Connect with us

Банки

Оглас за вработување во Капитал Банка

Објавено

на

Капитал банка АД Скопје има потреба од вработување на 1 лице на работна позиција:

Внатрешен ревизор:

Работни задачи:

  • Асистирање при ревизиите кои ги извршува раководителот на Службата за внатрешна ревизија, согласно Планот за активностите на Службата;
  • Самостојно извршување на сите фази на задачите на внатрешната ревизија, под супервизија на раководителот на Службата за внатрешна ревизија;
  • Асистирање при изготвувањето на Извештаите од внатрешната ревизија, и нивно презентирање на раководителот на Службата и на раководителите на организационите единици, предмет на внатрешна ревизија;
  • Следење на статусот на усогласеноста со препораките од извршените внатрешни ревизии;
  • Извршување на ненајавени (ad hoc) ревизии;
  • Асистирање при изготвувањето на редовните месечни, квартални, полугодишни, годишни, како и при вонредните извештаи по потреба.

Кандидатот треба да поседуваат:

  • Факултетска диплома, економски факултет (смер: финансии, сметководство, бизнис администрација);
  • Задолжително поседување на лиценца за овластен ревизор;
  • 3 години работно искуство во надворешна или внатрешна ревизија, ревизија во банки ќе се смета за предност;
  • Напредни вештини во MS Office;
  • Познавање на англиски јазик;
  • Комуникациски вештини, усмени и писмени;
  • Аналитичко расудување и внимание на детали;
  • Вештини на одлучување и решавање проблеми;
  • Проактивен, самоиницијативен, доверлив;
  • Лична одговорност и интегритет;
  • Спремност за учење и професионално усовршување.

Работниот однос е на определено време од 3 месеци, со можност за продолжување.
Работно време од 8 до 16ч од понеделник до петок.

Доколку сакате да ја креирате иднината на мала и динамична банка, доколку имате желба, знаење и ентузијазам да се приклучите на нашиот тим, испратете ја Вашата биографија на следнава електронска адреса: jobs@capitalbank.com.mk

Вашето резиме ќе биде внесено во базата на податоци и во случај на потреба од соодветен кадар, Банката врз основа на тековните потреби ќе ве контактира.

Огласот ќе биде активен 10 дена од датумот на објавување. Изборот на кандидатите ќе се врши во рок од 20 дена од истекувањето на огласот, во зависност од бројот на пријавените кандидати. Ќе бидат контактирани само кандидатите со уредни и навремени апликации кои одговараат на условите наведени во огласот.

Банки

Оглас за вработување во ПроКредит Банка

Објавено

на

Working experience is not mandatory. (more…)

Продолжи со читање

Банки

Оглас за вработување во Охридска банка Сосиете Женерал

Објавено

на

Придружете се кон успешниот тим на професионалци, посветен кон издигнување на Охридска банка Сосиете Женерал во референтна банка во односите со клиентите. (more…)

Продолжи со читање

Банки

Оглас за вработување во Халкбанк А.Д. Скопје

Објавено

на

Халкбанк АД Скопје е брзорастечка банка составена од тим од млади, амбициозни и мотивирани вработени. Во согласност со нашата стратегија, ние сме секогаш отворени за нови, едуцирани, трудољубиви, високо мотивирани и талентирани кандидати за вработување. Истовремено, на членовите на нашиот тим им нудиме одлични работни услови, конкурентни примања и бенефиции, како и континуиран кариерен и професионален развој, кои што ја рефлектираат улогата на Банката како водечка финансиска институција во локалниот финансиско-банкарски сектор. (more…)

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange