Connect with us

Анализи

Каматните стапки ќе растат, прашање е само кога ќе почнат?

Објавено

на

Додека сите очекуваат каматните стапки да станат негативни, се чини тие сега може да одат само нагоре. Ковид пандемијата и антикризните мерки што ги наметна на глобално ниво ги менуваат околностите на полето на монетарните политики и полека како да не воведуваат во период на растечки каматни стапки.

Дали привршува периодот на ниски каматни стапки? Кога ќе започне овој тренд, нема точни прогнози, но факт е дека инфлаторните притисоци и опоравувањето на економиите ги принудуваат монетарните власти да размислуваат за зголемување на основните каматни стапки, што пак ќе има за последица раст и на каматите на кредитите, кредитните картички, а секако и на депозитите. 

Кога движењето на каматните стапки на глобално ниво ќе тргне во спротивен правец од сегашниот, тоа нема да ја заобиколи и Северна Македонија. Во моментот, каматните стапки во земјава се на најниското ниво од независноста наваму. Според податоците на Народната банка, просечната каматна стапка на вкупните кредити во земјава во април годинава изнесуваше 4,58% и има минимален месечен пад од 0,01 процентен поен. На годишно ниво е намалена за 0,28 процентни поени. Но, просечната каматна стапка на новоодобрените кредити изнесува 4,09% и на месечно ниво е повисока за 0,15 п.п., а на годишно за 0,32 п.п.. На последната седница, НБРМ ја задржа основната каматна стапка на ниво од 1,25%.

Со оглед на веќе извршеното олабавување во март 2021 година, а при се уште изразена неизвесност и претежно надолни ризици поврзани со пандемијата, на оваа седница беше одлучено каматната стапка на благајничките записи да се задржи на постојното ниво, коешто беше оценето како соодветно на тековните економски и финансиски услови. Досегашното намалување на основната каматна стапка, како и позначителното намалување на понудениот износ на благајнички записи, придонесе за зголемување на ликвидноста на банкарскиот систем и поддршка на кредитните текови во економијата“, оцени Комитетот за оперативна монетарна политика на Народната банка. 

НБРМ одржува повисока основна каматна стапка споредено со ЕЦБ, но таргетира и повисока и инфлација. Во април годинава беше измерена годишна стапка на инфлација од 2,7%, додека во еврозоната таргетот е до 2%. Споредено со земјите во регионот, исто така, основната каматна стапка во земјава е повисока. Во Србија, на пример, изнесува 1%,  

Повеќе фактори се во игра

Секако, каматите нема да почнат да растат преку ноќ и нагло. Според предвидувањата на меѓународните аналитичари и медиуми, извесно е зголемувањето да започне уште оваа година, а да се случува во различни налети, со постепен пораст со тек на време. Значи ако досега не сте го рефинансирале вашиот кредит или не сте купиле куќа/стан, се уште имате време да го сторите тоа. 

Согледувањата на аналитичарите на долг рок во однос на каматните стапки во 2021 година се позиционирани на повисоко ниво. Како што се подобрува економското заздравување благодарение на прогресот против корона вирусот и на вакцините, така се засилуваат очекувањата за економски раст и инфлација, а тоа води кон повисоки каматни стапки на долгорочните обврзници. Тоа е клучен индикатор за раст и на каматните стапки на кредитите. Тие сепак може да останат на сегашното ниско ниво доколку се случат неочекувани лоши вести поврзани со текот на пандемијата и дистрибуцијата на вакцините. 

Кога точно ќе почнат да растат каматните стапки и колку ќе се зголемат, зависи од повеќе фактори. Најголемо влијание ќе има пандемијата и нејзиното влијание врз економијата. Останатите фактори се инфлацијата и решеноста на централните банки да ги одржат каматните стапки ниски. 

