Connect with us

Лични финансии

Како да ја започнам финансиската организираност?

Објавено

на

За да го добиете она што го сакате од животот, треба да поставите неколку цели. Но, тоа може да биде тешко да се направи кога не сте сигурни каде одат сите ваши пари или колку имате. Финансиското организирање може да донесе јасност во вашата парична ситуација за да може да развиете остварливи цели кои имаат смисла за вашиот живот.

Но, од каде започнувате? Од добрите стари молив и  хартија до облак-базирани платформи кои ги следат сите ваши сметки, нема недостаток на опции за секој кој сака да ја добие неговата или нејзината финансиска организираност. Добрата вест е дека не мора да потрошите денар за да започнете со организирање.

Тоа е затоа што сето тоа се сведува на тоа дали разбирате два едноставни извештаи и не треба да бидете сметководител за да ги разберете.

Личен биланс на состојба.

Личниот биланс на состојба обезбедува слика на вашата нето вредност. Таа обезбедува едноставна рамка за да разберете што е вашата нето вредност и разликата помеѓу вашите средства и обврски.

Средства – Обврски = Нето вредност

Средствата се ставки што ги поседувате, како што се вашиот дом, инвестиции и готовина што ги имате на вашата банкарска сметка. Сè што го поседувате е направено во еден број.

Вашите обврски претставуваат се што должите како вашите хипотеки, салда на кредитни картички и кредити. Кога ќе ги одземете обврските од средствата ќе ја добиете вашата нето вредност.

Готовински тек.

Знаењето на вашиот биланс на состојба е важно, но тоа е само половина од равенката и не може да се гледа самостојно. Време е да започнете со испитување на вашиот готовински тек.

Паричниот тек претставува разлика помеѓу вашиот приход и вашите трошоци, обично мерени на месечна основа.

Приходи – Расходи = Паричен тек

Паричните текови мерат каква е нашата финансиска состојба во текот на еден одреден период на време, додека билансот на состојба е еднократен слика која покажува акумулација на животна заштеда, инвестирање и трошење.

Веројатно, најефективното нешто што можете да направите за да го осигурите вашиот финансиски успех е да живеете во рамките на вашите средства и да потрошите помалку од она што го заработувате. Ова е сосема логично, но во денешниот свет често е тешко да се направи.

Лични финансии

Како да купите стан за 3 години, едноставно преку заштеда од плата!

Објавено

на

Чери Хови во една група на Фејсбук го споделила својот план за штедење, што и овозможил за само три години да заштеди доволно за купување на стан. Нејзиниот начин на организација на платата би можел да ви послужи како многу добар пример. (more…)

Продолжи со читање

Лични финансии

3 бизнис асоцијации против прогресивното оданочување на персонален доход

Објавено

на

По најавите на Владата дека планира да воведе прогресивно оданочување на персоналниот доход Американска стопанска комора во Македонија, Стопанска комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ и Македонија 2025, кои ги претставуваат ставовите и мислењата на повеќе од 200 од најголемите и најиновативни компании во Македонија, направиле истражување помеѓу компаниите и доставиле формално мислење до Министерството за финансии.

“Предложените мерки нема да го постигнат посакуваниот ефект на подобрување на социјалната еднаквост, но ќе ја намалат продуктивноста, вработливоста и развојот на квалификации, мерки ќе ја намалат даночната послушност и ќе ја зголемат сивата економија и ќе имаат негативен ефект врз растот и развојот на македонската економија”, пишува во заедничкото соопштение на овие три бизнис асоцијации.
Според добиените мислења од компании за ефектите од прогресивното оданочување, тие сметаме дека ова не е погоден момент за воведување на прогресивно оданочување на личниот доход, особено не во формата која што неофицијално беше имплицирана.

Во прилог Ви го пренесуваме целосното соопштение:

1.Предложените мерки нема да го постигнат посакуваниот ефект на подобрување на социјалната еднаквост, но ќе ја намалат продуктивноста, вработливоста и развојот на квалификации:Нејасно е како ќе се распределат дополнителните средства собрани со зголемувањето на данокот на персонален доход – дали директно ќе се искористат за подобрување на социјалната нееднаквост или средствата ќе се користат за генерални расходи? Доколку се користат за генерални расходи, ефектот ќе се поништи бидејќи од истиот буџет субвенционира приватниот сектор. Доколку се користат директно за подобрување на социјалната нееднаквост и, како што најави Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, се искористат за да се покачи износот на социјалната помош до 12.000 денари за четиричлено семејство, тогаш таквата мерка ќе доведе до зголемување на невработеноста. Доколку социјалната помош се изедначи со износот на минималната плата, работоспособните лица кои примаат минимална плата ќе преферираат да не работат и да земаат социјална помош отколку да работат за минимална плата, со што дополнително ќе се оптовари буџетот.

-Намалување на продуктивноста и вработливоста – доколку се пенализираат оние делови од населението кои напорно работат кон напредување и повисоки приходи, а се наградуваат оние кои не се трудат, ќе се намали продуктивноста.

