Connect with us

Останато

Како храбрата ѕвезда на Game of Thrones води стартап бизнис?

Објавено

на

Популарната млада актерка Мејси Вилијамс која беше апсолутен фаворит на фановите на серијата Game of Thrones, освен што успешно се бореше со бели шетачи и непријателски армии на малите екрани, сега успешно зачекорува и во бизнис светот.
Неколку месеци по завршувањето на глобалниот феномен Game of Thrones, Мејси откри дека го лансира нејзиниот стартап Daisie, нова онлајн платформа за развој на таленти и нивно поврзување со шоу-бизнис светот. Daisie е замислена како централно веб место за сите кои се креативни, а потребни им се соработници и поддржувачи.

Засега Daisie има голема финансиска поддршка од едни од најдобрите фондови за ризичен капитал (Venture Capital Fonds) меѓу кои Founders Fund и Kleiner Perkins. За само неколку месеци на кампања стартапот Daisie веќе има над 50 илјади корисници. Стартапот го има основано со нејзиниот партнер Дом Сентри кој е филмски продуцент, за време на напорните снимања на сцените од осмата сезона на Game of Thrones.

„Кога снимав, јас и Дом комунициравме преку FaceTime во 11 часот навечер, па така многу големи одлуки беа донесени. Кога го завршив снимањето на серијата веднаш влегов во канцеларија, секојдневно работев се додека не го лансиравме нашиот стартап“, раскажува Мејси за нејзиното искуство.

Мејси, иако нема претходно никаков допир со стартап светот или технологијата, на новата задача и пристапила исто како со глумата, односно улогата на Арија Старк и деновите со Game of Thrones ја подготвиле за бизнис авантурата. Соочувањето со режисери и кастинг директори ја направиле Мејси да научи што всушност сакаат луѓето, а како таа да им ја пренесе потребната порака. Затоа и на тој начин успешно контактира со партнерите, клиентите и инвеститорите водејќи го главниот маркетинг на Daisie стартапот.

„Понекогаш, луѓето ќе ги прават работите заради очекувањата на другите луѓе, не затоа што тоа е нивна визија за себе. Но, ако можете да притиснете да се видите себеси навистина јасно и да знаете како помагате во одредена кауза, тогаш стигнувањето до крајната точка станува многу полесно. Го наоѓате тоа основно чувство затоа што припаѓате некаде. Колку побрзо ќе можете да разговарате самите со себе, порано ќе може да знаете што навистина сакате за вашиот живот“, порачува инспиративната Мејси.

Останато

Лансирање на е-продавница за време на пандемија – како IQOS го претвори предизвикот во можност

Објавено

на

„Нашиот иницијален план беше да се лансира IQOS на нашиот пазар во почетокот на април, но како ситуацијата со пандемијата стануваше сé посериозна, увидовме дека пандемијата наметна многу побрзо привикнување на корисниците на дигиталните канали, со што стана јасно дека мора да се искористи времето од одложениот старт за да се подготви е-продавница и така со лансирањето на IQOS се започна и со онлајн продажба“. Ова го истакна Јана Дурнева, менаџер за дигитална поддршка и грижа за корисници на производи со намален ризик при Филип Морис Интернешнал на овогодинешната конференција за е-трговија, насловена „E-трговија & COVID-19: Предизвиците и можностите!“. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Бесими: Со буџетот за 2021 година се обезбедува поголема поддршка за домашното стопанство

Објавено

на

За поддршка на инвестициите, конкурентноста, малите и средни претпријатија, домашниот туризам, како и целокупната област за економски развој во 2021 година се обезбедени за 4,5 проценти поени повеќе во однос на буџетот 2019 година, односно со буџетот за 2021 година 24% од расходите се наменети за економски развој, рече министерот за финансии Фатмир Бесими на комисиската расправа за буџетот во Собрание. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Ангеловска: Сега повеќе од било кога имаме шанса да го забрзаме патот кон смарт и дигитално опшество!

Објавено

на

На првиот ден од годишната конференција за е-трговија која годинава се одржува по трет пат се обрати поранешната министерска за финансии и актуелен претседател на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија, Нина Ангеловска, која ги презентираше најновите истражувања за трендот на е-купувањето во државата.

„Сега повеќе од било кога имаме шанса да го забрзаме патот кон смарт и дигитално опшество кое значи праведно и правично општество, општество кое нуди еднакви шанси и можности за сите, кое овозможува побрз, позелен и одржлив економски развој. Северна Македонија има голем потенцијал за е-трговија, само треба што поскоро да го отклучиме и да ја ставиме дигитализацијата на нашата нација во петта брзина”. посочи Ангеловска во нејзиното поздравно обраќање.

КОВИД-19 влијаел на промената на потрошувачите навики на македонските е-купувачи и 36% од нив го зголемиле обемот на онлајн купување.

По однос на прогресот на е-трговијата остварен од 2017 до 2019 година, Ангеловска вели дека имаме предуслови за побрз развој на е-трговијата, а сепак се движиме со далеку послабо темпо од останатите земји. Во 2019 година, 36% од населението со интернет пристап направило онлајн нарачка, наспроти 20% во 2017 година. Просекот во европските земји изнесува 71%.

„Вредноста на онлајн трансакциите кои Македонците ги направиле кон домашни е-трговци во вториот квартал 2020 бележи раст од 177 проценти. Позитивно е што структурата се менува и повеќе купувања/плаќања се прават кон дома.“ – додава поранешната министерка.

Kaj 66% од анкетираните е-трговци продажбата на физички локации се намалиле, додека онлајн се зголемила, додека 29% забележалале раст и на онлајн и на офлајн продажбите. Најголем предизвик за е-трговците е ниското ниво на дигитални вештини на населението, а потоа наоѓањето на квалификуван кадар. COVID-19 влиаел на промена на навиките на е-купувачите, од анкетираните 2.800 испитаници, 37% значително повеќе купуваат онлајн, близу 20% за прв пат почнале да плаќаат сметки онлајн и да користат владини е-услуги. Пониската цена има најголемо влијание на одлуката за онлајн купување.

„Иако останува неизвесно колку ефектите од овој „принуден раст“ ќе бидат долготрајни, позитивно е што дури 76% рекле дека ќе продолжат да купуваат со ист обем и по COVID-19.” – објасни Ангеловска.

Во спроведените прашалници посветен е и дел на нарачките преку социјални медиуми, како еден од главните канали за сива економија во е-трговија.

Како што објаснува Ангеловска, речиси половина од анкетираните (47%) се изјасниле дека прават нарачки преку социјални медиуми при што 48% од нив никогаш не добиваат фискална сметка. Иако најголем дел од нив се запознаени со ризиците дека не се заштитени како потрошувачи, како и дека се учесници во сивата економија тие велат дека ги прифаќаат ризиците и го прават тоа затоа што им е позгодно и полесно.

Од 40% од e-трговците кои кажале дека примаат вакви нарачки, 37% од нив стравуваат дека ќе ја изгубат потенцијалната продажба ако не ги прифаќаат нарачките директно преку пораки.

Продолжи со читање

Популарно