Connect with us

Домашни банки

Како се стопи добивката на Комерцијална банка и ќе има ли раст до крајот на годината?

Објавено

на

Комерцијална банка АД Скопје споредено со првите девет месеци од минатата година има пад на добивката од речиси 25%, односно бележи помал профит со вкупен износ од 1,3 милијарди денари или нешто над 21 милион евра. За периодот од 1 јануари до 30 септември 2019 година Комерцијална банка остварила вкупни приходи од 3 милијарди денари или околу 50 милиони евра и тоа претставува пад од 13,3%. Сапак, падот е забележителен, поточно добивката е намалена за 420 милиони денари или околу 7 милиони евра за период од девет месеци споредено со истиот период лани.

Наплатените побарувања од ФЕНИ и продажбата на имот на должници ја прават разликата

Комерцијална банка излезе и со официјален коментар на финансиските резултати остварени во првите три квартали од годинава и како главни причини за намалување на приходите за една четвртина ги наведува ланското осигурување на побарувањата со продажбата на производителот на фероникел Фени од Кавадарци, како и помалите приходи од продажба на недвижен имот. Како споредба се зема продажбата на преземениот имот од должникот Брилијант Штип минатата година со вредност од 6,6 милиони евра. Според КБ, во овој период од друга страна пак растеле приходите од провизии и нивниот раст е реализиран со високи 101,9%. Исто така има мал раст на приходите од камати на кредити на населението кое биле одобрени во поголем број од претходниот период, додека пак кај приходите од останати кредити има пад од 5,3%.

„Помалку остварениот финансиски резултат во тековниот период се должи на два настани кои имаа клучно влијание на структурата на приходите на Банката во истиот период од минатата година. Имено, во текот на првиот квартал од 2018 година беа финализирани интензивните активности на Банката за решавање на статусот на должникот ФЕНИ – Кавадарци, такашто беше склучен и реализиран договор за продажба на побарувањата од ФЕНИ, со што во билансите на Банката беше евидентирано ослободување на исправката на вредност и истото имаше соодветен ефект врз остварениот финансиски резултат. Дополнителен ефект во минатата година имаше и реализираната висока капитална добивка од продажба на преземен имот. Наспроти ова, во тековниот период доминираат приходите од редовни активности и се забележува стабилизирање на нивото на исправката на вредност на финансиските средства и посебната резерва за вонбилансни изложености“ велат од Комерцијална банка.

Приходите од провизии растат како квасец

Според податоците кои ги обезбеди Комерцијална банка нето приходите од провизии и надоместоци на 30.09.2019 година изнесуваат 705,4 милиони денари или околу 11,4 милиони евра и во однос на истиот период од минатата година бележат зголемување од 13,0%. Планот за анализираниот период како што веќе наведовме е остварен со 101,9%.

Повеќе приходи од камати за домаќинства, помалку од нефинансиски друштва

Во овие девет месеци од тековната година Комерцијална банка има пад на приходите од камата на кредити за нефинансиски друштва од 5,3%, додека пак минимално се зголемени приходите од камата за кредити издадени на домаќинствата.

Нето-приходите од камата претставуваат основна компонента во формирањето на вкупните приходи од работењето и на 30.09.2019 година истите бележат намалување од 5,3% во однос на истиот период од минатата година главно како резултат на намалени приходи од камата од кредити дадени на нефинансиски друштва, поради намалување на нивната состојба, како и од намалени приходи од камати од секторите држава и финансиски друштва поради намалени каматни стапки на државните и благајничките записи. Наспрема тоа, приходите од камата од секторот домаќинства бележат минимално зголемување поради зголеменото кредитирање споредено со истиот период минатата година и покрај намалување на активните каматни стапки. Планот за анализираниот период е остварен со 93,4%.

Претпазливост со евроинтеграциите, но и оптимизам од реалниот сектор

Во очекувањата за претстојниот период од Комерцијална банка се уверени дека ќе го постигнат планираниот раст од 3,5% поради поволните пазарни услови, зацртаниот раст на домашната економија потврден и од меѓународните финансиски институции, забрзување на инфлацијата во очекуваните рамки, како и стабилните макроекономски услови.

„Макроекономските услови во кои Банката ќе ја остварува својата активност до крајот на 2019 година подразбираат остварување на зацртаниот раст од 3,5% како резултат на солидните движења во реалниот сектор во изминатиот период. Притоа, внимателно ќе се следат новонастанатите околности поврзани со евроатлантските интеграции на земјата и ризиците од намалување на глобалниот раст. Како резултат на остварениот позитивен импулс во реалниот сектор во првото полугодие, се очекува растот на БДП во 2019 година да достигне 3,5%. Ваквите очекувања се потврдени и од последните оценки за растот на земјата дадени од ММФ. Стабилните макроекономски услови ќе се потпираат на стабилната и предвидлива инфлација и стабилниот номинален девизен курс на денарот во однос на еврото. Се очекува просечната годишна стапка на инфлација, мерена преку индексот на трошоците на животот, во 2019 година да се движи околу 2%. Тоа значи мало забрзување на инфлацијата во однос на 2018 година“ прогнозираат од Комерцијална банка.

Домашни банки

Халкбанк преку кампања “На наша сметка” инвестира над 25.000 евра за поддршка на угостителскиот сектор

Објавено

на

Како дел од својата заложба за поддршка на малите бизниси погодени од корона-кризата, Халкбанк продолжува со уште една кампања наречена „На наша сметка“ преку која дава директна помош на вкупно 133 локали од угостителскиот сектор низ целата територија на земјата. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Какви се очекувањата на Стопанска банка а.д. Битола за претстојниот период?

Објавено

на

Во периодот од 01.01-30.06.2020 година Стопанска банка а.д. Битола од своето работење оствари позитивен финансиски резултат во износ од 52,42 милиони денари и покрај пандемијата на коронавирусот којашто го зафати светот. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Стопанска банка а.д. Битола оствари добивка од 52,4 милиони денари во првите шест месеци од 2020 година

Објавено

на

Во првата половина од 2020 година, Стопанска банка а.д. Битола беше фокусирана на остварување на клучните стратешки, деловни и финансиски цели во услови на вонредна состојба во државата и во услови на глобална економска неизвесност наметната од пандемијата од вирусот COVID-19. Банката настојуваше да го приспособи своето работење на новонастанатата ситуација залагајќи се, пред сè, за безбедност на клиентите при користењето на услугите на Банката, како и за безбедност на вработените на работните места. (more…)

Продолжи со читање

Популарно