Connect with us

Криптовалути

Како да ја изберам вистинската криптовалута?

Објавено

на

Комбинацијата на економијата и технологијата доведе до една од најпопуларните онлајн содржини на интернет – Биткоин. Речиси не постои човек што не слушнал за оваа дигитална валута, особено откако вредностa почна да расте ( a создадена во 2009 година). Сепак, мал број луѓе знаат дека има над илјада други криптовалути.

Кои се најпопуларните и (можеби) во иднина најпрофитабилните и како да се добијат?

Според Европската централна банка во  Virtual currency schemes – a further analysis се вели дека овој тип на електронски пари е всушност дигитален приказ на вредност која не е издадена од банка, кредитна институција или институција за е-пари, и која (во одредени случаи) може да се користи како алтернатива на стандардните форми на пари.

Заедницата Fintech, оптимистички очекува оваа алтернатива да стане mainstream во иднина и целосно да ги замени физичките пари.

BTC, ETC, DASH, XRP, LTC, XRP. Што значат и за што служат?

Покрај Bitcoin (BTC) (чија вредност во голема мера флуктуира, и неколку пати во текот на минатата годинa достигнувa рекордно висока вредност), еден од најдоминантните дигитални валути е Ether (ETC), валута на софтверската платформа Ethereum која беше создадена пред 3 години од Vitalik Buterin ( така што го победи Цукерберг, а во 2014 година ја доби наградата во областа на ИТ софтвер). Овозможува реализација на peer to peer паметни договори. Со помош на нив на безбеден начин се врши трансфер на пари, имот или било која друга вредност, без потреба за посредници, секоја трансакција е снимена и не може да се промени.

Dash, дигитална валута која ,,за разлика од Bitcoin овозможува моментално трансакции, а нивната цена е само неколку центи”. Во прилог на обезбедување на брзи, лесени и безбедни трансакции, целта на Dash е констатно да работи на проекти за унапредување на стабилноста и функционалноста на валутата. За таа цел во јуни 2018 година, се очекува лансирањето на проектот Dash Evolution кој ќе ја ,,претставува надградбата на постојните системи за плаќање како PayPal, но преку blockchain и мрежа на Dash”.

Ripple (XRP) творец на истоимената компанија. Неговата цел е, како што објави компанијата од Сан Франциско “да обезбеди глобални финансиски трансакции од било која големина и без враќање, веднаш и речиси бесплатно.” Ова е една од валутите што доживеа највисок раст во текот на годината и нејзината вредност во првата половина од 2017 година се зголеми за 3.977%.

Litecoin создадена од страна на поранешен инженер на Google. Важи за прв следбеник на Bitcoin, и создадена е со цел да ги поправи недостатоците на Bitcoin.  Litecoin е побезбеден од Bitcoin и поради нејзиниот раст на вредноста се смета за добра инвестиција.

Monero (XMR) создадена во 2014 година, кој за разлика од другите тежи на целосна приватност и анонимност на трансакции, и тоа е причината зошто нема пристап до детали за размена ( кој ја испратил валутата, кој ја добил, итн.). Нејзината приспособливост ја прави повеќе непроценлива инвестициска опција и нејзината вредност продолжува да расте.

 

Криптовалути

„Coinbase“ се сели во Даблин порди Brexit

Објавено

на

„Coinbase“, една од најголемите американски платформи за размена на криптовалути, го проширува европското присуство, отворајќи канцеларија во Даблин, бидејќи неизвесноста околу „Brexit“ продолжува да ги принудува компаниите да создаваат планови со кои ќе ги заштитат нивните бизниси при непредвидени околности. (more…)

Продолжи со читање

Криптовалути

Влијанието на вештачката интелигенција врз криптовалутите

Објавено

на

Неодамна, компанијата IBM започна со истражување на тема криптовалути и блокчејн технолофија, што јасно зборува за важноста која една од водечките светски компании им придава на оваа тема. Познат е систем на вештачката интелигенција развиен од IBM под името Watson и кој имал своја примена во различни области. (more…)

Продолжи со читање

Криптовалути

Роналдињо лансира сопствена криптовалута

Објавено

на

Роналдињо – започнува амбициозен нов проект за криптовалентност чија цел е да се формира фудбалска академија, домаќин на аматерски натпревари и натпревари за светски лиги низ целиот свет, да се развие и да работи платформа за обложување и пазар, и да се развијат дигитални VR стадиони кои ќе ги анализираат вештините на играчите и ќе соберат блокчеин база на податоци со која ќе се креираат нови тимови. (more…)

Продолжи со читање
P2_P_MK_300x250

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange