Connect with us

Домашни банки

Како ќе влијае пропаѓањето на Еуростандард банка врз банкарскиот сектор?

Објавено

на

Денес, 12 август 2020 година, Народната банка, постапувајќи согласно со Законот за банките ја укина дозволата за основање и работење на Еуростандард банка АД Скопје. Укинувањето на дозволата се должи на неисполнување на минимални законски услови за работење на банка.

Сега се поставува прашањето дали ќе се задржи стабилноста и какви последици врз банкарскиот систем ќе има по пропаѓањето на Еуростандард банка АД Скопје?

Банкарскиот систем е и останува стабилен и добро капитализиран, со висока ликвидност, уверуваат од Народната банка. По одземањето на дозволата на Еуростандард банка АД Скопје, ќе се зголеми стапката на адекватност на капиталот на банкарскиот систем, а значајно ќе се намали и нивото на нефункционалните кредити.

Учеството на Еуростандард банка АД Скопје во вкупната актива, вкупните депозити и вкупните кредити на банкарскиот систем, со состојба на 30 јуни 2020 година е само 1,3%, 1,7% и 1,6%, соодветно, и со тоа воопшто не ја доведува во прашање стабилноста на банкарскиот систем.

Потврда за ова се податоците за банкарскиот систем со состојба на 30 јуни 2020 година:

Стапката на адекватност на капиталот на банкарскиот систем забележа натамошен раст и е во рамки на историскиот максимум, 17%. Таа е повеќе од двојно повисока од законскиот минимум. Со изземање на Еуростандард банка АД Скопје, адекватноста на капиталот на системот се зголемува и изнесува 17,2%. Кај сите други банки, стапката на адекватност на капиталот е во распон од околу 14% до 22%, односно кај најголем дел е двојно повисока од минималното законско барање, што е од клучно значење за стабилноста и на одделните банки и на банкарскиот систем во целина.

Сите други банки во првата половина од оваа година работат со добивка и ликвидноста ја одржуваат согласно супервизорските стандарди (околу 30% учество на ликвидна актива во вкупна актива на банкарскиот систем). Со изземање на Еуростандард банка АД Скопје, со оглед на загубите во нејзиното работење, кај финансискиот резултат на банкарскиот систем се забележува подобрување за речиси 21%.

Нефункционалните кредити се одржуваат на историски ниско ниво од 4,7%, при што кај најголем дел од банките има нивно намалување. Со изземање на Еуростандард банка АД Скопје, нивото на нефункционалните кредити на банкарскиот систем е значајно помало и изнесува само 3,7% од вкупните кредити.

Домашни банки

НЛБ Банка овозможува тргување со акции без провизија на денешниот „Инвеститорскиот ден“ на Македонска берза

Објавено

на

По повод одбележувањето на 25 години од основачкото собрание на Македонска берза АД Скопје, Берзата денес одржува т.н. „Инвеститорски ден“. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Капитал Банка: Одложување на обврски по кредити за физички лица

Објавено

на

Капитал Банка АД Скопје ги известува своите почитувани корисници на кредитни продукти – физички лица дека периодот за пролонгација на обврските по кредитите завршува заклучно 30.09.2020 година. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

ТТК Банка АД Скопје ги затвора шалтерот и банкоматот лоцирани во ТЦ Палма мол Тетово

Објавено

на

ТТК Банка АД Скопје ги известува своите почитувани корисници дека услугите на шалтерот и банкоматот на Банката лоцирани во ТЦ Палма мол, Тетово на ул. „Скопски пат” бр. 8 ќе може да ги користат заклучно со 18.9.2020 година (петок). (more…)

Продолжи со читање

Популарно