Connect with us

Business Man

Како Илон Маск стигна до првиот милион!?

Објавено

на

Кога заплива во менаџерските води и бизнис секторот, како млад претприемач, на 25-годишна возраст Илон Маск заедно со неговиот брат Кимбал и пријателот Грег Кири ја основаа компанијата „Zip2″, компанија којашто на медиумските куќи онлајн им продаваше градски карти (мапи) со водичи и рекламен материјал.

На почетокот, Илон Маск не можеше да си дозволи ниту изнајмен стан, па спиеше во седиштето на компанијата, мала изнајмена канцеларија во Пало Алто, Калифорнија, со само еден компјутер.

Тројцата заедно инвестираа 28.000 американски долари во основањето на компанијата. Браќата Илон и Кимбал Маск дел од парите ги позајмиле од нивниот татко, а дел од луѓето кои верувале во нивната интересна идеја.

Кон средината на 1990-тите години, интернетот доживеа експанзија, а весниците и медиумите се обидуваа да најдат начин како најдобро да го искористат интернетот. Компанијата „Zip2″ наскоро ги стекна најголемите медиумски играчи за свои клиенти, вклучувајќи ги и „The New York Times” и „Chicago Tribune”.

Идејата беше навидум едноставна, со тоа што Илон Маск ја комбинираше бесплатната база на податоци за дигитални мапи на „Навтек” со деловната база на податоци на „Пало Алта”.

Веќе следната година, еден инвеститор инвестираше три милиони долари во компанијата „Zip2″. Тогаш, тие ја сменија својата деловна стратегија, така што повеќе не продаваа готови карти и водичи, туку систем преку кој весниците можеа да создадат свои карти (мапи) каде било во Америка. „Zip2″ стана клучна компанија во својата област, со онлајн градски водичи.

До 1998 година, тие веќе имаа 160 партнери меѓу новинските медиуми. Веќе следната година (1999 година), „Zip2″ го купи „Compaq” за да го искористи неговиот систем за да го подобри својот пребарувач „АлтаВиста” за 305 милиони долари. Самиот Илон Маск доби огромни 22 милиони од тој бизнис, колку што се проценува дека вредат неговите седум проценти од акциите.

Така, Илон Маск стана милионер, а се останато е историја…

Business Man

Универзитетскиот професор Борче Треновски: Можен раст на каматите на кредитите, инфлацијата ќе бледнее на крај на годината

Објавено

на

Зголемувањето на референтната каматна стапка на три проценти во догледно време може да ги зголеми каматните стапки на депозитите и на кредитите со флексибилна каматна стапка, а поради неизвесниот период во кој се наоѓаме, побарувачката на кредити и задолжувањето треба да биде претпазливо, оценува во изјава за МИА универзитетскиот професор Борче Треновски. (more…)

Продолжи со читање

Business Man

ТРИФУН КОСТОВСКИ ЈА ОТВОРИ ПАНДОРИНАТА КУТИЈА – објасни каде завршиле парите на штедачите од „Еуростандард банка“

Објавено

на

Бизнисменот Трифун Костовски ја одржа најавената прес-конференција на која изнесе сензитивни информации од истрагата која ја нарачал во врска со пропаѓањето на неговата „Еуростандард банка“. Костовски обвини дека парите кои биле повлекувани од неговата Еуростандард банка како кредити без покритие, во најголем дел оделе во фирми од Струмица блиски до поранешниот премиер на државата Зоран Заев. (more…)

Продолжи со читање

Business Man

Андреја Јосифовски го зајакнува својот акционерски капитал во Макпетрол АД Скопје

Објавено

на

Фото: a1on.mk

Макпетрол АД Скопје ја известува јавноста преку соопштение на Македонска берза дека г-н Андреја Јосифовски, Претседател на Управниот одбор, се стекна со 220 обични акции издадени од Макпетрол АД Скопје. (more…)

Продолжи со читање

Популарно