Connect with us

Домашни банки

Капитал Банка донираше медицински материјали на Инфективната Клиника во Скопје

Објавено

на

Капитал Банка АД Скопје донираше медицински материјали и заштитна опрема на Инфективната Клиника во Скопје!

Со цел полесно справувањето на нашата земја со пандемијата предизвикана од коронавирусот, Капитал Банка АД Скопје донираше медицински материјали и заштитна опрема на Инфективната Клиника во Скопје, како поддршка во напорите на надлежните институции во справување со состојбата со COVID-19.

Преку оваа финансиска помош Банката даде свој скромен придонес за побрзо и полесно да се надмине една од најголемите светски здравствени кризи, како и да им се олесни на медицинските работници да ги извршуваат своите задачи.

Општествената одговорност на компаниите и воопшто на поединците во услови на пандемија е исклучително важна. Како општествено одговорна компанија, Капитал Банка има за цел да одговори на предизвиците кои ги наметна оваа пандемија и сите заедно да го олесниме справувањето со последиците од истата и да помогнеме на оние на кои им е најпотребно.

Капитал Банка ќе продолжи да придонесува и ќе стори се што е во рамките на нивните можности, да придонесе за полесно справување со оваа несекојдневна ситуација.

Домашни банки

Со онлајн апликација побрзо до трансакциска сметка и дебитна картичка од Комерцијална банка

Објавено

на

Сега веќе едноставно и брзо можете онлајн да отворите трансакциска сметка и да добиете дебитна картичка од Комерцијална банка. Поднесете го барањето онлајн, преку веб страницата на Банката, а Комерцијална банка ќе ви отвори сметка и ќе ја изработи дебитната картичка што вие ќе ја изберете.

(more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Судот им го отежнува патот до правдата на акционерите на Стопанска Банка Скопје

Објавено

на

Координативното тело за преземање активности за остварување на правата од приоритетните акции на Стопанска банка АД Скопје до редакцијата на Банкарство достави отворено писмо преку кое имаат за цел да ги остварат своите акционерски права. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Колку чекори се потребни за подарок е-ваучер во вредност од 1.000 денари?

Објавено

на

Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје во соработка со Visa International доделува вредносен е-ваучер на износ од 1.000 МКД за секоја онлајн апликација за платежна картичка од брендот Visa преку Sparky Viber Chat асистентот во само три чекори: (more…)

Продолжи со читање

Популарно