Домашни банки
Караванот на Халкбанк „Приказни од моето маало“ го посети Штип


Караванот „Приказни од моето маало“ вчера ги посети учениците во ОУ „Ванчо Прке“ во Штип. Низ едукативно-креативни работилници ги слушнавме приказните од градот под Исарот, се дружевме со креативните деца и ја разгоривме нивната креативност и фантазија.
За големата културна оставштина на видните штипјани, како и за креативниот потенцијал на младите генерации кои ја носат иднината на овој град, лично се уверивме од нивните творби, но и од гордите наставници од училиштето – домаќин.
Серијалот „Приказни од моето маало“ е славење на детската креативност и фантазија, преку уметноста и теми кои се важни за денешните деца: борба за здрава животна средина, инклузија, прифаќање, право на квалитетно образование и важноста од читањето книги и приказни. За тимот што стои зад овој проект сите приказни се важни, посебно оние од и за децата.
„Среќни сме што идејата за „Приказни од моето маало“ се развива од големиот интерес и одобрување пред се’ на децата, а потоа и од возрасните – родителите, наставниците, педагозите. Штипјани беа одлични домаќини и среќни сме што заедно со нив испишавме нова страница од нашите Приказни. Следната епизода е можеби токму во вашето маало” – вели Маја Наумовска Савеска од Халкбанк АД Скопје.
Ментори на работилницата во Штип беа уметниците Софија Семенпеева Трајановска и Кристијан Јованоски од Центарот за визуелна комуникација „Ефектива“. Тие со учениците работеа на односот меѓу емоциите и боите, користењето различни сликарски техники и различни материјали во визуелното и креативно изразување. Прекрасните творби на кои учениците го нацртаа своети маала, беа поставени во галерија под отворено небо, во убавиот училиштен двор.
Посебно весел момент беше средбата и искрените прегратки од децата за љубопитното слонче Халки, водачот на овој патувачки караван.
Во знак на благодарност за убавата соработка, Халкбанк на ОУ „Ванчо Прке“ му донираше училишна опрема, реквизити и книги за училишната библиотека.
Домашни банки
Известување од ТТК Банка за предвремена исплата на пензиите од денес (28-ми јуни 2022 година)


ТТК Банка АД Скопје ги известува своите почитувани корисници дека почнувајќи од денес (28-ми јуни 2022 година), започна со исплата на пензијата за месец јуни на пензионерите кои ја примаат својата пензија од Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на нивната денарска сметка во ТТК Банка АД Скопје. (more…)
Домашни банки
Финансиска помош од Комерцијална банка за организација на Светското првенство во шах за слепи во Охрид


Во својата долгорочна мисија секогаш да им помогне и да излезе во пресрет на потребите на лицата со хендикеп, Комерцијална банка на свое големо задоволство финансиски ќе го помогне одржувањето на Светското првенство во шах за слепи и визуелно хендикепирани лица во Охрид. (more…)
Домашни банки
Халкбанк започна со предвремена исплата на јунските пензии


Халкбанк АД Скопје ги известува своите почитувани клиенти пензионери дека пензиите за месец јуни се веќе на нивните сметки од денес (28.06.2022 – вторник) и истите можат слободно да ги користат при пазарење со своите платежни картички, преку електронското банкарство или за подигање преку АТМ-ите без провизии. (more…)
- Кредитипред 2 months
Брзо и евтино решение за вашите финансиски потреби
- Кредитипред 4 weeks
Брз и евтин кредит – прва помош за вашиот паричник
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во Стопанска банка АД – Скопје
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во Халкбанк АД Скопје
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во Халкбанк АД Скопје
- Банкипред 1 month
Огласи за вработување во Халкбанк АД Скопје
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во Централна кооперативна банка АД Скопје
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во Стопанска банка АД – Скопје