Connect with us

Останато

Како изгледаше огласот за првото вработување во Амазон!?

Објавено

на

Џеф Безос го објавил првиот оглас за вработување за првото работно место во „Amazon“ од август 1994 година и е потполно во согласност со начинот на кој Безос и денес го води своето технолошко царство.

„Го објавив својот прв оглас за работа од пред 25 години, кога се уште немав одлучено дека компанијата ќе се нарекува „Amazon“. Како да беше вчера“, напиша Безос.

Тогашното име на компанијата било „Cadabra“, скратена верзија од магионичарскиот израз „абракадабра“, но истото било променето откако адвокатот на Безос му рекол дека името звучи очајно.

Во огласот се наведува дека бара „исклучително талентирани програмери за помош во зачетокот на интернет трговијата“. И со истите високи стандарди кои Безос денес ги бара, напишал дека кандидатите би требало да бидат во состојба да изградат големи сложени системи „за отприлика една третина од времето за кое повеќето компетентни луѓе сметаат дека е возможно“.

Таа работна етика станала важен принцип во компанијата и му помогнала на Безос да го претвори „Amazon“ во компанија која моментално има пазарна капитализацијa од 866,3 милијарди долари.

Во своето прво писмо до акционерите во 1997 година, Безос внимателното вработување го оценил како „најважниот елемент за успехот на компанијата“.

„Успехот во изминатата година е плод на талентирана, паметна и вредна група и се гордеам што сум дел од овој тим. Поставувањето на високи стандарди во нашиот пристап за вработување беше и ќе биде и понатаму најважниот елемент во успехот на „Amazon”“, гласи неговата изјава, а две децении подоцна, високите стандарди се уште се клучна тема.

Останато

ИОРРМ преку видео конференција успешно организираше електронско изборно собрание

Објавено

на

На 16ти октомври 2020 година се одржа изборното собрание на Институтот на овластени ревизори на Република Македонија (ИОРРМ), за првпат во целосно дигитална форма. Во време на неизвесност и отежнати услови заради пандемијата на COVID-19, ИОРРМ одлучи 27-та седница на Собранието на ИОРРМ да се одржи во форма на видео-конференција, пред се поради заштита на здравјето на членовите и вработените на ИОРРМ.  (more…)

Продолжи со читање

Останато

Што направи виртуелниот експерт Славчо од А1 Македонија за 30 дена?

Објавено

на

Виртуелениот експерт Славчо е чет-бот кој разбира и зборува македонски јазик. Со него можете да комуницирате на кирилица или латиница. Комуникацијата со Славчо е целосно бесплатна, a со него можете да разговарате на веб страницата на А1 Македонија или преку апликациите Viber и . (more…)

Продолжи со читање

Останато

Шпанските банки виновни за “хаосот” во Барселона?

Објавено

на

Фото: AS

Хаосот во Барселона повторно продолжува откако играчите ја отфрлија молбата на раководството за намалување на платите, обелоденија медиумите во Каталонија. (more…)

Продолжи со читање

Популарно