Connect with us

Депозити

Како со Е-Касичка на Халкбанк може да трошите и штедите?

Објавено

на

Халкбанк претстави нов производ за штедење на корисниците, кои додека прават трансакции одредена сума на пари може да ја одделуваат на нивната штедна сметка.

Со Е-Касичка на Халкбанк може да одберете два начина на штедење на пари со секоја направена трансакција на ПОС терминал преку MasterCard Debit Contactless картичката.

Првиот начин на штедење е со заокружување на износот на сумата со следниот цел број, со избор од 10, 50, 100, 200, 500 денари. Така на пример ако трансакцијата изнесува 59 денари, сумата ќе се заокружи на 100 денари, а на штедната книшка ќе се издвојат 41 денар, доколку сумата е 182 денари за штедење ќе се пренасочат 18 денари, а доколку платената трансакција изнесува 327 денари, за штедење ќе издвоите 73 денари.

Вториот начин на користење на Е-Касичка на Халкбанк е со поставување на фиксна сума на пари која ќе се префрла на штедната сметка со секоја направена трансакција со MasterCard Debit Contactless картичката, со избор на износи од 10, 20, 50 или 100 денари.

Со овие две пресметки може да одлучите која најмногу одговара на вашите потреби за штедење согласно со редовноста на користење на MasterCard Debit Contactless картичката. Минимален влог на депозитот при негово отворање на денот на потпишување на договорот е 100 денари.

Каматната стапка на штедниот депозит е фиксна и изнесува 1% годишно, а рокот на орочување изнесува 12 месеци. Исплатата се врши на крајот на доспевање, со можност за делумни исплати од депозитот пред истекот на датумот на доспевање, при што на повлечениот дел од депозитот се пресметува камата по видување, додека на останатиот дел се пресметува камата по договор.

При доспевање на депозитот автоматски се реорочува согласно договорот. При предвремено раскинување на депозитот банката пресметува камата по видување според Одлуката за каматни стапки на Банката.

Депозити

Швајцарските клиенти почнаа да ги повлекуваат своите депозити од банките

Објавено

на

Една од главните активности на банките е да приберат што поголем број на депозити од нивните клиенти. Сепак, швајцарските приватни банкари се жалат дека некои нивни клиенти повлекле голем дел од своите пари од банките за да ги чуваат безбедни, и покрај фактот дека оваа земја има репутација како најбезбедно и најсигурно место во светот за складирање пари за богатите инвеститори., пренесува CNN. (more…)

Продолжи со читање

Депозити

Данскиот експеримент дава резултати – „Заштедувате, но истовремено и инвестирате“

Објавено

на

Најновата анкета меѓу банките во Данска покажува дека до 1 јануари 2020 година во оваа земја се отворени нешто повеќе од 50.000 инвестициски штедни книшки. (more…)

Продолжи со читање

Депозити

НЛБ Банка ги намали каматните стапки на депозитите за физички лица

Објавено

на

НЛБ Банка ги намали каматните стапки на депозитите за физички лица во МКД и ЕУР од 0,01 до 0,52 процентен поен. Новите каматни стапки се со важност од 15.1.2020 година. (more…)

Продолжи со читање

Популарно