Компании
Како работат фирмите во Македонија?


Компаниите што се пазарно ориентирани, а кои се од областа на индустријата, градежништвото, трговијата и останатите услужни дејности, во 2017 година реализирале 6,4% поголем промет и 4,8% зголемена додадена вредност во однос на претходната година, објави вчера Државниот завод за статистика.
Според податоците, имало 55.203 вакви компании и тие оствариле вкупен промет од 19,4 милијарди евра и додадена вредност од 4,3 милијарди евра. За ангажираните 385.728 вработени биле издвоени 2 милијарди евра.
Најголем промет е реализиран од секторот Трговија на големо и мало (41.6%), а по него следат секторот Преработувачка индустрија (26.9%), Градежништво (7.2%), Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (7.0%) и секторот Транспорт и складирање со 5.9%.
Во однос на големината на претпријатијата доминираат микро претпријатијата со помалку од 10 вработени (90.0 %), речиси половината од нив од областа на трговијата. Со ангажирани 31.9 % од вкупно вработените, создале 20.8 % од вкупната додадена вредност. Од друга страна, големите претпријатија со учество од само 0.3 %, но со ангажирани 25.2 % од вработените, создаваат најголема додадена вредност (36.3 %) во рамките на деловниот сектор, и тоа главно во секторот Преработувачка индустрија (13.7 %).
Компании
Во тешки околности, раст на приходите и добивката на Групацијата Триглав


Во тешките околности од првиот квартал од 2022 година, Групацијата Триглав ги зголеми вкупните приходи за 12% (442,9 милиони евра) и го зголеми обемот на бруто полисираната осигурителна премија (407,1 милиони евра) за 10% во споредба со истиот период минатата година. (more…)
Компании
Оглас за вработување во Штедилница Можности


Градете ја својата кариера и развивајте се како професионалец во областа на кредитирање и финансии со Штедилница Можности. Ако се идентификувате со визијата и мисијата на компанијата и ве интересира кредитирање и финансии, Штедилница Можности вработува: (more…)
Компании
Ванчо Чифлиганец и Адора ќе добијат енормни 3,1 милиони евра дивиденда од Комерцијална банка!


Во периодот од 01.01-31.12.2021 година Комерцијална банка АД Скопје од своето работење оствари добивка пред оданочување во износ од 2.504,6 милиони денари наспроти 2.067,1 милиони денари во 2020 година, што претставува пораст од 21,2%. Планираната добивка за анализираниот период е реализирана со 127,1%. Данокот на добивка во 2021 година изнесува 200,3 милиони денари, а нето-добивката за годината изнесува 2.304,3 милиони денари, или 20,5% повеќе во однос на минатата година. (more…)
- Кредитипред 2 months
Брз онлајн кредит – за пролетно чистење сметки
- Анализипред 1 month
Кои се петте најпрофитабилни македонски компании во 2021 година!?
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во Комерцијална банка АД Скопје
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во Стопанска банка АД – Скопје
- Кредитипред 2 weeks
Брзо и евтино решение за вашите финансиски потреби
- Домашни банкипред 1 month
Промени во Управниот одбор на Шпаркасе Банка АД Скопје
- Домашни банкипред 3 weeks
Комерцијална банка денес започнува со исплата на дивиденда за 2021 година, кој ќе се „офајди” најмногу!?
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје