Connect with us

Колумни

Како перењето на пари влијае врз економиите на земјите?

Објавено

на

Голем број на економски анализи укажуваат на заклучок дека силните институции за финансирање во земјите во развој – како што се банките и небанкарските финансиски институции – се едни од клучните елементи за економскиот раст. Таквите институции овозможуваат концентрација на капиталните ресурси од домашните заштеди – па дури и средства од странство – и ефикасно распределување на таквите ресурси за инвестициски проекти што создаваат одржлив економски развој.

Негативните економски ефекти на перењето пари врз економскиот развој е тешко да се измерат, но сепак е јасно дека таквата активност им штети на финансиските институции кои се клучни за економскиот раст, ја намалува продуктивноста на економијата со пренасочување на ресурсите и поттикнување на криминал и корупција, и може да го наруши надворешниот сектор на економијата – меѓународната трговија и протокот на капитал – на штета на долгорочниот економски развој.

На социо-културниот крај на спектарот, успешното перење пари значи дека криминалната активност всушност се исплати. Ова ги охрабрува криминалците да продолжат со своите активности и недозволени шеми а тоа значи поголеми измами, повеќе проневери (што може да доведе голем број на работници да ги губат пензиите затоа што корпорациите полека се распаѓаат), повеќе криминал поврзан со дрога и општа загуба на моралот на дел од чесните деловни луѓе кои не го кршат законот и не остваруваат ни приближен профит како што го прават криминалците.

Економските ефекти се од поширок обем. Земјите во развој честопати го носат товарот на модерно перење пари затоа што владите сè сеуште во процес на воспоставување на регулативите за нивните финансиски сектори. Ова ги прави земјите во развој главна цел.

Перењето пари преку финансиските институции во земјите во развој ги еродира финансиските институции на 3 начини:

  • со зголемување на веројатноста клиентите да бидат измамени од корумпирани лица во институцијата;
  • со зголемување на веројатноста дека самата институција ќе стане корумпирана или дури и контролирана од криминални интереси, што повторно доведува до измама на клиентите;
  • и со зголемување на ризикот од финансиски неуспех со кој се соочува институцијата како резултат на измамата на самата институција.

Овие 3 фактори можат да се појават одделно или заедно, тие можат да се зајакнат едни со други и тие веројатно ќе ги зголемат оперативните ризици, особено преку измама и репутациските ризици со кои се соочуваат банките. Се разбира, секоја оперативна (или друга) штета предизвикана од перење пари, исто така, ја влошува штетата на репутацијата и обратно; ненадејното губење на угледот може да ја загрози суштинската финансиска позиција на институцијата со, во екстремен случај, повлекување на нејзините депозити.

Гледајќи наназад во минатото забележлив е примерот од 90-те години каде што во бројни банки во балтичките држави завршиле огромен износ на “валкани” пари. Како резултат на се поголемите шпекулации дека во банките има огромен проток на “валкани” пари, депонентите на банките (кои што располагале со “чисти” пари) почнале да ги повлекуваат своите средства од страв дека истите ќе ги загубат доколку банките се под истрага и го загубат своето осигурување. Како резултат на ова, некои од банките пропаднале.

Другите главни проблеми со кои се соочуваат светските економии вклучуваат грешки во економската политика што произлегуваат од вештачки надуени финансиски сектори. Огромните приливи на “валкани” пари во одделни области на економијата кои се пожелни за “перачите” на пари создаваат лажна побарувачка, а службените лица постапуваат по ова ново барање со прилагодување на економската политика. Кога процесот на перење ќе достигне одредена точка или ако службениците за спроведување на законот почнуваат да покажуваат интерес, сите тие пари одеднаш исчезнуваат без никаква предвидлива економска причина, и тој финансиски сектор се распаѓа.

Некои проблеми на локално ниво се однесуваат на оданочување и конкуренција на мали бизниси. Како резултат на перењето пари може да се случи чесните луѓе на некои начини да мора да ја надоместуваат загубата на даночните приходи. Исто така, легитимните мали бизниси не можат да се натпреваруваат со бизнисите кои се користат за перење пари. Овие бизниси за разлика од “чесните” бизниси можат да си дозволат да продаваат производи за пониски цени, бидејќи нивната примарна цел е да ги “исперат” парите, а не да остварат профит – тие имаат толку многу пари што може дури да продаваат производ или услуга под цената.

Покрај ова странските финансиски институции можат да одлучат да ги ограничат своите трансакции со институциите кои се “засолништа” за перење пари. Заради перењето пари дури и легитимните деловни активности и претпријатија може да страдаат заради можноста од намален пристап до светските пазари или пристап со поголеми цени, како резултат на дополнителен преглед на нивната сопственост, организација и контрола на системите. Секоја земја позната по пропустите во регулативите за спречување перење пари е помалку веројатно дека ќе привлече и странски приватни инвестиции кои што може значително да влијаат на економскиот развој.

Христијан Блажовски

Колумни

Колумна на Игор Давков: Сидрото на финансиската стабилност

Објавено

на

Во ниту едно законодавство, барем не во оние земји од западниот свет, не е напишано дека над поединечна банка не може да се отвори стечај доколку не ги исполнува минималните законски барања. Само оваа година, во ЕУ се затворија десетина банки. Она што е важно е да не се наруши финансиската стабилност. Акционерите се одговорни за тоа дали капиталот на банката е адекватен на ризиците што банката ги презема во своето работење. Банките, како пазарни субјекти, може да одобруваат и поризични пласмани, вклучително и со послабо обезбедување, но тоа нужно бара поголем капитал. (more…)

Продолжи со читање

Колумни

Спортот како алатка за перење на пари

Објавено

на

Финансиската глобализација и огромната популарност на спортот ја зголемуваат ранливоста на спортската индустрија од корупција, перење на пари, затајување на данок итн. (more…)

Продолжи со читање

Колумни

Колумна на Глигор Бишев: Солидарноста и пазарната економија

Објавено

на

Банките се институции од посебно значење. Намалувањето на ризичното однесување на банките и нивното банкротирање се врши преку три механизми: а) воведување на супервизорски стандарди и супервизија над работењето на банките; б) транспарентност и пазарна дисциплина; и в) ефикасно корпоративно управување. (more…)

Продолжи со читање

Популарно