Connect with us

Лични финансии

Како да ја започнам финансиската организираност?

Објавено

на

За да го добиете она што го сакате од животот, треба да поставите неколку цели. Но, тоа може да биде тешко да се направи кога не сте сигурни каде одат сите ваши пари или колку пари имате на располагање. Финансиското организирање може да донесе јасност во вашата парична ситуација за да може да развиете остварливи цели кои имаат смисла за вашиот живот.

Но, од каде да започнете? Започнете од старите добри молив и хартија, а продолжете се до облак-базирани платформи кои ги следат сите ваши сметки и ви укажуваат на сите ваши грешки со што ја подобруваат вашата финансиска организираност. Добра вест е дека за да започнете со финансиската организираност и користењето на овие софистицирани платфори, не мора да потрошите ниту еден денар, бидејќи речиси сите се бесплатни и достапни за користење.

Најбитно од се, кај овие апликации се да ги разберете двата најосновни финансиски извештаи. Не треба да сте сметководител или некој финансиски експерт за да ги разберете, тие се толку едноставни, што се разбирливи за сите.

Станува збор за билансот на состојба и билансот на готовински тек.

Личен биланс на состојба

Личниот биланс на состојба обезбедува слика на вашата нето вредност. Таа обезбедува едноставна рамка за да разберете што е вашата нето вредност и разликата помеѓу вашите средства и обврски.

Средства – Обврски = Нето вредност

Средствата се ставки што ги поседувате, како што се вашиот дом, инвестициите и готовината што ги имате на вашата банкарска сметка. Сè она што го поседувате е наведено во еден број односно во колоната на средства.

Вашите обврски претставуваат се што должите како вашите хипотеки, салда на кредитни картички и кредити. Кога ќе ги одземете обврските од средствата ќе ја добиете вашата нето вредност.

Готовински тек

Знаењето на вашиот биланс на состојба е важно, но тоа е само половина од равенката и не може да се гледа самостојно. Време е да започнете со испитување на вашиот готовински тек.

Паричниот тек претставува разлика помеѓу вашите приходи и вашите расходи, обично мерени на месечна основа.

Приходи – Расходи = Паричен тек

Паричните текови мерат каква е нашата финансиска состојба во текот на еден одреден период на време, додека билансот на состојба е еднократна слика која покажува акумулација на животна заштеда, инвестирање и трошење.

Веројатно, најефективното нешто што можете да направите за да го осигурите вашиот финансиски успех е да живеете во рамките на вашите средства и да потрошите помалку од она што го заработувате. Ова е сосема логично, но во денешниот свет често е тешко да се направи. Сепак, со малку труд и посветеност, се е возможно, а финансиска сигурност и организираност е најубавиот подарок кој можете да си го подарите самите на себе.

Лични финансии

Како да заштедиме пари додека патуваме во Европа?

Објавено

на

Секогаш кога патуваме се прашуваме дали сме го организирале патувањето така што цело време ќе се чувствуваме удобно, без да потрошиме цело богатство. (more…)

Продолжи со читање

Лични финансии

Бизнис бар: Корисни совети за оптимизирање на повиците за акција преку е-пошта

Објавено

на

Без оглед на видот на е-поштата, главната цел на секој повик за акција е да ги охрабри луѓето да преземат акција. (more…)

Продолжи со читање

Лични финансии

Бизнис бар: Што е лидер?

Објавено

на

Тоа е толку едноставно прашање, но сепак продолжува да ги збунува дури и некои од најдобрите мислители во бизнисот. Има доста книги за лидерството, но сепак е тешко да се застане за да се дефинира. (more…)

Продолжи со читање

Популарно