Connect with us

Домашни банки

Капитал Банка АД Скопје годинава ќе го зголеми капиталот за 2,5 милиони евра

Објавено

на

Капитал Банка АД Скопје ја донесе и усвои деловната политика и развоен план за периодот 2021-2023 година, земајќи ги во предвид остварените и планираните движења и резултати на Банката, како и остварените и проектираните движења и трендови во реалниот сектор и макроекономското опкружување, кои би имале влијание на работењето на Банката.

Во текот на 2021 планиран е процес на зголемување на акционерскиот капитал во износ од 2.500.000 евра кој ќе биде насочен кон зацврствување на капиталната структура на Капитал Банка и основа за остварување на планираниот раст и обем на деловните активности предвидени во деловниот план во насока на остварување на своите примарни цели за одржување на соодветна адекватност на капиталот, профитабилно работење и обезбедување на поврат на капиталот. Со предвидените промени во структурата на капиталот ќе се изврши 50 отсто зголемување на вредноста на акционерскиот капитал и резерви, кој ќе овозможи одржување на стапката на адекватност на високо ниво од над 20 проценти кон крајот на 2021 при планираниот раст на кредитното портфолио.

Кредитното портфолио на Банката во текот на 2021 година се очекува да достигне ниво од 2.077 милиони денари што споредено со 2020 година претставува интензивен раст од 14 проценти. Растот е предвиден во сегментот население со пораст од 26 отсто во текот на 2021 година, додека во сегментот правни лица предвиден е раст од 4 проценти. Годишната динамика на пласирањето на средства во кредити ја следи динамиката на прибирање на депозити со поголем интензитет во 2021 година и стабилизација на растот во наредните две години.

За успешна рeализација на целите и задачите на Деловната политика на Банката ќе се преземаат конкретни мерки и активности во одредени сегменти од работењето на Банката при што со особено значање се предвидува на растот и развојот на мрежата на експозитури на Банката. Тоа се потврдува со тоа што во текот на пандемијата Банката отвори нови експозитури во Кочани, Велес и Штип, покрај веке посточеките четири во Скопје како и во Струмица и Тетово.

Капитал Банка е во тек на ново проширување на својата деловна мрежа во 2021 година, со тоа ке се овозможи пристап на клиентите до понудените услуги и продукти во нови 7 градови и тоа Битола, Прилеп, Кавадарци, Охрид, Кичево, Гостивар и Куманово. Со ова проширување исто така ке се придонесе за нови вработувања и ке се помогне во ситуацијата со корона пандемијата воопшто.

Во фокусот на Менаџментот останува и процесот на дигитализирање на услугите кои ги нуди Банката што е и иднината на банкарствтото во светот, и секако ке допринесе до побрз и полесен начин на задоволување на современите потреби на пазарот.

Банката ке инвестира во поттикнување на корпоративната промоција на Банката која ќе има за цел да ги унапреди угледот, препознатливоста и присутноста на Банката на пазарот преку доближување на Банката до клиентите особено преку современите дигитални канали и дигитални понуди и проекти.

И за крај но не помалку важно е развивање на корпоративната општествена одговорност на Банката преку финансиска поддршка на културни, научни и хуманитарни дејности, што ќе придонесе во градењето на подобра заедница за живеење и поуспешна заедница.

Домашни банки

На Halk Velo Green од 233 учесници се собраа 184.500 денари наменети за пошумување

Објавено

на

На хронометар велосипедската трка Halk Velo Green што Халкбанк АД Скопје ја организираше на 8 Септември, во Маврово, учествуваа 233 велосипедисти кои преку плаќање на котизација дадоа свој придонес за собирање на 184.500 мкд кои се наменети за пошумување на локација каде што има потреба од истото.  (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Огромно срце за сите на точак – нов #ВозиПравоВозиЗдраво предизвик за #НеделаНаМобилност

Објавено

на

Овие денови пред 6 години Стопанска банка АД – Скопје го организираше првото издание на „Вози право, вози здраво“ и почна да ја „вози“ заедно со своите поддржувачи оваа приказна за грижа за нашата животна средина и за развој на вело културата! (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Експозитурата на УНИБанка во Охрид отсега на нова локација со нов и модерен изглед

Објавено

на

УНИБанка ги известува своите клиенти дека експозитура Охрид е преселена на нова локација во помодерни простории со цел подобрување на корисничкото искуство.  (more…)

Продолжи со читање



Популарно