Connect with us

Компании

КаСис одбележува 20 години успешна работа

Објавено

на

Касис е веќе 20 години стабилен и доверлив партнер на банките и е-трговците во доменот на процесирање трансакции со платежни картички, управување со АТМ и ПОС мрежа, е-трговија, персонализација на дебитни и кредитни платежни картички и неплатежни картички, сервиси на дежурен центар. Од 2005-тата година е независен процесор сертифициран од страна на MasterCard и Visa.

Компанијата може да се пофали со 2.000.000 издадени платежни картички и над 2.000.000 процесирани трансакции месечно.Тимот на професионалци со повеќегодишно работно искуство во областа на картичното работење продолжува да нуди квалитетна услуга и да ја одржува лидерската позиција во регионот.

Со одбележувањето на 20 годишнината се поклопи и промена во акционерската структура на Друштвото. Минатата недела акционерот Цеко Тодоров Минев во блок трансакција продаде 2.655.602 обични акции кои изнесуваат 35,02% од основната главнина на Друштвото.

Купувач на акциите и нов акционер во Интернационален Картичен Систем АД Скопје е правното лице: “LNG FINANCE JSC” и е во сопственост на еден акционер, компанијата “LNG SYSTEMI” управувана од г-дин Младен Станков.

Г-дин Младен Станков и неговиот татко г-дин Станко Станков се добро познати претприемачи, кои управуваат и се сопственици на повеќе реномирани компании како Bulmarket DM Ltd чија главната дејност е поврзана со набавка, производство, складирање и трговија на големо со енергетски производи од минерално и неминерално потекло и Astra Bioplant која е најголемиот производител на биогорива во Република Бугарија.

Групацијата е ориентирана кон развој на модерни и иновативни решенија и инвестирање во науката и технологијата. Преку LNG FINANCE JSC, групацијата го проширува своето работење и во платежниот сектор.

КаСис останува на својот стратешки пат, како прв и единствен процесор во Република Северна Македонија сертифициран од Visa и MasterCard, да обезбедува квалитетни и иновативни платежни услуги.

Компании

200 НОВИ ВРАБОТУВАЊА: Мајорел – Глобален водечки контакт центар доаѓа во Скопје

Објавено

на

Majorel, водечки глобален провајдер на сеопфатни решенија за корисничкa поддршка, отвoра прва канцеларија во Скопје, дополнително проширувајќи го својот глобален географски печат. Новата компанија  ќе отвори стотици нови работни места во регионот, потпирајќи се на висококвалификуваната работна сила во земјава, која зборува повеќе јазици, како и на образованите млади генерации во земјава. (more…)

Продолжи со читање

Компании

Измени во составот на Надзорниот одбор на Триглав пензиско друштво АД Скопје

Објавено

на

Триглав пензиско друштво АД Скопје преку соопштение на Македонска берза ја известува јавноста за измени во органите на управување на компанијата. (more…)

Продолжи со читање

Компании

ИутеКредит станува банка!? – Компанијата купи 10 отсто од акциите на EnergBank Молдавија

Објавено

на

Естонската финтек компанија ИутеКредит ги купи првите 9,976% од акциите на молдавската EnergBank, што е првиот чекор на компанијата кон станување банка. При трансакцијата на молдавската берза се купени 199.519 акции по цена од 170,44 леи по акција, со вкупна вредност од 1,7 милиони евра. (more…)

Продолжи со читање

Популарно