Connect with us

Останато

Капитал Ассет Менаџмент – ново друштво за инвестиционо советување и управување со индивидуално портфолио на хартии од вредност​

Објавено

на

Комисијата за хартии од вредност на Република Северна Македонија даде дозвола за работа на ново Друштво за инвестиционо советување – Капитал Ассет Менаџмент ДООЕЛ Скопје.

Друштвото Капитал Ассет Менаџмент, согласно Законот за хартии од вредност, самостојно ќе работи на инвестиционо советување a посредно ќе управува со портфолија на хартии од вредност по налог и за сметка на индивидуален клиент. Управувањето со портфолија ќе го врши преку брокерската куќа Инвестброкер АД Скопје која има најшироки овластувања согласно Законот за хартии од вредност и е единствена небанкарска институција од земјава со овластување за тргување на странски берзи.

Капитал Ассет Менаџмент е единственото друштво за инвестиционо советување кое ќе биде учесник на пазарот на хартии од вредност во државата.

На македонскиот пазар се појавува нов правен субјект за инвестиционо советување и управување со индивидуални портфолија на хартии од вредност, но со тим кој има долгогодишно работно искуство во овие области. На пазарот ќе понудиме одредено раздвижување и ќе внесеме  свежина во работењето. Како и досега, успешно ќе менаџираме со портфолијата на нашите клиенти и ќе ги советуваме за тоа како правилно да ги инвестираат своите пари“, вели Коста Костадиновски, основач на Капитал Ассет Менаџмент.  

Костадиновски е лиценциран инвестициски советник од Комисијата за хартии од вредност со 17-годишно искуство во областа на финансиите и пазарот на капитал. Јавноста досега го знаеше како извршен директор на Илирика Фунд Менаџмент, а во својата професионална кариера работел и извршувал функции во финансиски институции како банки и пензиски фондови. 

Дозволата за работа на Капитал Ассет Менаџмент е донесена на 119-тата седница на Комисијата со која претседава Претседателот на КХВ, м-р Нора Алити.

Останато

Летна школа за финансиска писменост за поголема финансиска независност и поголем општествено-економски развој

Објавено

на

Пријавувањето за учество на Летна школа за финансиска писменост за напредно ниво на финансиска писменост трае до недела (26.09.2021)! (more…)

Продолжи со читање

Останато

Бизнисот со топлинска енергија оди во домашни раце – Адора инженеринг на јавна лицитација за 9,3 милиони евра го купи имотот на Топлификација АД во стечај

Објавено

на

Адора инженеринг по пат на јавна лицитација, за 9,3 милиони евра, ги купи Топланите Исток и Запад и најголемиот дел од останатиот имот на Топлификација АД, која е во стечај. Со оваа купопродажба успешно се завршува стечајната постапка на ова претпријатие и се отвара ново светло, поглавје во регулираниот бизнис со производство на топлинска енергија, кој што е од државно значење, односно директно влијае врз екологијата и целокупниот комфор на живеење на граѓаните во главниот град Скопје. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Извршниот директор на Тиго Фајнанс, Филип Димитровски, прогласен за еден 40 највлијателни и најуспешни бизнис лидери под 40 години во Југоисточна Европа

Објавено

на

Престижната меѓународна агенција „Business Elite Awards“, на специјална гала свеченост организирана во Истанбул, Турција, му го додели значајното „40 Under 40“ признание за бизнис лидер под 40 години на Филип Димитровски, извршен директор на финансиското друштво Тиго Фајнанс. (more…)

Продолжи со читање



Популарно