Connect with us

Интервјуа

Како ПроКредит Банка #РаботиОдДома

Објавено

на

Несомнено е дека коронавирусот COVID-19 има огромно влијание врз случувањата во светот. Мошне интересно е да се забележи дека светските и европските банкарски корпорации се прилагодуваат на “новото нормално” и применуваат промени во работењето согласно предизвиците кои ги наложува пандемијата.

Од особен интерес за читателите е тие да се информираат како домашните банки и финансиски институции се справуваат со моменталната ситуација. Поради тоа, во серијал насловен “Како [банка] #РаботиОдДома ќе се обидеме да презентираме на кој начин функционираат најголем дел од банките во Северна Македонија, со какви предизвици се соочиле и какви поуки се извлечени од ова ново искуство.

Во продолжение ви го презентираме разговорот со Милан Дамчевски, Директор на бизнис филијала во ПроКредит Банка, во врска со работата од дома во услови на оваа пандемија.

Банкарство: Дали пандемијата со Ковид-19 ги отежна условите за работа и како Вашата банка се справува со тоа?

ПроКредит Банка: Пандемијата немаше значително влијание врз тековната работа на ПроКредит Банка. Нашиот бизнис модел на дигитална банка ни даде максимално позитивен ефект во корона кризата. Тоа што сите наши клиенти се веќе поодамна опремени со пристап до нашите дигитални канали, електронско банкарство, мобилната апликација и имаат електронски картички се покажа како наша голема предност. Клиентите на ПроКредит Банка не чекаа во редици пред експозитурите за да извршат стандардни рутински банкарски операции- истите ги правеа од дома, лесно, брзо и пред се безбедно.

Банкарство: Како работењето од дома влијае врз ефикасноста од работењето и клиентите?

ПроКредит Банка: И покрај сите предизвици со кои се соочивме како дел од глобалниот свет, ние како банка без скромност може да кажеме дека се гордееме со остварените резултати од почетокот на годината. Заклучно со месец Јули, во текот на 2020 година беа исплатени вкупно 100 милиони ЕУР кредити за поддршка на локалната економија и потрошувачка и реализиравме пораст на кредитно портфолио од 23.7 милиони евра. Притоа депозитната база на банката е стабилна и последните два месеци бележи и пораст.

Тоа што не прави посебно горди е начинот на кој ги остваривме резултатите, пред се благодарение на нашите високо компетентни, мотивирани и максимално посветени вработени, како и развиените дигитални канали на комуникација и едноставни за користење дигитални услуги.

Преку услугите кои ги нудиме, клиентите може онлајн да отворат нови сметки, да штедат во денари и евра директно преку мобилен телефон, да процесираат налози 24/7 и да ги завршат сите банкарски трансакции без посета на филијала.

Дигиталните канали ни овозможија навистина да се посветиме квалитетно и индивидуално на идентификување на потребите и поддршка на нашите клиенти. Активно работиме не само во поддршка на инвестициите на клиентите, но и на креирање соодветна понуда за штедење како кај правните лица, така и кај населението. Нашиот пристап и начин на работење беше позитивно оценет од страна на клиентите, па за овој период имаме и рекорден бројна нови придобиени, правни и физички лица кои ги препознаа нашите вредности, посветеност и различниот, индивидуален пристап кон секој еден од нив.

Банкарство: Користите ли некакви алатки за да го поедноставите работењето од дома?

ПроКредит Банка: ПроКредит Банка превентивно ги презема сите мерки за заштита на здравјето на клиентите и вработените. Околу 70% од вработените беа технички опремени и работеа од дома, а вработените кои продолжија да доаѓаат на работно место добија на располагање службени возила со цел да не користат јавен транспорт.

Банкарство: Кои се најголемите предизвици при работа од дома во банкарскиот сектор?

