Форекс
Како што заврши минатата, така почна и новата година – акциите на Гранит и Комерцијална банка се најпривлечни за инвеститорите


Според податоците кои ги објави Македонската берза за периодот 01.01.-31.01.2020 година вкупниот промет изнесува 581.920.924 денари и е драстично намален за 23,98% во однос на претходниот месец декември.
Класичното тргување изнесува 498.623.924 денари и е зголемено во однос на декември за 4,75%.
Во класичното тргување истргувани се акции во вредност од 489.864.160 денари и обврзници во вредност од 8.759.764 денари.
Блок трансакциите во јануари изнесувале 83.297.000 денари и бележат огромен пад од 69,42%.
Бројот на трансакции во јануари изнесувал 1.812, односно 44 трансакции повеќе во однос на декември, со што бележи раст од 2,49%.
Според бројот на трансакции, идентично како и претходниот месец, најтргувани акции на официјалниот пазар за јануари беа акциите на Комерцијална банка АД Скопје, со вкупно 456 трансакции, пред акциите на Гранит АД Скопје со вкупно 294 трансакции. Трети најтргувани акции по бројот на трансакции беа акциите на Алкалоид АД Скопје со 285 трансакции.
Според количината на истргувани акции, најтргувани беа акциите на Гранит АД Скопје со високи 51.181 истргувани акции. На второто место се наоѓаат акциите на Комерцијална банка АД Скопје со 21.178, а акциите на Стопанска банка АД – Скопје го заземаа третото место со 11.905 истргувани акции.
Целосниот месечен статистички билтен за јануари 2020 година можете да го погледнете на следниов линк.
Форекс
Руската рубља ќе стане официјална валута во дел од украинските градови


Градот Херсон во јужниот дел на Украина, за кој Русија тврди дека е под нејзина контрола, ќе премине кон користење на рубљата од 1-ви мај, објавија руски државни медиуми. (more…)
Форекс
Доларот опасно му се приближува на еврото!


Еврото утринава падна на најниско ниво во последните пет години од 1,05890 долари, откако руски „Газпром” соопшти дека ќе го прекине снабдувањето со гас за Полска и Бугарија. Падот под 1,06 долари за прв пат по пет години во однос на генерално силниот американски долар доаѓа поради зголемената загриженост околу енергетската безбедност и забавувањето на растот во Кина и Европа. (more…)
- Кредитипред 1 month
Брз онлајн кредит – за пролетно чистење сметки
- Анализипред 1 month
Кои се петте најпрофитабилни македонски компании во 2021 година!?
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во Комерцијална банка АД Скопје
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во Стопанска банка АД – Скопје
- Домашни банкипред 1 month
Промени во Управниот одбор на Шпаркасе Банка АД Скопје
- Кредитипред 2 weeks
Брзо и евтино решение за вашите финансиски потреби
- Домашни банкипред 3 weeks
Комерцијална банка денес започнува со исплата на дивиденда за 2021 година, кој ќе се „офајди” најмногу!?
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје