Connect with us

Депозити

Како настанала касичката во облик на прасе?

Објавено

на

Долго време пред да се изградат првите банки, колку што знаеме во 15 век, луѓето обично своите заштеди ги чувале во тегли за кујна. Во тие денови, кујнскиот прибор во обичните рурални домаќинства бил направен од глина наречена “pygg” (прасе).

Кога луѓето имале паричка или две за да ги заштедат, тие ги ставале во теглата од глина “pygg” (прасе).

Зборот за прасе од стариот англиски јазик бил „picga“. Зборот еволуирал во „pigge“ веројатно затоа што прасињата на фармите се тркалале во кал во која имало глина и во наредните 200-300 години, глината (pygg) и животните (pigge) на крајот значеле исто.

Во 19 век, грнчарите започнале да прават „кутии за пари“ во форма на прасиња. Оваа постапка ги воодушевила децата кои биле охрабрени да заштедат пари.

Првите модели имале само пресек во горниот дел за ставање монети и без дупка на дното, па касичката во вид на прасе морала да се крши за да се извлечат парите.

Подоцна, моделите еволуирале и се модернизирале, па во денешно време има голем број варијации на најпознатата касичка за чување на пари – касичката во облик на прасе!

Депозити

Промо депозит од Халкбанк по повод месецот на штедење

Објавено

на

Халкбанк АД Скопје традиционално го одбележува меѓународниот месец на штедење – Октомври со ПРОМО ДЕПОЗИТ. (more…)

Продолжи со читање

Депозити

Поволно штедење во ТТК Банка АД Скопје со промотивните депозити за физички лица – ПРОМО ФИКС во денари и во евра

Објавено

на

ТТК Банка АД Скопје ја продолжи промотивната понуда ПРОМО ФИКС за штедење во денари и во евра за физички лица до 30 ноември 2020 година. (more…)

Продолжи со читање

Депозити

Од Фондот за осигурување на депозити со соопштение до депонентите во Еуростандард банка

Објавено

на

Фондот за осигурување на депозити ги информира физичките лица-депоненти во „Еуростандард банка“ АД Скопје во стечај дека обесштетувањето на осигурениот износ на нивниот депозит до законски утврдениот максимален износ од 30.000 евра ќе се исплаќа еднократно и ќе биде достапен за исплата од денот на почеток на исплатата на обесштетувањето. (more…)

Продолжи со читање

Популарно