Connect with us

Анализи

Каматите паѓаат – Кредитите и депозитите се во пораст но, на чие конто?

Објавено

на

Каматните стапки за кои сигнализира Народната банка со олеснување на монетарната политика бележат намалување ако се споредат последните два месеца од годината за 2018 и 2019. Според најновите статистики просечната каматна стапка изнесувала околу 5%. Забележан е поголем раст на штедењето на домаќинствата, како и на корпоративниот сегмент гледано според податоците за ноември и декември 2019 година.

Штедачите во последниот месец за годината која измина издвоиле 410 милиони денари во банките и штедилниците пред почетокот на празниците кога вообичаено и личната потрошувачка драстично се зголемува. Претходно во ноември македонските граѓани вклучувајќи ги и компаниите издвоиле 397 милиони денари на своите штедни сметки, па така месечниот раст на депозитите изнесува 3.8%. Во 2018 година пак, во декември биле заштедени 375 милиони денари, односно годишниот раст стигнал импресивни 9,5%.

Вкупните депозити на домаќинствата, во декември 2019 година, се повисоки за 3,1% во споредба со претходниот месец, главно како резултат на зголемените депозитни пари. На годишно ниво, стапката на раст изнесува 7,9% и е резултат на растот кај сите компоненти, со поголем придонес на депозитните пари и краткорочните депозити во странска валута.

Месечното и годишното зголемување е резултат на растот на депозитите кај двата сектора, којшто е поизразен кај секторот „домаќинства“. Во декември, вкупните депозити на корпоративниот сектор се зголемени за 6,0% на месечна основа, речиси во целост заради растот на депозитните пари.

Годишниот раст на депозитите на корпоративниот сектор изнесува 14,6%, при најголем придонес на депозитните пари, долгорочните депозити во денари и депозитите во странска валута (краткорочни и долгорочни), додека краткорочните депозити во денари се намалени.

Од друга страна пак, иако има раст и на вкупните кредити издадени од страна на домашните комерцијални банки, обемот на доделени кредити и неговиот раст не го следи целосно зголемениот потенцијал кој банките го добиле со прибавените средства преку депозитите.

Така во ноември лани, во оптег влегле 335 милиони денари, а месечниот раст на кредитирањето во декември изнесува само 1.9%. Во декември кога се носат многу инвестициони одлуки за следната година реалниот сектор бил кредитиран со вкупно 341 милион денари. На годишна основа растот на кредитите изнесува вкупно 6%, но многу повеќе средства се слеани за кредитните потреби на домаќинствата каде има годишен раст од дури 10,5% гледано според месец декември.

Во декември, анализирано според намената на кредитите одобрени на физичките лица, кај најзастапените категории ‒ потрошувачките и станбените кредити, е забележан месечен раст од 1,3% и 2,0% соодветно, како и годишен раст од 14,6% и 12,7%, соодветно. Автомобилските кредити во декември забележаа месечен и годишен раст од 1,6% и 1,4%, соодветно. Кредитите одобрени на кредитни картички се намалени за 0,3% и 2,6%, на месечна и на годишна основа, соодветно. Кај негативните салда на тековните сметки е евидентиран месечен и годишен пад од 13,2% и 1,7%, соодветно, додека кредитите одобрени врз други основи, овој месец, се пониски на месечно и на годишно ниво за 0,4% и 10,6%, соодветно.

Компаниите во декември 2019 година добиле одобрувања за кредити во вредност од 167 милиони денари, додека пак домаќинствата биле кредитирани со 172 милиони денари.

Кај кредитите на корпоративниот сектор, во декември 2019 година, е забележано месечно и годишно зголемување од 3,3% и 1,9%, соодветно. Од аспект на валутната структура, кредитите одобрени во денари имаат малку поголемо учество во месечниот раст, додека годишниот раст во целост произлегува од кредитите во странска валута (намалено кредитирање во денари).

Вкупната каматна стапка на кредити во кои се вклучени и денарските и девизните кредитни продукти од 5,4% во 2018 година, лани се намалила и стигнала до просек од 5%.

Анализи

АНАЛИЗА: Плата v.s Трошоци – за основна живеачка потребни се 554,5 евра месечно!

Објавено

на

Расте просечната плата во државата, но растат и трошоците на живот. Според статистиката во мај годинава во споредба со истиот месец лани просечната нето плата се зголемила за 8,8%, пишува “Порталб”. Според податоците пак од Сојузот на синдикати на Македонија, вредноста на “минималната синдикална кошница” се зголемила за скоро 12 евра во јуни годинава во споредба со истиот месец лани. (more…)

Продолжи со читање

Анализи

Повеќе пари за здравството, капитални расходи, економијата и граѓаните со усвоениот ребаланс на Буџетот

Објавено

на

Повеќе приходи во буџетот, повеќе средства за капитални расходи, за мерки за поддршка на стопанството и граѓаните поради ковид-кризата, за здравството, земјоделството, за редовна исплата на плати и пензии и социјални права, се обезбедени со ребалансот на Буџетот за 2021 година што го усвои вчера Собранието. (more…)

Продолжи со читање

Анализи

Finance Think: Наместо надувување на капиталните расходи, потребно е да се стави фокус на ефикасноста на трошењето

Објавено

на

„Finance Think” во својот коментар за ребалансот на Буџетот за 2021 година порачува дека тој претставува „најгломазниот план од постоењето на државата кој треба да овозможи постпандемиски поттик на економијата“, но сепак, според нив, ребалансот укажува на недоволна волја за кратење на непродуктивните трошења и зголемување на капиталните расходи вон можноста на институциите да реализираат капитални проекти и со значајно помал обем, како што беше случајот во претпандемискиот период. (more…)

Продолжи со читање

Популарно