Одредени експерти во САД сметаат дека во првата половина од годинава очекувано е каматите на хипотекарните кредити да останат на ниското ниво од околу 3%. Но, прогнозираат дека во втората половина може да се случи нивен раст до околу 3,4%, што е се уште релативно ниско ниво споредено со историскиот просек, но сепак претставува значителен раст во однос на сегашното ниво. Основните каматни стапки во САД престанаа да растат во 2019 година. Во март годинава, Федералните резерви (ФЕД) објавија дека не планираат да ги зголемат до 2023 година, односно ќе ги држат на ниво од 0% до 0,25% се додека инфлацијата остане до 2%. Последен пад каматите беа на ова ниво во декември 2008 година и останаа до декември 2015 година.

Во Велика Британија, основната каматна стапка е на историски најниско ниво од 2008 година, кога Банката на Англија ја намали од 5% на 0,5%. Моментално е 0,1%, така што е малку веројатно дека за брзо време ќе се врати на некое ниво блиско до 5%. Експертите, исто така, сметаат дека растот на инфлацијата може да биде привремен. Сепак, ако намалувањето на основната каматна стапка е главната алатка што ја користи Банката на Англија во тешки времиња за да ја стимулира економијата, 0,1% не даваат многу голем простор за дејствување. Доколку земјата сака да се справи со нови проблеми од пандемијата или Брегзит, тогаш каматната стапка ќе мора да се зголеми за да може да се користи за подоцнежни битки. Затоа е веројатно да се очекува мало придвижување кон крајот на 2021 година и повторно во 2022, како сигнал од централната банка дека ќе биде потребна политика на затегање во наредните неколку години. 

Дали каматите во ЕУ прво ќе пораснат на Исток?

Движење на референтните каматни стапки ЕУРИБОР и ЕОНИА

*Најчесто користена референтна каматна стапка во ЕУ е ЕУРИБОР, која се утврдува на европскиот меѓубанкарски пазар за валута евро. Се користи и ЕОНИА, која е моментална за преку ноќ референтна каматна стапка за евро.     

Европската централна банка ја држи основната каматна стапка на 0% со цел да го стимулира кредитирањето и да ги охрабри трошењето и инвестициите. Така ќе биде се додека инфлацијата се одржува под 2%. Во март годинава, претседателката на ЕЦБ, Кристин Лагард, предупреди дека „зголемувањето на пазарните каматни стапки претставува ризик за пошироки услови за финансирање“. Таа исто така укажа дека, доколку не се контролра, зголемувањето на каматните стапки на кредитите може да се претвори во предвремено затегнување на финансиските услови за сите сектори во економијата. Лагард тоа не го посакува. 

Со нетрпение се очекува јунскиот состанок на челниците на ЕЦБ, на кој ќе се одлучува за следните монетарни стимулативни мерки во еврозоната. Блумберг прогнозира дека првите знаци на зголемување на нивото на каматните стапки во ЕУ оваа година ќе дојдат од источното крило. Инфлацијата во април растеше побрзо од очекуваното во Унгарија и во Република Чешка, па се очекува монетарните власти да ги затегнат мерките.

Анализи

ОД МЕСЕЦ ВО МЕСЕЦ РАСТАТ ТРОШОЦИТЕ ЗА ЖИВОТ – Трошоците на четиричлено семејство во август зголемени за 214 денари

Објавено

на

Минималните месечни трошоци на едно четиричлено семејство во август се зголемени за 214 денари во однос на јули, покажуваат податоците од најновата синдикална кошница што ја изработува Сојузот на синдикати на Македонија. (more…)

Продолжи со читање

Анализи

АФД & НБ: Годишна Анализа на небанкарскиот финансиски сектор во Северна Македонија

Објавено

на

Според статистиката на Народната банка на Северна Македонија, во рамки на финансискиот систем на Северна Македонија, вкупните средства на останатите (небанкарски) финансиски институции во 2020 година бележат годишен раст од 12,8%. (more…)

Продолжи со читање

Анализи

ОБИЧНИТЕ ЗАШТЕДИ СТАНУВААТ СЕ ПОНЕАТРАКТИВНИ – наместо штедачите да добијат камата, тие и плаќаат камата на банката!?

Објавено

на

За разлика од порано кога штедните влогови биле многу исплатливи и штедачите добивале навистина убави сума на пари како камата за своите заштеди, сега тие се се понеатрактивни и стануваат товар за штедачите. (more…)

Продолжи со читање



Популарно