Connect with us
P2_P_MK_1600x400

Колумни

Како се користат онлајн казината за перење пари?

Објавено

на

Со оглед на тоа што коцкањето е составен дел во секојдневното живеење на луѓето, истото се користи и како совршена алатка за перење пари од неколку причини.

Првата причина е тоа што го намалува ризикот од откривање што значи намалување на веројатноста од изрекување на парична казна. Втората причина е тоа што, исто така, го намалува ризикот од откривање, но исто така му овозможува на операторот да ги зголемува приходите нагоре (за перење пари) или надолу (за да заштеди даноци). Третата причина е тоа што ги намалува трошоците за секој кој користи оператор за коцкање за да пере пари: додека другите видови перење на пари доведуваат до добивката на деловните приходи кои се оданочуваат, коцкањето овозможува постапки за ослободување од даноци.

Ризикот од перење пари преку коцкање е долго познат и затоа казината се регулираат за да се спречи тоа барем во поголем обем.

Сепак, со напредокот на компјутерите и Интернетот се воведе и нов начин на коцкање: онлајн коцкање. Само во 2011 година, претежно нелегалните или нерегулираните пазари на коцкање преку интернет донесоа бруто приход од 24 милијарди долари за операторите. Во моментов околу 3.000 веб-страници нудат производи за коцкање, како што се казино игри, спортски обложувања, покер бинго или таканаречени игри на вештина (casinocity 2014). За депозит, клиентите можат да изберат помеѓу 311 различни методи за плаќање (casinocity 2014). Овие најчесто вклучуваат кредитни картички, но исто така и дебитни картички, припејд картички, ACH системи на плаќање, чекови, трансфери играч-играч (P2P), па дури и (мобилни) телефонски сметки и готовина.

Во онлајн коцкањето може да се разликуваат три различни видови на перење пари:

1.Нелегалното коцкање е како нелегална трансакција и затоа сите негови постапки се прекршок сам по себе покрај прекршокот што се категоризира како перење пари.
2. Нелегалната трансакција се случила ex ante и средствата потоа се пренеле со обложување и добивање на било какви исплати кога коцкарите победуваат.
3. Коцкањето може да се користи како алатка за плаќање за нелегални трансакции, на пример со исплата на коцкарски победи на добавувачот на нелегално добро.

Првиот случај не е релевантен за прашањето на перење пари на постапки за организиран криминал; со правење коцкарски закони тенденцијата е оваа форма на перење пари да стане помалку атрактивна. Другите две форми на перење пари, особено случајот каде што “валканите” пари се користат како удели во игри што треба да се претворат во добивки од коцкање, се важни, бидејќи им дозволуваат на дилерите со дрога или дилерите со оружје да ја пренесат својата нелегална добивка во правниот систем.

Со оглед на тоа што Онлајн-коцкањето се проценува дека вреди околу 39 милијарди долари, индустријата е изложена на ризик да стане безбеден рај за перење пари.
Меѓународниот монетарен фонд проценува дека секоја година се перат 1,5 трилиони долари, што е еднакво на пет отсто од БДП во светот, а неколку десетици милиони долари од оваа сума се перат и преку онлајн игри.

Компанијата за безбедност на софтвер McAfee предупредува за брзиот раст на нелегалните веб-страници за коцкање преку интернет, кои што се толку плодни со што им се отежнува на властите да го следат готовинскиот тек на парите поради тоа што се анонимни и лесни за маскирање. Бројот на лиценцирани веб-страници за коцкање е едноставно капка во океанот во споредба со сајтовите што не се лиценцирани. За секоја лиценцирана интернет-игра за коцкање, може да има до девет нелиценцирани интернет-игри за коцкање.

Речиси е невозможно да се одредат онлајн сајтовите кои имаат најголема корисничка база, поради огромната количина на локации за игри со вистински пари кои се повеќе се појавуваат на интернет. Некои игри бараат месечна претплата, додека мнозинството едноставно зема мал, но не незначителен процент од какви било повлекувања или депозити направени на сајтот, што значи дека некои од поголемите сајтови, располагаат со значителни количини на пари. Со сите овие пари во игра, многу е лесно да се изгуби патеката за помалите суми, и ова е местото каде што оние кои имаат “валкани” пари и кои имаат потреба од перење може да ги искористат. Со оглед на тоа што пристапот до онлајн игрите станува сè поприсутен, се повеќе и повеќе средства се депонираат во онлајн казината секој ден. Поради нивната способност да задржат и складираат пари, овие сајтови стануваат идеално решение за оние кои бараат да се “исперат” валкани пари, бидејќи тие обезбедуваат извонреден извор на “приход” со текот на времето. Со пренесување на незаконски профит во кредити на игри, сајтови или чипови во онлајн казина, криминалците потоа може да ги враќаат своите поени назад во свежа парична колична и за истите сега можат да тврдат дека се дојдени од легитимен извор. Се разбира, ако некој корисник треба да воспостави сметка и веднаш да го изврши овој процес, ризикува посета од властите многу брзо, па “перачите” на пари мора да бидат малку посуптилни со нивните постапки. За да се избегне сомневање, оние криминалци кои сакаат да “исперат” значителен износ на готовина треба да постават десетици банкарски сметки за да ја поделат својата заработка во помали суми, задржувајќи ги депозитите под 10.000 долари. Тие, исто така, треба да користат серија нови сметки на низа онлајн игри, наместо да го прават целото нивно перење од истиот извор поради тоа што нема да имаат долго време пред администраторите да ја забележат прилично сомнителната активност. Секоја сметка направена тогаш бара еден или повеќе приливи од готовина, а корисникот треба да направи малку легално коцкање пред конечно да ги повлече своите средства по непромислено време. Тоа е долг и исцрпен процес, кој најверојатно се случува неколку месеци, но тоа е опција за оние кои бараат да ги сокријат нивните злосторства и да го задржат профитот.

Пример за користење на онлајн коцкање за перење $ 10.000 од нелегални извори

Пример за онлајн коцкање како алатка за плаќање за нелегални трансакции

Пример за процес на плакање што вклучува кредитни картички и “payment gateway”

Бидејќи криминалците стануваат свесни за скриениот потенцијал на онлајн игрите, можно е да гледаме натамошно зголемување на перењето пари во текот на следните години, што ја јавува и потребата од зајакнување на регулативата и за овој вид на бизнис.

Христијан Блажовски – Овластено лице за спречување перење пари и финансирање тероризам

Колумни

“СЕКОЈ Е ЗАМЕНЛИВ”

Објавено

на

Последниве години тенденција во банкарскиот сектор, па и пошироко, е да си заминуваат квалитетните кадри, а на нивно место да се вработат неколку класи помалку едуцирани вработени кои ќе се “обидат” да го надоместат отсуството на нивниот претходник. (more…)

Продолжи со читање

Колумни

Како популарните игри Fortnite и Clash of Clans се користат за перење пари?

Објавено

на

Кога мислите на перење пари, лесно е да се замислат салони за нокти, школки корпорации или банкарски сметки во странство. Но, како што се појавуваат нови технологии како криптовалутите, така се појавуваат и нови методи за претворање на нелегално стекнатите придобивки во оданочен приход. Сепак, најочигледните методи не се најдобри. Додека биткоинот продолжува да напредува, креаторите на политики, полицијата и обвинителите инвестираат повеќе ресурси во борбата против нелегалните шеми. Како одговор, постои сомневање дека претприемничките криминалци се свртуваат кон поиновативни решенија, како перење пари со помош на масивни мултиплеер игри. (more…)

Продолжи со читање

Колумни

Клиенти кои знаат сè…

Објавено

на

Сите сме ја слушнале познатата изрека “Клиентот е секогаш во право” и до некаде може да се сложиме со оваа констатација единствено поради фактот дека ние – продавачите сме таму токму поради клиентите и реализирањето на нивните барања, потреби, желби, но… (more…)

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange