Странски банки
Како милениумците гледаат на денешното банкарство?


Y Милениумците се генерација (по груби проценки) родена помеѓу 1980 и 2000 година, која пораснала поразлично од сите генерации претходно – со техонологија, образовани родители и со план за иднина и која покрена една потполна нова ера на комуникации, емотивни и работни односи.
Генерацијата Y поседува интернет, поседува голема куповна моќ, креативност и свежина, бидејќи е навикната на неверојатна брзина и проток на информации.
Некои од истражувањата кои се спроведени на првата онлајн генерација се од голема корист и за банките.
Медиумскиот гигант “Viacom Media Networks” спроведе истражување за банкарството во САД кое траеше повеќе години, а во него учествуваа 10.000 испитаници. Ова се нивните ставови за сегашната ситуација:
– Милениумците се уверени дека денешниот начин на банкарско работење е најризичен т.е најподобен за “голема промена”. Нивните очекување за големи промени дупло се поголеми кога станува збор за банкарството.
– 53% од испитаниците сметаат дека сите понуди на банките се релативно исти и дека е тешко да се издвои било каква посебност.
– 73% од анкетираните одговориле дека не можат да “поднесат” да чекаат долго ред во банките, факт што говори дека банките треба да го сменат стилот на работење и директната комуникација со луѓето.
– За испитаните милениумци 4-те најголеми американски банки (JP Morgan, Bank of America, Citigroup, Wells Fargo) ги заземаат последните места на листата на “најмалку симпатични” банки.
Кога се во прашање очекувањата за банките, ова се нивните одговори:
– 68% одговориле дека во наредните 5 години драстично ќе се промени начинот на кој им пристапуваме на нашите пари;
– 70% од анкетираните сметаат дека во наредните 5 години драстично ќе се промени начинот на кој ги плаќаме производите и услугите;
– 33% од испитаниците очекуваат дека во наредните 5 години, за се што е поврзано со управување и плаќање со пари, нас нема да ни бидат потребни банките.
Со еден збор, милениумците не ги “сакаат” денешните банки и очекуваат да се случат големи промени во банкарскиот сектор.
Генерацијата Y е многу голема, добро образована и прилично богата, така што банките мора да водат сметка за нивните горенаведени ставови и да остварат заработка само ако:
1. Ги усмерат ресурсите за развој на мобилното банкарство кое ќе одговара на очекувањата на младите.
2. Ја повратат довербата во банките, по бројните афери и долгогодишни кризи.
3. Го подобрат работењето и ја зголемат поддршката на вредностите кои генерацијата Y ги смета за важни.
4. Ги подобрат своите понуди и начинот на комуникација со клиентите.
Странски банки
Дали конечно турската централна банка ќе ја зголеми основната каматна стапка со цел намалување на енормната инфлација!?


Комитетот за монетарна политика на турската централна банка на 18 август ќе одлучи дали ќе ја промени главната каматна стапка, пренесува турската државна телевизија „ТРТ Хабер”. (more…)
Странски банки
Русија почнува со етапно пуштање на својата дигитална рубља


Централната банка на Русија откри дека започнала со тестирање на својот проект за дигитална рубља и дека ќе биде претставен со нови функции од 2023 година. (more…)
Странски банки
Добивката на најголемата европска банка се намали за 15 проценти во првото полугодие на 2022 година


Најголемата европска банка „HSBC Holdings” објави пад на профитот од 15 проценти во првото полугодие, бидејќи резервите за покривање на потенцијалните загуби од кредитите значително го надминаа растот на нето каматниот приход. (more…)
- Останатопред 4 weeks
УЈП со важно соопштение за сите кои ја користат апликацијата „Мој ДДВ“
- Кредитипред 3 weeks
Онлајн кредити до 180.000 ден. – за сите изненадувања во животот
- Депозитипред 2 months
Стопанска банка АД – Скопје ги зголеми каматните стапки на денарските и девизните депозити
- Кредитипред 2 months
Ова лето можеш сè
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во Комерцијална банка АД Скопје
- Интервјуапред 2 months
Интервју ПАЛЧЕВСКИ: Пантелеон ГС има сериозна намера да остави значаен белег на домашниот пазар преку креирање на нови вредности
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во ТТК Банка АД Скопје
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во Централна кооперативна банка АД Скопје