Connect with us

Кредити

Како поседувањето сопствен дом ќе ви помогне за подобра финансиска стабилност?

Објавено

на

„Речиси 10 години со моето семејство живеевме под кирија. Како е да се биде закупец знаат само оние што тоа го имаат искусено – селење од еден во друг стан, уништување покуќнина, немање можност да го опремиш станот онака како што сакаш. Тоа се маките за нас возрасните, а за децата дополнителни трауми носеше секое ново селење бидејќи ги губеа другарчињата и средината во која се имаат навикнато. А колку тоа финансиски чинеше? Со просечна кирија од најмалку 150 евра месечно – речиси 20.000 евра“. Вака раскажува Кирил Марковски кој реши да го промени својот живот и да инвестира во својата и иднината на своето семејство со земање станбен кредит и купување сопствен дом.

Тој објаснува дека иако биле свесни за огромните средства што ги даваат за кирија, порано не биле во можност да купат стан поради големото сопствено учество и високите камати на станбените кредити, што ги правеа ратите неиздржливи за нивниот семеен буџет. Меѓутоа, со оглед на промена на условите, тој неодамна реши да ја искористи најновата понуда на Халкбанк за станбен кредит со пакет полиса за осигурување од Халк Осигурување АД Скопје кој е со 3,2% фиксна каматна стапка во првите 10 години и да создаде сопствен имот со купување стан.

„Ниската и фиксна каматна стапка што дава гаранција за иста висина на ратата во следните 10 години нѐ охрабри да одлучиме да земеме кредит со отплата на 30 години. Можеби некој ќе каже дека е тоа долг период, меѓутоа ако останевме толку години под кирија, тоа ќе значеше дека речиси 60.000 евра неповратно ќе дадевме за закупнина. Вака, ние всушност штедиме и создаваме сопствена вредност и капитал и за себе и за нашите деца“, вели Марковски кој додава дека освен материјална вредност, бесценети се прекрасните моменти со семејството и најблиските во сопствениот дом.

Новиот станбен кредит на Халкбанк нуди идеална можност за сите оние кои сакаат да купат стан, куќа, да вложат во деловен простор, или пак, да извршат рефинансирање на постоечки станбен кредит во друга банка.

Овој производ во моментов е со најповолни услови на пазарот, со ниска каматна стапка од 3,2% фиксна за првите 10 години и 4 процентни поени + променлива стапка на 6 месечен Еурибор за останатиот период и истиот е БЕЗ трошоци за проценка и БЕЗ трошоци за одобрување.

„Максимален износ на кредитот е до 140.000 евра, со рок на отплата до 30 години, постои можност за грејс приод од 12 месеци, а минимумот на учество изнесува 10% од бараниот износ. Посебна предност кај овој кредит е што со него клиентот добива и пакет полиса за осигурување што претставува заштита и за него и за целото семејство и истата покрива осигурување од незгода, во случај на траен инвалидитет над 30% или пак, во случај на неможност за враќање на кредитот поради смрт од незгода или друга причина“, велат од Халкбанк.

Затоа, искористете го новиот станбен кредит на Халкбанк и тргнете напред – кон создавање капитал, стабилност и отворање нови можности.

Кредити

Комерцијална банка ги намали каматните стапки на станбените кредити

Објавено

на

Комерцијална банка АД Скопје ги намали променливите каматни стапки на станбените кредити со ЕУР клаузула кои ќе бидат одобрени по 10.08.2020 година. Поволностите што ги обезбеди Банката овозможуваат станбени кредити чија променлива каматна стапка веќе е под 5% и изнесува 4,5%, односно 4,7% соодветно, во зависност од одбраната опција.

(more…)

Продолжи со читање

Кредити

Реновирање или преселба? Станбениот кредит не претставува проблем туку помага при сериозни животни одлуки

Објавено

на

Според истражувањата, дел од стресните настани во животот на луѓето е реновирањето на станот. Тоа не е изненадувачко, затоа што има многу чекори што треба да се преземат за да може сè да биде правилно спроведено. Избор на материјали, плочки, врати, прозорци, обезбедување мајстори, многу потребно време и неизвесност дали на крајот сè ќе биде онака како што е замислено, се стресни и тоа го знае секој кој вршел реновирање во домот. Притоа, многу често финансиската конструкција на крајот не излегува онака како што е планирано. Затоа, многумина наместо за реновирање, се одлучуваат за купување нов дом. (more…)

Продолжи со читање

Кредити

Квалитетот на изработката е важна одлука при избор на вашиот нов дом

Објавено

на

За повеќето луѓе, најголема инвестиција во животот е купување имот, стан или куќа, за себе и за своето семејство. Затоа, оваа одлука е една од најважните што се донесува. Последиците од изборот се далекусежни, па затоа чинот на купување стан треба да биде добро осмислен. (more…)

Продолжи со читање

Популарно