Connect with us

Анализи

Како функционира и што нуди новата алатка Отворени финансии?

Објавено

на

Министерството за финансии со новата дигитална алатка “Отворени финансии” на увид на јавноста ги стави сите трансфери од буџетот на државата, како по извршените трансакции кон корисниците на буџетските сметки односно државните институции, така и кон економските оператори од приватниот и јавниот сектор за набавените стоки и услуги.

Платформата е надополнување на алатката “Отворени податоци” која беше промовирана за приказ на трошоците кои ги прават владините функционери. Следен чекор треба да биде и дигитален пристап до сите трошења на единиците на локалната самоуправа кои се и повеќе од потребни бидејќи општините се презадолжени, а градоначалниците често се обвинувани за непродуктивни трошоци.

Новата платформа “Отворени финансии” нуди приказ на приматели и даватели на средства од буџетот и може да пребарувате по назив, ако ве интересира состојбата со конкретна институција или буџетски корисник. Понатаму може да се пребарува и со еден генерален пребарувач.

Една од предностите на оваа алатка е можноста за преземање на графикони и табели со податоци во соодветен формат директно од самиот портал.

Опцијата календар ќе ви овозможи да пребарувате буџетски трансакции за конкретен датум или за одреден временски период, што значи дека ќе може да се прават и споредби.

Дигиталната алатка “Отворени финансии” треба да им послужи на новинарите кои прават истражувања како се распределува и троши буџетот, на невладините и граѓански организации кои вршат мониторинг на јавните пари и секако на секој заинтересиран граѓанин или компанија кои имаат интерес за увид во реализација на буџетот.

Засега забелешки за новата платформа е што има одредени багови во функционирањето од смартфон, односно откако ќе одберете институција како примател на буџетски средства скролањето ве враќа веднаш на врвот на листата со проблеми да листате надолу.

Оваа алатка е секако позитивна и е во “друштво” на алатката за преглед на реализацијата на капиталните инвестиции од буџетот. Затоа потребно е алатките дополнително да се развиваат и нудат повеќе информации за самиот контекст на работата на институциите.

Односно веќе имаме можност да видиме колку, каде и како се потрошени или наменети буџетските средства, но се уште недостасува поголем и подобар приказ на прашањето за што се потрошени парите и кој е ефектот.

Секако, за такви анализи потребни се и подлабоки истражувања, соработка, отвореност и придонес од самите институции кои треба да ја подобрат својата транспарентност и отчетност покрај тоа што Министерството за финансии е детерминирано да лансира се повеќе дигитални алатки за јавноста.

На порталот податоците ќе бидат обновувани на секои 15 дена, а има преглед од 2010 година наваму.

Анализи

Порака од Светската Царинска Организација по повод 26 јануари – Меѓународен ден на царината

Објавено

на

Царинската заедница повторно се здружува, обединета во одбележувањето на Меѓународниот ден на Царината, кој традиционално секоја година се одбележува на 26 јануари. На овој посебен ден членките, секретаријатот и партнери на СЦО од целиот свет се посветуваат на одредена тема. Така, во 2020 година, под слоганот „Царина се грижи за одржливост на граѓаните, просперитетот и планетата“, Царинската заедница ќе се фокусира на придонесот на Царината кон одржлива иднина при што социјалните, економските, здравствените и еколошките потреби ќе бидат во сржта на нејзините активности. (more…)

Продолжи со читање

Анализи

Каматите паѓаат – Кредитите и депозитите се во пораст но, на чие конто?

Објавено

на

Каматните стапки за кои сигнализира Народната банка со олеснување на монетарната политика бележат намалување ако се споредат последните два месеца од годината за 2018 и 2019. Според најновите статистики просечната каматна стапка изнесувала околу 5%. Забележан е поголем раст на штедењето на домаќинствата, како и на корпоративниот сегмент гледано според податоците за ноември и декември 2019 година. (more…)

Продолжи со читање

Анализи

Зошто совршениот лидер не треба да се плаши и што се мора да поседува?

Објавено

на

Не е тајна дека на задоволството на вработените од работата, освен висината на платата и условите за работа, исто така значително влијае и односот со надредениот. (more…)

Продолжи со читање

Популарно