Connect with us

Депозити

Капитал Банка АД Скопје со нова промотивна кампања за штедење!

Објавено

на

За секој нов отворен Стандарден депозит во денари во Капитал Банка АД Скопје со минимален износ од 300.000 денари на 12 месеци, добивате одлична фиксна каматна стапка од 1,75% , а за првите 100 штедачи и подарок вредносен ваучер од 3000 денари за шопинг кај трговските партнери на банката.

Кампањата ќе трае до крајот на годината, а ваучерите ќе може да се искористат најдоцна до 31.01.2021 година за пазарење во продажните места на преку 200 трговски партнери на Капитал Банка АД Скопје низ државата со кои банката има склучено договор за деловна соработка.

Погледнете ја листата на трговските партнери на Капитал Банка АД Скопје!

Сите депозити во Капитал Банка АД Скопје до износ од 1.800.000 денари по клиент, се 100% осигурани во Фондот за осигурување на депозити.

Капитал Банка АД Скопје, од неодамна промовираше и ОНЛАЈН отворање на депозит, без физичко доаѓање во банката, односно од Вашиот дом, работно место, компјутер или паметен телефон. Се што треба да направите е да се јавите во банката и да побарате отворање на депозит онлајн и да ги имате средствата предвидени за депозит на било која друга сметка во било која банка или штедилница во РСМ. Оваа услуга го намалува и ризикот од ширење на вирусот Covid-19, бидејќи целиот процес се одвива дигитално, а ваучерот како дел од новата промоција, банката ќе го испрати по пошта на домашна адреса.

Искористете ја оваа промотивна можност да заштедите и да добиете повеќе од очекуваното!

Депозити

Нов промотивен депозит „Научи да штедиш“ од Капитал Банка

Објавено

на

Со новиот промотивен депозит на Капитал Банка НАУЧИ ДА ШТЕДИШ за двојно пократко, добиј двојно повеќе, со до 2,2неверојатна фиксна годишна каматна стапка и рок на орочување од 6 месеци! (more…)

Продолжи со читање

Депозити

Големата моќ на малата Халк е-касичка

Објавено

на

Живееме во време во кое со еден клик можеме да пронајдеме и купиме се што ни треба. Потребен ни е само телефон или компјутер и платежна картичка. А купувањето со платежна картичка полека, но сигурно, станува доминантен начин на плаќање и го заменува плаќањето со готовина. Но, со тоа и штедењето пари станува сè потешко. (more…)

Продолжи со читање

Депозити

ПРОМО ФИКС – промотивни депозити на ТТК Банка во денари и во евра

Објавено

на

ТТК Банка АД Скопје ја продолжи промотивната понуда на ПРОМО ФИКС депозитите за физички лица со атрактивна ФИКСНА каматна стапка за штедење во денари на 15 и 25 месеци, и евра на 15, 25 и 36 месеци, во промотивен период до 15.1.2021 година. (more…)

Продолжи со читање



Популарно