Connect with us

Останато

Календар на даночна регулатива – нова алатка на МФ за зголемена транспарентност и предвидливост во бизнис-околината

Објавено

на

Министерството за финансии на својата веб-страна го објави Календарот на даночна регулатива – нова алатка за транспарентност и поголема предвидливост на бизнис климата во земјава, информираат од Министерството за финансии.

Како што стои во соопштението во Календарот објавени се сите планирани промени на даночната регулатива до крајот на годината. Целта е да се информира бизнис-заедницата, како и јавноста, за да може поефикасно и поефективно да ги планираат своите активности во текот на годината.

„Новата алатка е и во правец на барањата на Стопанската комора на Северна Македонија за утврдување на Даночен календар, односно да се даде грејс-период од усвојување на даночната регулатива до нејзината примена. Ќе се оди кон одложена примена на законите од даночната регулатива, кои ќе се носат во текот на годината со најмалку шест месеци помеѓу усвојувањето на законот од страна на Владата до неговата примена. Така законите кои ќе се носат во текот на годината ќе влегуваат во важност од 1 јануари следната година, или пак, опционо, 1 јуни во текот на следната година, со исклучок и порано ако станува збор за даночни олеснувања или доколу се укаже неопходно од други причини, но со однапред утврден, транспарентен и инклузивен процес. На овој начин фирмите полесно ќе можат да ги прават финансиските планови”, стои во соопштението.

На Календарот на даночна регулатива најавени се измени на 15 законски и подзаконски акти во текот на годинава. Меѓу нив е измената за Законот за данок на додадена вредност во насока на понатамошно усогласување со Директива на ЕУ во делот на утврдување на место на вршење на промет на услуги, воведување на терминот даночен застапник, овозможување доброволна регистрација за ДДВ обврзник во текот на целата година и анализа за зголемување на прагот за задолжителна регистрација за ДДВ.

Предвидени се и измени на Законот за данокот на добивка во насока на зголемување износот кој ќе се третира како признат расход за даночни цели од регресот за годишен одмор, анализа за доуредување на начинот на пренос на загубите на терет добивките во иднина и поедноставување на одредени процедури при отпис на материјалните и нематеријални средства.

Останато

Пензионерите добиваат повисоки пензии за 6,8 проценти

Објавено

на

Со септемвриската пензија околу 330 илјади пензионери во државата добиваат повисоки пензии за 6,8 проценти, согласно новата методологија воведена со последните измени во Законот за пензиското и инвалидското осигурување, кои стапија на сила во март 2022 година. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Годишната стапка на инфлација во Белгија 11,27 проценти, највисоко ниво во последните 50 години

Објавено

на

Годишната стапка на инфлација во Белгија се искачи на 11,27 проценти во септември, што е највисоко ниво во последните 50 години, покажуваат официјалните податоци. (more…)

Продолжи со читање

Останато

МФ: Владата обезбеди 250 милиони евра со поволни услови преку германски хартии од вредност

Објавено

на

Владата донесе одлука за издавање хартии од вредност на германскиот пазар, обврзница позната како „Namensschuldverschreibungen”, односно NSV, во износ од 250 милиони евра. Како што соопшти Министерството за финансии (МФ), средствата ќе се искористат за отплата на стари долгови кои доспеваат и за финансирање на буџетски потреби. (more…)

Продолжи со читање

Популарно