Домашни банки
Капитал Банка објави јавен повик до своите акционери


Надзорниот одбор на Капитал банка објави јавен повик до акционерите на банката за учество на редовна седница на Собрание на Капитал банка која ќе се одржи во седиштето на Банката на ул.Никола Кљусев број 1, Скопје на 31.05.2017 година со почеток во 12.00 часот.
Дневен ред на седницата:
I . Процедурален дел
1. Отварање на Собранието на Банката
2. Верификација на Списокот на Присутни акционери
3. Избор на Претседавач на Собранието
II . Работен дел
4. Усвојување на Деловната Политика и Развојниот План на Банката 5. Усвојување на Финансискиот План на Банката
6. Разгледување и усвојување на Годишниот Извештај за работата на Банката за 2016 година, заедно со писмено мислење по истиот, изготвено од страна на Надзорниот одбор
7. Разгледување на Годишниот Извештај на Службата за внатрешна ревизија за 2016 година заедно со писмено мислење по истиот, изготвено од страна на Надзорниот одбор
8. Разгледување на Извештајот на Одборот за ревизија за 2016 година
9. Разгледување и усвојување на Извештајот на Друштвото за ревизија и писмено мислење по истиот, изготвено од страна на Надзорниот одбор
10. Донесување на Одлука за усвојување на Годишната сметка на Банката и финансиските извештаи за 2016 година
11. Донесување на Одлука за утврдување и покривање на остварената загуба на Капитал Банка АД Скопје во 2016 година
12. Избор на Друштво за ревизија
13. Разгледување и усвојување на Годишниот Извештај за работењето на Надзорниот одбор за 2016 година
14. Донесување на Одлуки за одобрување на работата на членовите на Надзорниот одбор на Банката за 2016 година
15. Разно
Се повикуваат акционерите да го пријават своето учество на Собранието најдоцна пред почетокот на закажаното Собрание со Пријава за учество на Собранието.
Примерок од Пријавата за учество на Собранието се подига во Секретаријатот на Управниот одбор на Капитал банка АД Скопје или на интернет страната на Банката www.capitalbank.com.mk, додека пополнетата Пријава се доставува до Секретаријатот на Управниот одбор на банката на адреса ул. Никола Кљусев број 1, Скопје.
Пријавувањето на акционерите правни лица се врши преку нивните законски застапници.
Собранието ќе одлучува само за прашања кои се уредно ставени на дневен ред, согласно Статутот на Банката и Законот за трговски друштва.
Повеќе информации можете да најдете на страницата на Капитал Банка АД Скопје.
Домашни банки
Се појави лажна Facebook страница под името на Шпаркасе Банка
Домашни банки
“Social Friday” во организација на Синдикатот на финансиски организации на Македонија


Колегите од синдикалните организации на Халкбанк АД Скопје, Комерцијална Банка АД Скопје , Шпаркасе Банка , Стопанска Банка а.д. Скопје, Стопнаска Банка АД Битола, Агенција за Супервизија на Осигурувањата, Фулм и Силк Роад Банка решија да направат позитивни промени и заедно да придонесат кон подобрување на општеството. (more…)
Домашни банки
Извлечени среќните добитници во големата наградна игра „НЛБ за млади“


НЛБ Банка ги извлече среќните добитници во големата наградна игра за станбени кредити „НЛБ за млади“. Педесет (50) клиенти, на возраст до 40 години, на кои во периодот од 1 март до 31 мај годинава им се одобри станбен кредит од НЛБ Банка се среќни добитници на парична награда на износ од 20.000 денари. Средствата ќе бидат уплатени на сметката на одобрениот НЛБ Станбен кредит за кој добитникот на наградата аплицирал во промотивниот период. (more…)
- Кредитипред 2 months
Брзо и евтино решение за вашите финансиски потреби
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во Стопанска банка АД – Скопје
- Кредитипред 4 weeks
Брз и евтин кредит – прва помош за вашиот паричник
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во Халкбанк АД Скопје
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во Халкбанк АД Скопје
- Домашни банкипред 2 months
Комерцијална банка денес започнува со исплата на дивиденда за 2021 година, кој ќе се „офајди” најмногу!?
- Банкипред 1 month
Огласи за вработување во Халкбанк АД Скопје
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во Централна кооперативна банка АД Скопје