Connect with us

Останато

Како ќе изгледа летање со економска класа по завршувањето на кризата со коронавирусот

Објавено

на

Јасно е дека летовите ќе бидат различни по коронавирусот, додека некои компании размислуваат за отстранување на средните седишта со цел да овозможат социјална оддалеченост, други веќе имаат развиено концепт за адаптација на економската класа, објави CNN.

Италијански дизајнери, познати како Aviointeriors, ги презентираше дизајните со новиот изглед на седиштата кои имаат за цел да обезбедат безбедна оддалеченост помеѓу патниците, во согласност со новите барања.

Наречен по бог од антички Рим, седиштето „Јанус“ има две лица и е направено од материјали кои лесно се чистат икои се безбедни од хигиенски аспект.

Ова во суштина значи дека во ред од три лица патникот што седи на средното седиште е свртен на спротивната насока на оние што се наоѓаат до преминот и на седиштето од прозорецот, за да се обезбеди „максимална изолација помеѓу патниците седи едни до други“.

Покрај тоа, секое седиште е фиксирано со штит изработен од транспарентен материјал, за да спречи размена на здивот помеѓу оние во соседните места.

Не е јасно дали овие седишта ќе пополнат целата кабина, но забележано е дека излезниот ред не може да се замени со дизајн како што е овој заради регулаторни барања, кои препорачуваат овие седишта да имаат безбедна дистанца во случај на евакуација.

Криптовалути

Објавено е првото тргување со фјучерси за биткоин

Објавено

на

Првото тргување на берзански фонд поврзано со фјучерси на биткоин беше извршено на Волстрит, што значи дека инвеститорите во криптовалути конечно го добија она што го бараа, пренесува „CNN”. (more…)

Продолжи со читање

Останато

ММФ: Авганистанската економија ќе има пад до 30 проценти, што може да доведе до бегалска криза

Објавено

на

Авганистанската економија може да се намали за 30 проценти оваа година, и тоа најверојатно ќе поттикне бегалска криза што ќе ги зафати соседните земји, Турција и Европа, објави Меѓународниот монетарен фонд. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Ковачевски: До крајот на 2022 година МФ ќе спроведе реформа во буџетското сметководство, од готовинско преминуваме на пресметковно начело

Објавено

на

Силни, ефективни и отчетни институции во јавниот сектор се клучни за воспоставување стабилно економско опкружување и одржлив раст, што се покажа и во услови на пандемијата предизвикана од ковид-19. Оттука, основната цел на водењето буџетско сметководство и буџетско известување е круцијално за управување со Буџетот и постигнување финансиска одговорност при изготвување и носење на деловните политики и одлуки, односно урамнотежено буџетско трошење од реално расположливите средства. (more…)

Продолжи со читање



Популарно