Connect with us

Криптовалути

Како Русите ќе ги избегнат финансиските санкции!?

Објавено

на

Почетниот удар на западните финансиски санкции против Русија не успеа да го одврати рускиот претседател Владимир Путин да започне инвазија на Украина.

Сега САД и останатите сојузници преземаат нови дополнителни и уште помасовни снкции насочени кон притисок врз руските банки и „корумпираните милијардери“.

Но, некои експерти велат дека не е особено тешко да се избегнат овие мерки, кои досега не беа насочени кон самиот Путин, делумно благодарение на прифаќањето на криптовалутите од страна на Русија, пренесува „CNN”.

Санкциите на САД и ЕУ во голема мера се потпираат на банките за да ги спроведат. Ако санкционирана компанија или поединец сака да изврши трансакција деноминирана во традиционални валути како што се долари или евра, банката е должна да ги означи и блокира тие трансакции.

Но, дигиталните валути работат надвор од доменот на стандардното глобално банкарство, со трансакции евидентирани во јавна финансиска евиденција позната како „блокчејн“.

„Ако Русите решат, а јас сум сигурен дека веќе го прават тоа, да избегнат користење на која било валута освен криптовалутите, тие можат ефективно да ги избегнат речиси сите санкции“, вели Рос С. Делстон, експерт за спречување на перење пари.

Министерството за финансии на САД е свесно за овој проблем. Во извештајот oд октомври минатата година, американските власти предупредија дека дигиталните валути потенцијално ја намалуваат ефективноста на американските санкции дозволувајќи им на санкционираните страни да држат и префрлаат средства надвор од традиционалниот финансиски систем.

„Свесни сме за ризикот дека овие дигитални средства и платежни системи можат да и наштетат на ефективноста на нашите санкции“, се вели во извештајот.

Конкретни докази не треба да се бараат подалеку од Источна Европа, која има една од највисоките стапки на трансакции со криптовалути поврзани со криминални активности, покажува студија на „Chainalysis“. Веб-страниците кои се користат за нелегални тргувања познати како даркнет пазари донеле рекордни 1,7 милијарди долари во криптовалути во 2020 година, главно во биткоини.

Криптовалути

БИТКОИНОТ ЌЕ ДОСТИГНЕ ДО 100.000 ДОЛАРИ – Криптозимата заврши!?

Објавено

на

Најпознатата криптовалута биткоин би можела да достигне вредност од 100.000 долари до крајот на 2024 година. (more…)

Продолжи со читање

Криптовалути

КРИПТОВАЛУТИТЕ СЕ ПОВТОРНО ИН – Биткоинот порасна за 40% во јануари!

Објавено

на

Големите инвеститори повторно почнаа да вложуваат во криптовалути по еден месец на масовен раст на биткоинот од 40 проценти во јануари оваа година. Инвеститорите забележаа прилив од над 117 милиони долари минатата недела, најголем неделен пораст од јули минатата година, според податоците на „CoinShares“. (more…)

Продолжи со читање

Криптовалути

Премиерот Ковачевски апелира: Да не се копаат криптовалути зашто тоа троши многу струја!

Објавено

на

Премиерот Димитар Ковачевски апелира да не се копаат крипто валути зашто потрошувачката на струја при овој процес е енормна. (more…)

Продолжи со читање

Популарно