Connect with us
P2_P_MK_1600x400

Лични финансии

Како штедат пари во Велика Британија?

Објавено

на

Британците се познати по тоа што не знаат да штедат пари и се најлошите штедачи во светот. Една четвртина од возрасните во Велика Британијанемаат никаква заштеда. 

Но, оние кои заработуваат добро и живеат во Лондон имаат свои тактики на заштеда и се најголемите штедачи во Велика Британија. Не е тајна дека Лондон е град со највисоките трошоци за живеење во светот.

Откако ќе се платат киријата и сметките, остатокот од платата оди на храна и на неопходности – па како треба да заштедиме за одмор или да купиме сопствен имот?

Според анализата на однесувањето на оние кои успеваат да заштедат пари во месецот, има 7 основни активности кои ги почитуваат. Тие се:

  1. Одлучете колку пари ќе можете да потрошите неделно.
  2. Чувајте ги сите сметки и така ќе имате увид колку точно трошите. Ако ја надминете сумата од чекор 1, време е да намалите со трошење.
  3. Укинете ги лошите навики.
  4. Научете да преговарате особено ако пазарите на големо или на неделно ниво.
  5. Поставете си цел зошто сакате да ги заштедите парите.
  6. Видете кој услови ќе ви ги понуди банката ако штедите кај нив.
  7. Користете ја апликацијата на вашата банка за да имате увид во вашите финансии во секое време.

Тоа што е најважно во целата приказна е дека мора да имате силна мотивираност за штедење. Само со силна волја е возможно да заштедите пари. Дали сте во Лондон, Берлин или Скопје, според многу аналитичари мотивацијата е клучна во штедењето.

Лични финансии

Одговорете на вечното прашање: На што всушност трошиме пари?

Објавено

на

Управувањето со буџетот ни помага да ги оствариме поставените финансиски цели, да ги заработиме парите коишто ни се потребни на месечно ниво за да го имаме она што го посакуваме и притоа да имаме увид дали сме на добар пат во управувањето со финансиите. (more…)

Продолжи со читање

Лични финансии

Дали најдобрите продавачи се родени или обучени за тоа?

Објавено

на

Во соработка со Македонската Асоцијација за Продажба во периодот што следи ќе објавуваме текстови кои ќе ви помогнат да ги подобрите продажните вештини, да ја зголемите самодовербата и да го подобрите вашиот продажен ефект. (more…)

Продолжи со читање

Лични финансии

Што треба да знаете за колатералот при барање кредит од банка?

Објавено

на

Наједноставно кажано, колатералот е некој вид имот приложен од страна на клиентот, како гаранција или обезбедување во однос на идната отплата на кредитот којшто банката би му го одобрила на клиентот. Различни видови недвижен и подвижен имот можат да послужат како колатерал, како што се: станови, куќи, деловни простории, автомобили, опрема, хартии од вредност, депозити, побарувања. Во случај клиентот да не може да го врати кредитот, банката има право да го преземе имотот и преку негова продажба да ја надомести загубата врз основа на ненаплатениот кредит. (more…)

Продолжи со читање
Unibanka_banner_300x250

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange