Connect with us

НБРМ

Како изгледаше објектот на Народната банка пред катастрофалниот земјотрес во 1963 година!?

Објавено

на

Објектот во кој работеше централата на Народната банка беше еден од најубавите и најголемите згради во тоа време, лоциран во срцето на градот.

За жал прекрасниот објект на Народната банка беше еден од големиот број објекти, коишто беа жртви на катастрофалниот земјотрес, кој го потресе Скопје, на денешен ден пред точно 57 години.

26 јули 1963 година, 5 часот и 17 минути ќе остане врежан во меморијата на повозрасните генерации, но вечно ќе го паметат и помладите генерации.

Да не се заборави…но, со желба и надеж никогаш повеќе и да не се повтори!

Во продолжение погледнете фотографии од објектот на Народната банка пред да се случи катастрофалниот земјотрес.

НБРМ

Поставеноста на монетарната политика оценета како соодветна на макроекономските услови

Објавено

на

На 15 септември 2020 година се одржа редовна седница на Комитетот за оперативна монетарна политика на Народната банка (КОМП), на којашто беа разгледани движењата на меѓународните и домашните финансиски пазари и показателите за домашната економија во контекст на поставеноста на монетарната политика. (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

Ангеловска-Бежоска: Потребно е да се работи на натамошно јакнење на сајбер-безбедноста на финансискиот сектор

Објавено

на

Во изминативе години, централните банки и другите финансиски регулатори  значајно ги интензивираа напорите за унапредување на сајбер-безбедноста во финансискиот сектор. Но, контекстот што го наметнува ковид-кризата, создава простор за зголемување на нападите од безбедносниот простор, заради што на глобално ниво е потребно да се работи на натамошно јакнење на механизмите за заштита на финансискиот сектор од овој ризик. Ова беше повод и тема на е-состанокот на гувернери на централни банки организиран од Банката за меѓународни порамнувања (БИС), на којшто активно учествуваше и гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска. (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

Средба Ангеловска-Бежоска – Бесими: Финансиската и севкупната макроекономска стабилност се и остануваат заеднички приоритет

Објавено

на

Соработката и континуираната  комуникација помеѓу Народната банка и Министерството за финансии се од исклучително значење за перманентно и соодветно следење на состојбите и движењата во економијата како и за одржување на финансиската и севкупната макроекономска стабилност. Тие се и мора да останат заеднички приоритет на двете институции. Ова се дел од заедничките заклучоци од денешната средба на министерот за финансии, Фатмир Бесими и гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска. (more…)

Продолжи со читање

Популарно