ПроКредит Банка: Еден од најголемите предизвици за работа е дома на банкарскиот сектор е да се обезбеди квалитетна услуга за клиентите без посета на филијала, како и техничката можност за понуда на сите услуги преку дигитални канали.

Во моменталата ситуација каде е потребно брзо имлпементирање на нови начини на работа, можеме нескормно да кажеме дека повторно сме чекор пред другите. ПроКредит Банка во оваа вонредна состојба влезе подготвена со напредни дигитални опции за клиентите кои им овозможуваат лесен, брз и безбеден начин сами да управуваат со своите сметки од удобноста на својот дом, без чекање во редици и дополнително загрозување на нивното и здравјето на нивните најблиски.

ПроКредит Банка е првата банка на пазарот која уште од 2015 година започна со комплетна дигитализација и автоматизација на своите услуги. Експозитурите на банката се претворија во Зони 24/7 за автоматизирани готовински трансакции, а нашите клиенти добија дигитални платформи за плаќања, штедење, менувачко работење и електронско потпишување договори директно од нивниот дом.

Банкарство: Дали работењето од дома е применливо за сите организациони делови од банката, тука пред се мислиме на филијалите и експозитурите кои имаат персонален контакт со клиентите?

ПроКредит Банка: Филијалите на ПроКредит Банка веќе неколку години наназад служат за советодавна услуга и сите готовински и безготовински трансакции се автоматизирани. Користејќи ги дигиталните канали и автоматизираните готовински трансакции, клиентите немаа потреба воопшто да доаѓаат во просториите на банката а со тоа се намали и ризикот од изложување на COVID-19.

Каналите работеа беспрекорно и со високо ниво на квалитет на услуга. Тоа ни овозможи од друга страна клиентите кои сепак имаа потреба да дојдат во нашите експозитури или да не добијат преку контакт центарот, да бидат услужени од нашите советници за клиенти без чекање во редови, во позитивна атмосфера, безбедно и со максимално посветено внимание на секој клиент поединечно.

Банкарство: Какви поуки извлековте додека работевте од дома?

ПроКредит Банка: Во овој период се забележува раст на користењето онлајн услуги во сите дејности, па така и во банките. Можеме да очекуваме дека по завршувањето на пандемијата корисничките навики на клиентите ќе се променат и дигиталната услуга ќе стане приоритет во секојдневното работење и живеење.

ПроКредит Банка како единствената дигитална банка на пазарот е чекор пред другите бидејќи и досега одлично функционира во дигиталниот свет на услуги.

Интервјуа

Интервју Милица Весовиќ Денковска: Пандемијата придонесе за промена на навиките и отвореност за нарачки онлајн

Објавено

на

За искуствата од новолансираниот производ IQOS, е-трговијата како клучен аспект од стратегијата на компањата за продажба, особено во екот на пандемијата и позитивното искуство на нивните купувачи од нивната онлајн продавница, разговараме со Милица Весовиќ Денковска од Филип Морис Скопје. (more…)

Продолжи со читање

Интервјуа

Митреска за МИА: Народната банка не може и не смее да дозволи банка да работи спротивно на законската регулатива

Објавено

на

Перцепцијата за банкарскиот систем и довербата во него е основата на којашто тој функционира. Оттаму, објективните и веродостојни информации се исклучително важни за зачувување на неговата стабилност. Ова го истакнува вицегувернерката на Народната банка, Ана Митреска, во интервју за МИА, осудувајќи ги шпекулациите, коишто, како што вели, беа пласирани во изминатите неколку недели. (more…)

Продолжи со читање

Интервјуа

Како Охридска банка #РаботиОдДома

Објавено

на

Несомнено е дека коронавирусот COVID-19 има огромно влијание врз случувањата во светот. Мошне интересно е да се забележи дека светските и европските банкарски корпорации се прилагодуваат на “новото нормално” и применуваат промени во работењето согласно предизвиците кои ги наложува пандемијата. (more…)

Продолжи со читање

Популарно