Connect with us

Кредити

Каматите на кредитите ќе растат – предвидуваат банкарите

Објавено

на

Завршува ерата на евтини кредити. Каматните стапки се на историски најниско ниво во моментов насекаде во светот.

 

Глобалниот финансиски пазар има вишок ликвидни средства што веќе ги тера Централната европска банка и американскиот ФЕД да почнат да влечат потези за намалување на ликвидноста. Тоа значи зголемување на каматите, а Македонија нема да биде исклучок од овој процес.

Според НБРМ, македонските банки се стабилни. Во првиот квартал од годината нивната добивка бележи стапка на раст од над 9% споредено со истиот период лани, стои во извештајот за ризиците во банкарскиот сектор. Растот доаѓа во период кога банкарските активности се намалени и заради сезонските фактори, но и заради политичката криза. Во првите три месеци од годината, депозитите минимално се намалиле.

Растело кредитирањето на населението, но помала била поддршката на корпоративниот сектор. Очекувањата се дека пазарот ќе се стабилизира, а претставниците на странските банки во земјава сметаат дека Македонија има потенцијал.

Тековите на финасиските пазари во земјава и глобално беа тема на денешниот состанок на инвестоторите во организација на Шпаркасе банка членка на Ерсте групацијата.

Банкарите предвидуваат дека каматните стапки постепено ќе растат, прво на меѓународните финансиски пазари, а потоа и во Македонија.

“Тоа ќе оди координирано и без поголеми шокови за приватниот сектор” – вели првиот човек на Шпаркасе банка, Глигор Бишев. “Македонија, како мала економија не може да влијае, па тоа што се случува во светски рамки, ќе мора да се пренесе и во земјава. Долгорочно, тоа не значи утре, не значи дека ќе има некои брзи промени, но такви се предвидувањата, почнувајќи од крајот на 2018 на светско ниво, што најверојатно ќе се пренесе и во Македонија“ – додава Бишев.

Колкав ќе биде порастот, Бишев вели дека оној што тоа би го погодил, би бил еден од најбогатите инвеститори, бидејќи тоа е најтешкото прашање.

Ова е петти по ред ваков состанок кој се организира во земјава. Врз основа на распрвата која се води на овие состаноци, инвеститорите потоа ги влечат следните потези и носат инвестициски одлуки.

Кредити

Онлајн кредити до 180.000 ден. – за сите изненадувања во животот

Објавено

на

Сите ние се трудиме повеќе или помалку да балансираме со парите кои ги заработуваме и оние кои ги трошиме, односно сакаме да ги потрошиме. Секако, оваа наша финансиска “дисциплина” може да избега од контрола ако се појават некои непланирани трошоци. (more…)

Продолжи со читање

Кредити

Нова кредитна линија од Комерцијална банка за обртни средства за вашиот бизнис

Објавено

на

На вашиот бизнис му требаат обртни средства? Комерцијална банка ви нуди кредит до 30.000.000 денари со субвенционирана камата преку Програма на Развојната банка на Северна Македонија, наменета за компании кои ја реинвестираат добивката од 2021 година. (more…)

Продолжи со читање

Кредити

Продолжува промоцијата на атрактивниот Потрошувачки кредит на Комерцијална банка со рок на отплата до 120 месеци

Објавено

на

Атрактивниот Потрошувачки кредит до 30.000 евра на Комерцијална банка доби нов промотивен период за уште поголемо задоволство на клиентите. За ненаменскиот потрошувачки кредит со рок на отплата до 120 месеци може да се аплицира до 30.09.2022 година. (more…)

Продолжи со читање


Популарно