Connect with us

Криптовалути

Како изгледаат крипто-средствата и кои се разликите меѓу крипто-средствата и суверените валути (пари)?

Објавено

на

Крипто-средствата немаат конкретна појава во каков било физички облик, вклучително и како книжни или ковани пари.

Тие се во дигитален формат и во моментот кога ќе се стекнете со крипто-средства, тие се сместени во т.н. дигитален паричник на вашиот компјутер, лаптоп, надворешен мемориски уред и/или паметен телефон и лесно се пренесуваат преку интернет.

Суверените валути се издаваат од страна на централните банки коишто всушност, имаат монопол врз процесот на нивното создавање и се грижат за одржување на нивната вредност. Суверените валути имаат три клучни карактеристики поради коишто можат да се сметаат за „пари“: 1) претставуваат медиум за размена (т.е. се средство за плаќање) најмалку во земјата каде што се издадени, 2) претставуваат единица за пресметка (т.е. мерка за изразување на вредноста) во земјата каде што се издадени и 3) служат како чувар на вредноста на економските агенти (т.е. можат да се чуваат заради штедење).

За разлика од суверените валути, крипто-средствата не се пари бидејќи не ги поседуваат трите клучни карактеристики на парите. Само во некои земји може да се користат како средство за плаќање, односно да поседуваат функција на медиум за размена, но во ограничен обем. Крипто-средствата не ги задоволуваат и останатите две карактеристики што ги имаат суверените валути, т.е. не се единица за пресметка (на пример, не постојат економски агенти коишто ги користат крипто-средствата како пресметковна единица при составувањето на своите финансиски извештаи) и не се чувар на вредност (т.е. пазарната цена на крипто-средствата изразена во некоја суверена валута зависи од понудата и побарувачката на платформите за размена и покажува висока нестабилност во краток временски период).

Криптовалути

Со појавата на новиот сој ОМИКРОН, крипто токенот „Омикрон“ ја зголеми вредноста за над 900%

Објавено

на

Се ближи крајот на 2021 година и веќе сè е токенизирано, односно криптовалутите се веќе секојдневие. Но, по големиот раст од неодамна, крипто пазарите и генерално криптовалутите паднаа минатата недела по веста за новата варијанта на коронавирусот Омикрон. (more…)

Продолжи со читање

Криптовалути

“BITCOIN CITY” – Ел Салвадор сака да стане финансиски центар на светот!?

Објавено

на

Ел Салвадор планира да го изгради првиот „Биткоин град“ во светот, првично финансиран од обврзници поддржани од биткоини, најави претседателот на државата, Најиб Букеле. (more…)

Продолжи со читање

Криптовалути

БАЛКАНОТ ПОЛУДЕ ПО КРИПТОВАЛУТИ – Побарувачката зголемена седумкратно, а вложуваат економисти, банкари, пензионери…

Објавено

на

Не само што светот полуде по биткоини и останати криптовалути туку и криптовалути почнаа масовно да се купуваат на Балканот, иако до неодамна дигиталните криптовалути беа табу тема. До пред само неколку месеци повеќето Балканци со незадоволство и неверување гледаа на овој „виртуелен свет“, а во моментов со криптовалути на големо се тргува и заработува. И тоа буквално сите тргуваат со криптовалути од економисти и банкари, до лекари, музичари, луѓе без работа, пензионери итн… (more…)

Продолжи со читање


Популарно