Connect with us

Банки

Капитал Банка вработува!

Објавено

на

Поради зголемен обем на работењето и со цел да ангажира квалитетен професионалец кој ќе добие шанса, преку тимска работа да напредува во својата банкарска кариера, Капитал Банка АД Скопје распишува

К О Н К У Р С за пополнување на отворено работно место Соработник во Секторот за управување со ризици (ASSOCIATE IN RISK MANAGEMENT SECTOR).

Основни работни задолженија и одговорности:
–  Изработка на извештаи за следење на изложеност на Банката различни типови на ризици
кои согласно регулативата ги следи Секторот за управување со ризици;
– Утврдување на ризичната класификација на клиентите во согласност со законската
регулатива на НБРМ;
– Учество во дефинирање, контрола и ревидирање на интерните лимити;
– Учество во изработка и давање препораки за развој на интерни методологии, модели и
процедури во областа на оценка, следење и управување со ризиците;
– Учество во активностите поврзани со проценка и мерење на адекватноста на капиталот во склад со важечката регулатива (CAR, ICAAP, Stress testing)

Услови – Образование и дополнителни знаења:
– ВСС- Економски факултет;
– Најмалку 2 (пожелно е 4) години работно искуство во Банка од кои најмалку 1 години
работно искуство во Организациона единица за управување со ризици;
– Познавања на проценка на кредитната способност на правни лица (анализа на
финансиските извештаи, изработка на проекции, квантитативна и квалитативна анализа);
– Познавање и континуирано следење на банкарската и особено на супервизорската
законска регулатива на НБРМ;
– Активно знаење на англискиот јазик (пишан и говорен);
– Работно познавање на Microsoft Office пакетот, Internet;
– Дополнителни курсеви, обуки и препораки се сметаат за предност .

Очекувани способности, персонални карактеристики:
– Аналитичност и систематичност,
– Организациски вештини,
– Креативност и комуникативност,
– Позитивен став,
– Професионалност , доверливост и одговорност,
– Посветеност на работата,
– Способност за индивидуална и тимска работа,
– Лидерски способности.

На избраниот кандидат му се нудат примамливи финансиски услови, како и професионално, динамично работно опкружување со можност за изразување на сопствената креативност, можност за усовршување и напредување.

Работниот однос е на определено време, со можност за продолжување.

Работното време е од 8-16 h од понеделник до петок.

Се повикуваат сите заинтересирани кандидати, да ја достават својата пријава (CV и мотивациско писмо) на следнава електронска адреса: jobs@capitalbank.com.mk .

Огласот трае 10 работни дена од објавата (објавен 02.10.2018 година), а изборот ќе се врши во време траење на огласот и 20 работни дена по истекот на рокот за пријавување.

Банки

Оглас за вработување во ПроКредит Банка

Објавено

на

Working experience is not mandatory. (more…)

Продолжи со читање

Банки

Оглас за вработување во Охридска банка Сосиете Женерал

Објавено

на

Придружете се кон успешниот тим на професионалци, посветен кон издигнување на Охридска банка Сосиете Женерал во референтна банка во односите со клиентите. (more…)

Продолжи со читање

Банки

Оглас за вработување во Халкбанк А.Д. Скопје

Објавено

на

Халкбанк АД Скопје е брзорастечка банка составена од тим од млади, амбициозни и мотивирани вработени. Во согласност со нашата стратегија, ние сме секогаш отворени за нови, едуцирани, трудољубиви, високо мотивирани и талентирани кандидати за вработување. Истовремено, на членовите на нашиот тим им нудиме одлични работни услови, конкурентни примања и бенефиции, како и континуиран кариерен и професионален развој, кои што ја рефлектираат улогата на Банката како водечка финансиска институција во локалниот финансиско-банкарски сектор. (more…)

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange