Анализи
Како се движат парите во македонската економија?


Според податоци од извештајот за финансиска стабилност кој го објавува Народната банка во 2016 година, во земјава во корпоративниот сектор се потребни 116 дена за наплата на побарувањата. Ако станува збор за извозно ориентираните компании рокот е 79 дена.
Податоци пак за наплатата на долговите меѓу фирми во развиените земји покажуваат дека таму рокот е значајно понизок. Така, во Германија за наплата се чека по 25 дена во просек, во Шведска по 30 дена, во Австрија 34 дена, во Франција 42 дена во просек. Во соседна Грција тој просечен рок е околу 60 дена, додека во Италија е 85 дена.
Иако законскиот рок за плаќање во Македонија е 60 дена, компаниите често го пролонгираат плаќањето.
Законот за финансиската дисциплина подразбира приватните субјекти со договори да се обврзат да си ги платат меѓусебните обврски во рок од 60 дена или да се договорат меѓусебно да го сторат тоа за максимум 120 дена. Во договорите меѓу јавните претпријатија и приватните фирми рокот не смее да е подолг од 60 дена. Почетниот износ за одмерување на глобите изнесува 10.000 евра за економски оператор од приватниот сектор- трговско друштво, трговец поединец и правно лице кое врши профитна дејност и е регистрирано согласно закон доколку не ја исполни паричната обврска во законски утврдените рокови.
Ако земеме во обзир дека секоја фирма чека да наплати за своите производи и услуги, минимум дупло подолго од законски одреденото, фирмите имаат сериозен проблем со ликвидноста. Ова може да влијае и на исплатата на плати на вработените и задолжувања према банките за одржување на нормални финансиски текови на фирмата.
Во суштина, секоја фирма во Македонија му должи на некого пари и се задолжува (најчесто со кредити во банка) за да ги покрие обврските.
Анализи
„Finance Think”: Сивата економија во 2020 година намалена во однос на 2006 година


Сивата економија во 2020 година е намалена во однос на 2006 година, а најголемите намалувања се случиле за време на финансиската криза во 2009 година и по воведувањето на минималната плата во 2012 година, покажува најновото истражување направено од Институтот за економски истражувања и политики „Finance Think”. (more…)
Анализи
Кои се петте најпрофитабилни македонски компании во 2021 година!?


Македонскиот приватен сектор полека, но сигурно се опорави од пандемијата на Covid-19 вирусот, а доказ за тоа е зголемената профитабилност на компаниите за претходната 2021 година. Македонските компании ја зголемиле добивката за 22,64 проценти во однос на истиот период од претходната година. (more…)
Анализи
АНАЛИЗА: Паѓаат каматите за депозитите и за кредитите – зголемена внимателност од нови задолжувања!


Банкарската 2022 година започна со пад на каматите и за депозитите и за кредитите. Каматите за штедење остануват под 1%. Во првите два месеци од оваа година на месечно ниво депозитите се намалиле додека кај кредитирањето има раст од 0,9% во февруари, пишува „Порталб”. Податоците покажуваат дека граѓаните и фирмите се задолжуваат со зголемена внимателност – потврда и од банкарите дека во првиот квартал од годинава очекуваат намалување на побарувачката за кредити од страна на фирмите. (more…)
- Кредитипред 1 month
Брз онлајн кредит – за пролетно чистење сметки
- Анализипред 1 month
Кои се петте најпрофитабилни македонски компании во 2021 година!?
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во Комерцијална банка АД Скопје
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во Стопанска банка АД – Скопје
- Домашни банкипред 1 month
Промени во Управниот одбор на Шпаркасе Банка АД Скопје
- Кредитипред 2 weeks
Брзо и евтино решение за вашите финансиски потреби
- Домашни банкипред 3 weeks
Комерцијална банка денес започнува со исплата на дивиденда за 2021 година, кој ќе се „офајди” најмногу!?
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје