Connect with us

НБРМ

Каматите на кредитите паѓале и во октомври, како за бизнисите, така и за домаќинствата

Објавено

на

Домаќинствата и компаниите во октомври имале пристап да поевтини кредити од банкарскиот сектор што се должи на продолжениот пад на каматните стапки за издавање на парични заеми. Според податоците со кои располага НБРМ просечната каматна стапка во октомври изнесувала 5,05% со пад како во споредба со претходниот месец, така и во споредба со октомври од минатата година

„Просечната каматна стапка на вкупните кредити во октомври продолжи да се намалува и се сведе на 5,05%, што преставува пад од 0,04 п.п. во однос на претходниот месец. На годишна основа, оваа каматна стапка е намалена за 0,37 п.п. Просечната каматна стапка на вкупните депозити забележа надолно поместување за 0,08 п.п. и се сведе на 1,28%. На годишна основа оваа камата бележи намалување за 0,15 п.п“, стои во податоците на НБРМ.

Во просек новите кредити кои биле одобрени ноември имале просечна каматна стапка од 4,26% исто така со пад како во однос на септември годинава, така и во однос на октомври 2018 година.

„Во текот на октомври, просечната каматна стапка на новоодобрените кредити оствари месечен пад од 0,20 п.п. и изнесува 4,26%, додека споредено на годишна основа, кај оваа каматна стапка е остварено намалување од 0,66 п.п“, соопшти НБРМ.

Во продолжение ќе ги погледнеме и состојбите со каматните стапки според видот на корисниците, односно според поделбата на корпоративен сектор и домаќинства односно за физички лица.

Каматни стапки на корпоративниот сектор

Трендот на пад на каматите се гледа и во одобрените кредити за компаниите при што за приватниот сектор просечната каматна стапка изнесува 4,27%.

„Просечната каматна стапка на вкупните кредити одобрени на корпоративниот сектор, во октомври, оствари месечен пад од 0,05 п.п. и изнесува 4,27%. Овој пад произлегува од намалувањето кај сите компоненти на оваа каматна стапка: каматните стапки на кредитите во странска валута (за 0,06 п.п.) и кредитите одобрени во денари без и со валутна клаузула (за 0,04 п.п., соодветно). Во однос на октомври минатата година, каматната стапка на вкупните кредити на корпоративниот сектор е намалена за 0,45 п.п“, се вели во извештајот на НБРМ.

Во поглед на новоодобрените кредити исто така има промени за издадените заеми кон компаниите со тоа што каматната стапка единствено пораснала кај денарските кредити со валутна клаузула, додека пак каматните стапки кај денарските кредити без валутна клаузула и кредитите во странска валута се намалиле во октомври годинава. Каматната стапка на новоодобрените кредити на корпоративниот сектор изнесува 3,89% и бележи месечен пад од 0,22 п.п.

Каматни стапки на домаќинствата

Во споредба со минатиот месец, каматната стапка на вкупните кредити на домаќинствата во октомври е намалена за 0,03 п.п. и изнесува 5,78%. Месечното намалување произлегува од падот кај сите каматни стапки, и тоа: на кредитите во денари без валутна клаузула (за 0,05 п.п.), кредитите во странска валута (за 0,03 п.п.), како и на кредитите во денари со валутна клаузула (за 0,02 п.п.). Во однос на октомври 2018 година, просечната каматна стапка на вкупните кредити на домаќинствата е пониска за 0,37 п.п.

Октомвриската просечна каматна стапка на новоодобрените кредити на домаќинствата изнесува 5,06% и е пониска за 0,04 п.п. споредено со претходниот месец. Намалувањето е под влијание на надолната промена кај каматните стапки на кредитите во странска валута и кредитите во денари со валутна клаузула (за 0,38 п.п. и 0,09 п.п., соодветно), додека каматата стапка на кредитите во денари без валутна клаузула е непроменета. На годишно ниво, кај каматната стапка на новоодобрените кредити на домаќинствата е забележан пад од 0,28 п.п.

НБРМ

Народната банка е добитник на наградата на „Комерцбанк“ за 2019 година, за одличен квалитет при обработката на комерцијалните плаќања и финансиските трансфери

Објавено

на

Народната банка е добитник на наградата на една од водечките меѓународни деловни банки во Европа, „Комерцбанк“, за 2019 година, за одличен квалитет при обработката на комерцијалните плаќања и финансиските трансфери. (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

Продолжува трендот на намалување на каматните стапки на кредитите

Објавено

на

Каматната стапка на кредитите во мај просечно изнесува 4,83 отсто и претставува продолжување на трендот на намалување од 0,03 процентни поени на месечно и 0,37 процентни поени, покажуваат објавените податоци на Народната банка. (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

Народната банка го објави конкурсот за Годишната награда за млади истражувачи за 2021 година

Објавено

на

Народната банка го објави конкурсот за Годишната награда за млади истражувачи за најдобар труд од областа на макроекономијата и банкарството за 2021 година. Наградата се доделува заради поттикнување на развојот на научната мисла и изработка на трудови од областа на макроекономијата и банките и банкарските системи, како и афирмација на млади и стручни кадри. (more…)

Продолжи со читање

Популарно