доближи до секој дом и потреба воведе новина која дава можност за инвестирање, штедење и осигурување со различни опции согласно можностите и планираниот буџет за инвестирање.
Понудена е одлична можност за осигурување на живот со штедење со бројни предности и погодности кои овозможуваат финансиска безбедност за најблиските во случај на несакани животни ситуации, а производот е комбинација на штедење и осигурување кој покрај полисата за животно осигурување, ја гарантира и сигурноста на вложените средства, што значи дека по истек на договорениот осигурителниот период, нашите деца ги добиваат средствата во висина која е договорена при склучување на полисата, а низ целиот период на договорот ја користат привилегијата да користат осигурување.
Вистинска иновација е опцијата која во случај на несакан штетен настан-смрт на договорувачот на осигурувањето по изминати две години од склучување на договорот, обврската за уплата на идните премии до истекот на договорот за детско штедно осигурување ја презема Триглав осигурување Живот.
Додека нашите деца растат безгрижно, на нас останува одговорноста да донесеме вистинска одлука и да почнеме да штедиме за остварување на нивните соништа. Материјалните подароци не радуваат но се минливи, а полисата за детско штедно осигурување со препознатливиот лик “Кучето-Пази” е вреден подарок кој е од големо значење тогаш кога ни е најпотребно.
Касичка детското штедно осигурување е производ кој се склучува без потреба од лекарски преглед и е моделиран според сечија можност па така при склучување на договорот е понудена можност за уплата на премијата со договорна динамика т.е. месечна уплата на рати. По истекот на договорот за осигурување повторно се нудат опции за еднократен износ на договорената сума или дефиниран план за парцијална исплата на заштедените средства согласно моменталните потреби на осигуреникот како средства за образование кај нас или во странство, инвестирање во животен простор или финансиска поддршка во – исплата на договорениот износ преку рата со дефиниран период на исплата, а периодот на исплата и износот на рата е утврден во самата полиса.
Со овој тип на осигурување може да се осигурат сите лица од 1 ден старост до 15 години, додека периодот за истек на договорот за осигурување не може да биде подолг од календарската година во која осигуреникот ќе наврши 25 години.
Триглав Осигурување Живот
Сè ќе биде во ред.
Осигурување
Вложувањата во неживотно осигурување надминаа 10 милијарди денари, продажбата на полиси зголемена за 16%

Осигурениците и осигурителните компании лани склучија над 1,71 милиони договори за осигурување вредни над 10,5 милијарди денари. Најпопуларно меѓу сите неживотни осигурувања останува приватното здравствено осигурување кое три години по ред има најголем раст на продажба. Од сите доброволни класи и понатаму најмногу се вложува во осигурување имот. Најголемо учество во вкупната продажба и минатата година има задолжителното осигурување од автомобилска одговорност. Од сите 11 компании за неживотно осигурување дури десет друштва лани бележат раст на приходите од продажба на осигурителни полиси. (more…)
Осигурување
Осигурениците наплатија 71 милион евра, осигурителните компании исплатија над 100.000 штети

Осигурителните компании исплатија 30 отсто повеќе пари за штети покриени со осигурување лани во споредба со претходната година. Најголем број штети се исплатени за покривање медицински трошоци покриени со дополнително здравствено осигурување, а од сите класи доброволно осигурување најмногу средства се исплатени за штети покриени со осигурување имот. (more…)
Осигурување
АСО реши 48% повеќе претставки во корист на осигуреници, најчесто се жалат на штети покриени со Европски извештај

Вкупниот број на поднесени претставки од незадоволни осигуреници лани достигна 267 е зголемен за 30 отсто во споредба со 2021 година. Овој податок е јасен индикатор дека граѓаните се почесто ја препознаваат Агенцијата за супервизија на осигурување како заштитник на нивните права од осигурувањето, што е приоритет и трајна заложба на менаџментот на ова регулаторно тело. Најголемиот број претставки поднесени против една осигурителна компанија изнесува 43. Од нив АСО во корист на осигуреници решил 22 претставки. Заради тежината на еден сторен прекршок утврден преку поднесена претставка од осигуреник, менаџментот на АСО изрече парична казна за една осигурителна компанија. (more…)
- Анализипред 2 weeks
8 МАРТ АНАЛИЗА: Колку се застапени жените во Управните одбори на банките во Македонија?
- Анализипред 2 months
ТЕШКА ГОДИНА – РЕКОРДНИ ПРОФИТИ: Трите најголеми македонски банки со добивка од 117 милиони евра во 2022 година
- Банкипред 2 weeks
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 2 weeks
Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје
- Интервјуапред 2 months
Очекувања 2023 година | МИЛКА ТОДОРОВА, УНИБанка АД СКОПЈЕ
- Интервјуапред 2 months
Очекувања 2023 година | Д-Р БИЛАЛ СУЏУБАШИ, ХАЛКБАНК АД СКОПЈЕ
- Банкипред 1 week
Оглас за вработување во Комерцијална банка АД Скопје
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во Комерцијална банка