Connect with us

Странски банки

Како рускиот банкарски гигант стана највредна европска банка!?

Објавено

на

На 7-ми октомври, „Sber“ (порано позната како „Sberbank“) стана највредната банка во Европа. Претходно, првото место го држеше британската „HSBC“, објавија руските медиуми.

Како што пренесе „IntelliNews“, рускиот берзански индекс „RTS“ скокна во втората недела од октомври и за прв пат во една деценија ја проби границата од 1.800 поени. Иако водечкиот индекс на „RTS“ се зголеми за околу 32 проценти од почетокот на годината, повеќето инвеститори вниманието го насочија кон банкарскиот сектор кој порасна за над 70 проценти на 8-ми октомври. „Sber“ и „TCS Group“ привлекоа најголемо внимание со поттикнување на раст на вредноста на секторот.

Цената на акциите на „Sberbank“ скокна на историски максимум. Една акција вредеше повеќе од 366 рубљи, односно 5,10 американски долари, а пазарната капитализација надмина 8,25 трилиони рубљи или 113 милијарди долари, дури 30 милијарди повеќе од британски „HSBC“.

Потпретседателот на „Sberbank“, Владислав Креинин, во интервју рече дека растот на чисто банкарските услуги, земајќи ја предвид новата регулатива, ќе биде ограничен во следните десет години и дека целиот раст ќе дојде од пресвртот на банката кон финансиските и интернет услугите, според „Russia Business Today“.

Околу 100 од 13 илјади подружници на банката веќе се трансформирани во рамки на новиот екосистем, а во план е отворање на уште околу шест илјади.

Освен тоа, „Sberbank“ излезе и надвор од самото банкарско работење. Токму деновиве беше објавено дека најголемиот руски заемодавач и интернет компанијата Маил.ру вложиле дополнителни 12,2 милијарди рубљи во своето заеднички вложување во возењето и доставата на храната.

Пред неколку месеци „Sberbank“ најави дека планира да го намали присуството на европскиот банкарски пазар поради влошувањето на геополитичките услови. Веќе ја напуштија Турција, а разгледуваат начини како да го намалат своето присуство во Европа.

Сбербанка е присутна во Европа со банкарската група „Sberbank Europe Group“ со седиште во Виена и е во нејзина целосна сопственост. „Sberbank Europe“ работи на осум европски пазари – Австрија, БиХ, Хрватска, Чешка, Унгарија, Словенија, Србија и Германија.

Останато

Бундесбанк: Германското стопанство зимава ќе влезе во рецесија

Објавено

на

Германското стопанство ќе западне во рецесија во зимската половина од годината, по неочекуваното зголемување на активноста во летниот квартал, предупреди Централната банка. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

Избрани финалистите на НЛБ Групацијата во проектот #РамкаЗаПомош

Објавено

на

Ако можеме да судиме според ентузијазмот, идеите и иновативноста на компаниите кои годинава учествуваа во проектот #РамказаПомош на НЛБ Групацијата, нема од што да се плашиме кога станува збор за одржливата иднина. Во проектот учествуваа дури 300 компании од шест пазари, со кои главната банкарска групација во Југоисточна Европа бараше одржливи решенија за предизвиците на иднината. Жирито избра 10 финалисти од секој пазар, кои меѓу другото се натпреваруваат и за спонзорски финансиски средства со кои ќе можат да ги реализираат своите идеи. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

Швајцарски банкарски гигант ќе и плати на Франција 238 милиони евра за да избегне тужба

Објавено

на

Швајцарскиот банкарски гигант “Credit Suisse” се согласи да плати 238 милиони евра на Франција за да избегне кривично гонење за измама, соопшти надлежниот суд во Париз. (more…)

Продолжи со читање

Популарно