Connect with us

Интервјуа

Како Комерцијална банка #РаботиОдДома

Објавено

на

Несомнено е дека коронавирусот COVID-19 има огромно влијание врз случувањата во светот. Мошне интересно е да се забележи дека светските и европските банкарски корпорации се прилагодуваат на “новото нормално” и применуваат промени во работењето согласно предизвиците кои ги наложува пандемијата.

Од особен интерес за читателите е тие да се информираат како домашните банки и финансиски институции се справуваат со моменталната ситуација. Поради тоа, во серијал насловен “Како [банка] #РаботиОдДома ќе се обидеме да презентираме на кој начин функционираат најголем дел од банките во Северна Македонија, со какви предизвици се соочиле и какви поуки се извлечени од ова ново искуство.

Во продолжение ви го презентираме разговорот со претставници на Комерцијална банка АД Скопје, во врска со работата од дома во оваа македонска банка.

Банкарство: Дали пандемијата со Ковид-19 ги отежна условите за работа и како Вашата банка се справува со тоа?

Комерцијална банка АД Скопје: Извршувањето на редовните банкарски активности во услови на пандемија со Covid 19 наметна многу предизвици и Комерцијална банка АД Скопје се справува со нив на начин што го организира своето работење согласно препораките и протоколите на Владата, а имајќи ги предвид и сознанијата за начинот на ширење на вирусот. Соочена со овие предизвици, Банката при организирањето на работните процеси во најголема можна мера ги користи ИТ решенијата за дигитално работење.

Организирани се тимови на вработени за работа во канцеларија и работа од дома, како и тимови на вработени кои ротираат на една недела зависно од видот на работните задачи. Воведени се посебни постапки на одобрување и потпишување на интерните акти на Банката, како и постапки на потпишување документи од страна на клиентите во услови кога е неопходен своерачен потпис, кои предвидуваат сведување на минимум на меѓусебните контакти. Видеоповиците и конференциите преку интернет во голема мера ги заменија класичните состаноци „лице в лице“.

Комерцијална банка ги презеде сите расположиви механизми за ефикасно управување и организирање на работењето со цел максимално да излезе во пресрет на потребите на клиентите, кои исто така се под притисок на пандемијата, да го заштити здравјето на вработените и на клиентите, да ги постигне корпоративните цели и да обезбеди висок квалитет на работењето во континуитет, бидејќи очигледно уште не знаеме уште колку време ќе бидеме на удар од Covid 19.

Банкарство: Како работењето од дома влијае врз ефикасноста во работењето и врз клиентите?

Комерцијална банка АД Скопје: Нашето искуство покажа дека работата од дома воопшто не ја намали ефикасноста во работењето. Во одредени периоди бројката на отсутни, вклучувајќи ги и оние кои работат од дома достигна 490 вработени, што е над 40% од вкупниот број вработени, но извршувањето на работните задачи се одвиваше и се уште се одвива непрекинато благодарение на соодветната организација и техничките можности кои ги имаат вработените, како и на нивната професионалност и одговорност. 

Комуникацијата со клиентите, исто така, се одвива без прекин и излегуваме во пресрет на сите барања, како на физичките, така и на правните лица. Во ситуацијава, дополнително ги нагласуваме предностите на сите наши апликации (интернет-банка, мБанка, мБанкаКо, KomPay, е-commerce, SMS Банкарство), кои овозможуваат извршување на потребните банкарски трансакции без неопходност од физичко присуство на клиентите во нашите објекти.

Истакнуваме, дека на располагање на граѓаните е и Дигиталната експозитура на Комерцијална банка на улица Македонија во Скопје, која нуди можност за подигнување или внесување готовина преку банкомат, замена на евра во денари, плаќање сметки за јавни услуги без провизија и печатење извод од трансакциска сметка за физички лица со претплата на Интернет банка. Наскоро дигитални услуги ќе бидат достапни и во други експозитури и филијали на Банката.

Банкарство: Користите ли некакви алатки за да го поедноставите работењето од дома?

Комерцијална банка АД Скопје: Во непосредна координација со ИТ Секторот процесите на работа од дома се организирани со современите ИТ алатки достапни на преносни компјутери и/или мобилни Smart телефони. Со тоа се овозможи вработените кои работат од дома во реално време да бидат во можност да ги извршуваат своите задолженија ефективно и ефикасно.

Банкарство: Кои се најголемите предизвици при работа од дома во банкарскиот сектор?

Комерцијална банка АД Скопје: Најголемиот предизвик е одржувањето мотивирачка работна средина за вработените, кои и покрај оскудните информации за ширењето на вирусот и опасностите што ги носи (барем на почетокот) беа крајно дисциплинирани и фокусирани на прецизно и ефикасно извршување на работните задачи, како и решавање во од на проблемите кои произлегуваа. 

Банкарство: Дали работењето од дома е применливо за сите организациони делови од банката, тука пред се мислиме на филијалите и експозитурите кои имаат персонален контакт со клиентите?

Комерцијална банка АД Скопје: Пандемијата со Ковид-19 ги интензивира мерките и активностите за дигитализација на работните процеси и услугите кон клиентите. Со тоа се овозможи и банкарските услуги да се добијат на дигитален начин и без неопходно одење во експозитура, се разбира доколку се користат апликациите на Банката. 

Примарната цел беше заштита на здравјето на вработените и клиентите во услови на пандемија. Имајќи ги предвид навиките на граѓаните, нивните дигитални вештини и подготвеноста за прифаќање новитети, Банката преку своите вработени постојано им ги нуди на клиентите електронските банкарски услуги со цел да се намали нивната потреба за посета на експозитура или филијала. 

Експозитурите и филијалите на Комерцијална банка останаа достапни за клиентите во целиот овој период и ќе продолжат да работат непрекинато, при што во објектите се преземени сите мерки за заштита на вработените и на клиентите. Организацијата на работењето, како и досега, ќе зависи од условите и развојот на кризата со пандемијата во земјава. За организацијата на работа и работното време на експозитурите и филијалите постојано ја известуваме јавноста, а овие информации во секое време се достапни и на веб-страната на Банката. 

Банкарство: Какви поуки извлековте додека работевте од дома?

Комерцијална банка АД Скопје: Можеме да се прилагодиме кон овој нов вид на организациска култура кога имаме добар тим и заедничка цел – да го зачуваме личното и општото здравје.

Интервјуа

Интервју со Маја Кадиевска-Војновиќ: Финтек индустријата во Македонија и улогата на небанкарскиот финансиски сектор во Северна Македонија и проекции за натамошен раст

Објавено

на

Маја Кадиевска Војновиќ е ангажирана како предавач на Американ Колеџ – Скопје. Својата професионална кариера ја започна во 2003 година во Народната банка на Република Македонија (НБРМ) во Дирекцијата за монетарна политика и истажување, кадешто држеше различни позиции, а во периодот од 2011-2018 година беше вицегувернер задолжен за Секторот на операции на финансиски пазари и платни системи. Во своето шеснаесет годишно искуство како централен банкар, на почетокот од својата кариера беше еден од основоположниците на макроекономските проекции на НБРМ. Како вицегувернер, активно беше вклучена во креирањето и спроведувањето на монетарна политика, во управувањето со девизните резерви и билансот на Централната банка. Учествуваше активно на годишните собранија на ММФ и Светска банка и при мисиите со меѓународните финансиски институции и кредит рејтинг агенции. (more…)

Продолжи со читање

Интервјуа

Интервју БЕРНД АХАЦ: Секоја криза претставува закана, но и можност…

Објавено

на

Г-динот Бернд Ахац, Член на Управниот одбор на Винер Лајф, со својот одличен менаџерски потенцијал и долгогодишното искуство во финансиите, успеа да внесе австриски шмек во компанијата која беше основана во 2010 година и за само неколку години од неа да создаде една од најдобрите и најпрепознатливи компании за животно осигурување во Р.Северна Македонија, која во својата палета нуди широк спектар на производи кои што се достапни и прифатливи за секој граѓанин. (more…)

Продолжи со читање

Интервјуа

Роберт Тодоровски, КЛИКНИ ЈАДИ: Нарачувањето на храна во компаниите е еден вид тим-билдинг

Објавено

на

Кликни Јади е компанија чија основна дејност е достава на храна и намирници до вашиот дом или канцеларија, улога која е мошне значајна особено во периодот на пандемијата со Ковид-19 и ограничувањето на движењето на граѓаните.  (more…)

Продолжи со читање

Популарно