-Дестимулирање на развојот на висококвалификувани кадри – зголемувањето на данокот на личен доход најмногу ќе ги погоди оние кои вложувале во сопствениот професионален развој и ќе испрати порака дека квалификуваноста е неисплатлива, со што ќе се отстрани стимулот за развој на способности и квалификации.

2. Предложените мерки ќе ја намалат даночната послушност и и ќе ја зголемат сивата економија:
-Зголемување на даночното затајување
 – во контекст во кој населението нема доверба во институциите на системот и има низок степен на задоволство кај обврзниците за начинот на кој прибраните средства се користат, зголемувањето на даноците ќе доведе до изнаоѓање дополнителни и креативни начини за даночна евазија (пријавување на само дел од доходот наместо полниот износ, исплаќање на доходот на сметки во други земји, Payoneer картички).

Намалување на бројот на даночни обврзници, отежнато прибирање на даноците, и зголемување на трошоците и комплексноста на прибирање даноци – воведувањето на прогресивен данок на личен доход ќе доведе до зголемување на неформалното вработување, со што ќе се намали бројот на даночни обврзници. Тенденцијата да се избегнат зголемените даночни обврски ќе го отежни прибирањето на даноците, а покомплексната формула и потребата за поголема контрола на почитувањето на законските обврски, ќе ги зголемат трошоците на Управата за јавни приходи.

3. Предложените мерки ќе имаат негативен ефект врз растот и развојот на македонската економија:

-Одлив на капитал и намалени инвестиции – менување на даночните регулативи го комплицира работењето на компаниите во приватниот сектор поради неможноста да се планираат трошоците и ќе доведе до несигурност и кај домашните компании и кај странските инвеститори. Таа несигурност ќе доведе до намалени инвестиции и потенцијално до одлив на капиталот во земји со поповолен даночен режим и поголема предвидливост во работењето на приватниот сектор.

Одлив на мозоци – воведувањето на прогресивен данок ги таргетира висококвалификуваните и професионални кадри кои веќе се дефицитарни во Македонија. Во Република Македонија се исплаќа бруто плата и не постои механизам кој ќе ги обврзе компаниите да ја зголемат бруто платата за нето платата да остане иста по зголемување на придонесите. Многу е веројатно зголемениот даночен товар да падне врз грбот на вработените наместо на работодавачите. Тоа ќе доведе до одлив на квалификуваните кадри во земји со поповолна даночна клима. Овие кадри се исто така и најголемите потрошувачи и со нивното заминување ќе се намали економскиот раст

-Дестимулација на иновативните “смарт” индустрии кои генерираат најголеми приходи и се двигатели на економијата – иновативните и брзорастечки компании, особено во ИКТ секторот, ќе бидат особено погодени од зголемените даночни обврски бидејќи тоа се индустриите во кои доходите се највисоки. Дополнително, овие индустрии не ги исполнуваат условите за владините мерки за развој што води до двојно пенализирање на овој сектор- носител на економски раст.

АмЧам, МАСИТ и Македонија2025, како и останатите бизнис асоцијации – претставници на приватниот сектор, имаат ресурси, експертиза, и капацитет да го поддржат Министерството за финансии во изготвување на сеопфатна даночна стратегија и реформа која во исто време ќе придонесе кон зголемување на бројот на даночните обврзници, подобрено собирање на даноците, правична распределба на средствата и зголемена социјална еднаквост без негативно да влијае врз севкупната економија и нејзиниот раст.
Се надеваме дека ќе ја прифатите нашата поддршка и дека заеднички ќе формулираме решение кое ќе биде прифатливо за сите сфери на општеството.”

Продолжи со читање

Лични финансии

На што ја трошиме платата?

Објавено

на

Парите што влегуваат во домаќинствата најчесто се од плата или пензија, а освен за храна, комуналии и домување, граѓаните се повеќе пари трошат на отплата на кредитите. Според најновите податоци кои се однесуваат за 2017 година, секое домаќинство троши за кредитни рати, дури 4% од вкупните месечни примања, во просек. Овој процент расте од година в година што упатува секако на зголемената задолженост на македонските домаќинства.

Податоците од Државниот завод за статстика кои ги обработи и Народната банка во најновиот извештај покажуваат дека ако се анализираат приливите, расположливите парични средства на домаќинствата во најголем дел се однесуваат на редовни и повремени примања од работен однос и старосни, инвалидски и семејни пензии. Значително помал дел зафаќаат примањата од постојани или повремени хонорарни активности и нетопримањата од земјоделството.

Инаку соодносот помеѓу употребените и расположливите пари на домаќинствата во 2017 година е речиси непроменет и веќе втора последователна година искористените не ги апсорбираат во целост расположливите парични средства, што создава простор за остварување повисоки заштеди.

 

Продолжи со читање
P2_P_MK_300x250
[ccpw id="39761"]

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange