Connect with us

Анализи

Како инвеститорот Бил Акман заработи милијарди од корона кризата додека берзите тонеа?

Објавено

на

Слично како при падот на пазарот на недвижности во САД во 2006-2008 година, кога се создаде огромната хипотекарна криза и кога се случи тешката финансиска криза, одредени инвеститори ги броеја милијардите, додека пак останатите во паника чекаа владини мерки за спас на пазарот на капитал.

Така и сега, во екот на корона кризата која ги потона берзите во САД и глобалните пазари, инвеститорот Бил Акман од неколку вложени милиони, заработи 2,7 милијарди долари, а со тоа практично го спаси неговиот инвестициски фонд Pershing Square Capital Management како и портфолијата на бројни компании и организации.

Наједноставно кажано Акман се обложи со 27 милиони долари дека економијата на САД ќе доживее крах и тоа пред еден месец, кога се појавија првите сигнали дека корона вирусот ќе се прошири насекаде во светот и ќе предизвика глобална пандемија.

Акман исто така ги ликвидираше повеќето корпоративни хартии од вредност за кои беше сосема извесно дека ќе изгубат многу од пазарната капитализација, па така спаси инвестиции на голем број од неговите клиенти кои препуштаат на неговиот фонд во што и како ќе инвестира, односно ќе ги оплодува нивните средства.

Pershing Square ја искористи кредитната заштита на индексите на обврзници со високи приходи и високи приноси за да оствари огромна добивка. Средствата се зголемуваа по вредност како што се зголемуваа шансите за пад на вредноста на корпоративните обврзници.

Акман оттогаш го искористи профитот за да ги зајакне инвестициите на Pershing Square во Berkshire Hathaway, Hilton, Lowe’s, Restaurant Brands International, и Agilent. Фондот, исто така, воспостави удел во „Старбакс“, откако ја продаде својата позиција во јануари.

Дел од аналитичарите го обвинуваа Акман дека со постапката шири страв и со тоа негативно влијание на инвесторите, но испадна дека неговиот облог и тоа како бил навремено осмислен и оправдан, иако покажува недоверба во способноста на пазарот да ги надмине брзо шоковите предизвикани од застој на економијата.

Акман исто така потенцира дека американската економија треба да биде ставена на „пауза“ во рок од триесет дена, да се претрпат сите загуби, но потоа да се надминат мерките за карантин и изолација штом пандемијата се стиши по примерот на Кина каде веќе нема потреба од затвореност и економијата, но и секојдневниот општествен живот се враќа во нормала.

Анализи

Светска банка: Започнете со пост-пандемиското економско закрепнување

Објавено

на

Земјите во развој и меѓународната заедница треба да преземат чекори за забрзување на закрепнувањето откако ќе заврши најлошата здравствена криза предизвикана од пандемијата на коронавирусот и да ги ублажат нејзините долгорочни негативни ефекти, порачува Светската банка. (more…)

Продолжи со читање

Анализи

НЕДЕЛА НА СТАНБЕНИ КРЕДИТИ: Која банка нуди најповолен станбен кредит?

Објавено

на

Како дел од “Недела на СТАНБЕНИ КРЕДИТИ”, Банкарство.мк изработи целосна анализа на условите под кои банките во земјава одобруваат станбени кредити, од аспект на каматните стапки, трошоците, какво обезбедување е неопходно да се остави под хипотека и останати карактеристики согласно правилникот на банката. (more…)

Продолжи со читање

Анализи

Генерали Инвестментс: Диверзификација на портфолиото е чекор кон вистинската насока

Објавено

на

Портфолио менаџерите во Генерали Инвестментс составија резиме за тековните случувања кои влијаат врз пазарот на капитал и актуелни совети за инвеститорите. (more…)

Продолжи со читање

Популарно