Connect with us

Домашни банки

Како помина Cyber Monday во i-bankstore?

Објавено

на

Во насока на поголема промоција на користењето на сервисот електронска трговија (e-commerce) како и инспирирани од најголемите e-commerce настани BlackFriday и CyberMonday, Стопанска банка  АД – Скопје организираше настан под името „Cyber Monday во i-bank store” за своите клиенти на 26ти ноември во периодот од 15 до 18 часот.

Дополнително, настанот имаше за цел да се поттикнат клиентите, корисници на платежнио картички, да купуваат онлајн затоа што со настанот направивме еден вид едукација за тоа колку брзо и едноставно може да се одвива целиот процес на купување и плаќање онлајн и секако колку е овој процес побезбеден со оглед на тоа што сите платежни картички на Стопанска банка се со 3D Secure стандарди за безбедност.

За учество на настанот интерес пројавија над 450 клиенти, а 30мина беа извлечени по случаен избор. Учесниците добија специјално изработена платежна картичка со 5.000 денари кои ги потрошија на веб страниците на нашите трговци корисници на e-commerce сервисот, за индивидуално време од 10 минути.

За време на настанот, потрошени беа над 100.000денари и купени повеќе од 40 различни производи.

Електронската трговија (e-commerce) како сервис постои одамна и е доста застапен насекаде во светот, а во последните години се поголем е бројот на компании во Македонија исто така одлучуваат да ги прошират своите продажни активности преку отварање на интернет продавници со кои стануваат глобално достапни за купувачите. Повеќе од 40% од трансакциите направени со електронска трговија во Македонија, се реализирани преку e-commerce услугата на Стопанска банка.

Клиентите кои се заинтересирани да дознаат повеќе за 3D Secure безбедносните стандарди за онлајн купување тука или да ги консултираат вработените во филијалите.  Правните лица кои се заинтересирани да работат локално а да продаваат глобално користејќи го e-commerce сервисот ги повикуваме да ја посетат Банката и да ги дознаат сите услови неопходни за започнување на оваа следна авантура за својот бизнис.

Домашни банки

НЛБ Потрошувачки кредити – Баш како што сакаш!

Објавено

на

НЛБ Банка во периодот од 11.03.2019 до 31.05.2019 година води промотивна кампања за сите кредити за физички лица. Во рамки на промотивната понуда, Банката меѓу другото, нуди нови потрошувачки кредити со пониски каматни стапки. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Стопанска банка АД-Скопје врши промена за водење сметки на пензионери

Објавено

на

Стопанска банка АД-Скопје ги известува своите клиенти дека, почнувајќи од 01.04.2019 ќе изврши промена на надоместокот за месечно водење на трансакциски и штедни сметки на пензионери. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

НЛБ Станбени кредити – Твој дом, твој избор!

Објавено

на

НЛБ Банка во периодот од 11.03.2019 до 31.05.2019 година води промотивна кампања за сите кредити за физички лица. Во рамки на промотивната понуда, Банката меѓу другото, нуди нови станбени кредити со пониски каматни стапки. (more…)

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange